Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
2Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
3Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
Веб ТВМВР и МОН стартуваат со нов проект за превенција од семејно и врсничко насилствоСемејното и врсничкото насилство земаат замав. За само една година бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 67 проценти, а во пораст е и насилството меѓу учениците. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени. Следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
МакедонијаСиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтотМакедонија е кредибилен партнер на НАТО и очекувам да се надмине лавиринтот на патот кон Европската унија – порача претседателката гордана Сиљановска Давкова која откри и дека имала средба со бугарскиот претседател Румен Радев. Шефот на дипломатијата Муцунски пак, од НАТО самитот во анкара информираше за билатералните средби, додека министерот за одбрана Мисајловски побара пораките од НАТО да бидат и за ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУКолку повеќе доверба имате толку полесно ќе напредувате во европскиот пристапен процес – порача еврокомесарката за проширување Марта Кос од денешната посета на Скопје. За тоа како ќе се гради довербата со соседна Бугарија, според Кос нема готов рецепт, но повтори дека уставните измени остануваат услов за Македонија и посочи дека ЕУ не може да даде гаранции за понатамошниот тек на македонскиот евроинтегративен пат. За премиерот Христијан Мицкоски пак, секое трајно решение мора да подразбира заштита на националното достоинство. - Усвојувањето на договоренит уставни измени останува неопходниот следен чекор за формално започнување на пристапните преговори и затоа уште еднаш ја охрабрувам Владата да го започне процесот кој што наскоро може да донесе измени во Уставот. // Проширувањето на ЕУ не е изградено на гаранции кои се даваат однапред туку се гради врз доверба, обврски, посветеност, нивно исполнување и работа. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување -Очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности, на исполнување на реформските обврски а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани. - Христијан Мицкоски, претседател на Влада Кос високо го оцени исполнувањето на реформската агенда во Македонија, и не стави во првите три земји од регионот според реформскиот напредок, што значи дека за нас ќе бидат издвоени дополнителни средства од Планот за раст. Премиерот Мицкоски пак оцени дека за преостанатиот реформски чекор од јунскиот грејс период со финансиска вредност од 4,2 милиони евра, односно Изборниот законик, како што вели,во Собранието се вежба политичка гимнастика. -Охрабрени сме и навистина среќни во Брисел што С.Македонија навистина направи еден ваков скок на првите позиции кога станува збор за спроведувањето на реформите од Планот за раст. // Иако во моментов С.Македонија не може да оди напред во пристапниот процес, тоа не значи дека вие или ние не испорачуваме. Вие испорачувате многу во реформската агенда. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување -Се беше договорено, се беше завршено додека тој предлог не требаше да дојде во Парламент. И тогаш се појави втората политичка партија – СДСМ која рече дека па ако тие така се однесуваат и ние така ќе се однесуваме и најдоа причина зошто тоа да биде така. И едните и другите на отворена сцена од ова се обидуваат да направат естрада. - Христијан Мицкоски, претседател на Влада Еврокомесарката Кос и порача на државава дека за нас има место како полноправна членка на ЕУ и дека Брисел се надева да ја види Македонија меѓу следните потенцијални членки до 2028-та година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42