Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање
1Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање
3Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова лично им го честиташе успехот на кадетите и кадетките на Светското ракометно училишно првенство
МакедонијаМВР: Еве што спаѓа во зимска опрема која е задолжителна од 15 ноември до 15 мартМВР, во интерес на навременото информирање на учесниците во сообраќајот, потенцира дека согласно пропишаните норми униформираните полициски службеници ќе наредат на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 404, став1), од утре (15.11) ќе започне примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година. Во таа насока, истовремено, МВР информира дека со членот 11 од -“Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи“ („Службен весник на РМ“ бр. 31/10), прецизно е наведена зимската опрема по категоризација на возила, што возачите мораат да ја поседуваат во своите возила во наведениот период. Имено, во правилникот по однос на потребната зимска опрема прецизирано е следното: 1. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира: - зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 mm. - пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. Потоа, (2.) како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4 ) се подразбира: - зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 mm. - пневматици со летен профил на сите тркала, со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm. Ако во возилото во приборот има синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. 3. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира: - зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите што газат по обем и широчина, од 6 mm. - пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. - автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и - прирачен алат – лопата. 4. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. 5. Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци. МВР, во интерес на навременото информирање на учесниците во сообраќајот, потенцира дека согласно пропишаните норми униформираните полициски службеници ќе наредат на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, согласно законските одредби униформираните полициски службеници може да наредат возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема. Притоа, граѓаните треба да имаат предвид дека глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од членот 404 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Затоа, а во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, МВР уште еднаш апелира до граѓаните да се придржуваат до пропишаните законски обврски - извести МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Нова провокација од Кајли ЏенерМладата членка на кланот Кардашијан - Џенер, атрактивната бизнисменка Кајли Џенер не престанува да ја рекламира својата нова колекција, и секој пат тоа го прави со се по провокативни фотки и изданија.Риалити убавицата реши ова лето да се посвети само на себе си. Таа веќе неколку пати воодушеви со модели од својата нова колекција, особено кога станува збор за бикини, а сега претстави и фустани и летни комплети. Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПод мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска ВМРО-ДМПНЕвечерва во Струмца го одбележува својот 36 роденден. На свеченоста по повод основањето на партијата пред членството и присутните гости се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицевски: Владата е проевропска, ама и ги штити македонските национални интересиНикола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5 телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5 телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок во спроведувањето на реформите, особено во областa на дигиталната трансформација, образованието и енергетскиот пазар. Според него, позитивните оценки од Европската комисија и Европскиот совет, како и добиените средства од планот за раст, се потврда за успешноста на реформските процеси во земјата. „Македонија напредува во изминатиот период во повеќе области, oна за што можам директно да кажам и што е видливо е делот на Реформската агенда, односно законите и областите коишто произлегуваат од планот за раст. Македонија напредува во делот на дигиталната трансформација, во делот на образованието, во делот на енергетскиот пазар, во делот на дигитализацијата, што е видливо и од извештаите кои што ги добиваме од Европската комисија и од претседателот на Европскиот совет којшто рече дека Македонија бележи опипливи резултати. Македонија на последната поделба на одредени средства доби 65,7 милиони евра, повеќе од сите во околината, кој што се средства да кажеме како лидери во областа на реформите од планот за раст“, рече Мицевски. Мицевски посочи дека Владата останува цврсто определена на европскиот пат и спроведува реформи што се бараат од Европската комисија, но истовремено внимателно ги штити македонските национални и државни интереси. Тој нагласи дека, по искуствата од минатото и неисполнетите ветувања по направените уставни измени, земјата нема да избрзува со нови чекори без јасни гаранции и видлив напредок на патот кон Европската Унија. „Македонија ја води проевропска Влада, Влада којашто работи на измените, односно на реформите коишто Европската комисија ги бара, меѓутоа, Македонија во моментов има Влада којашто се грижи за македонските национални и државни интереси. Поучени од минатото коешто го имавме, направени уставни измени со промена на уставно име, а не испорачани резултати коишто беа ветувани, сега разговараме, меѓутоа внимателно со цел да добиеме некој видлив патоказ, којшто ќе ни даде за право да веруваме доколку дојде до одредени измени. Не брзаме, не сме наивни, меѓутоа работиме на Реформската агенда и реформскиот пат, затоа што тоа е иднината на оваа држава“, дециден е Мицевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook