Мицевски: Владата е проевропска, ама и ги штити македонските национални интереси - Канал 5

Мицевски: Владата е проевропска, ама и ги штити македонските национални интереси

Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5 телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок 

Мицевски: Владата е проевропска, ама и ги штити македонските национални интереси

Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5 телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок во спроведувањето на реформите, особено во областa на дигиталната трансформација, образованието и енергетскиот пазар. Според него, позитивните оценки од Европската комисија и Европскиот совет, како и добиените средства од планот за раст, се потврда за успешноста на реформските процеси во земјата.

„Македонија напредува во изминатиот период во повеќе области, oна за што можам директно да кажам и што е видливо е делот на Реформската агенда, односно законите и областите коишто произлегуваат од планот за раст. Македонија напредува во делот на дигиталната трансформација, во делот на образованието, во делот на енергетскиот пазар, во делот на дигитализацијата, што е видливо и од извештаите кои што ги добиваме од Европската комисија и од претседателот на Европскиот совет којшто рече дека Македонија бележи опипливи резултати. Македонија на последната поделба на одредени средства доби 65,7 милиони евра, повеќе од сите во околината, кој што се средства да кажеме како лидери во областа на реформите од планот за раст“, рече Мицевски.

Мицевски посочи дека Владата останува цврсто определена на европскиот пат и спроведува реформи што се бараат од Европската комисија, но истовремено внимателно ги штити македонските национални и државни интереси. Тој нагласи дека, по искуствата од минатото и неисполнетите ветувања по направените уставни измени, земјата нема да избрзува со нови чекори без јасни гаранции и видлив напредок на патот кон Европската Унија.

„Македонија ја води проевропска Влада, Влада којашто работи на измените, односно на реформите коишто Европската комисија ги бара, меѓутоа, Македонија во моментов има Влада којашто се грижи за македонските национални и државни интереси. Поучени од минатото коешто го имавме, направени уставни измени со промена на уставно име, а не испорачани резултати коишто беа ветувани, сега разговараме, меѓутоа внимателно со цел да добиеме некој видлив патоказ, којшто ќе ни даде за право да веруваме доколку дојде до одредени измени. Не брзаме, не сме наивни, меѓутоа работиме на Реформската агенда и реформскиот пат, затоа што тоа е иднината на оваа држава“, дециден е Мицевски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер