МВР: До 12 часот 39 отсто помалку настани за нарушување на изборниот процес

​ Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми.

До 12.00 часот, денеска, има за 39 проценти вкупно намалување на бројот на настани во споредба со изборите во јули 2020 година.

Покрај настаните за кои претходно информираше МВР, регистрирано е дека во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено оти бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица во дворот на основното училиште „Лирија" во гостиварското село Рачане, а во кој објект било сместено избирачкото место број 528. Од МВР информриаа дека двете лица се идентификувани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– По добиена пријава дека непознати лица со две патнички возила вршат изборен поткуп во Топанско Поле и Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари на ул.„Х.Ј.Шишков" извршиле преглед на патничко возило „форд", управувано од И.Х.(45). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 11.55 часот во СВР Скопје, Д.З. пријавил дека во основно училиште во Добри Дол, општина Сопиште, О.Ц. и С.Н. позади училиштето агитирале и вршеле притисок врз гласачите. Според пријавеното, претходно О.Ц. била отстранета од местото од полицискиот службеник кој го обезбедува гласачкото место. Се работи на расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

Во СВР Скопје, Љ.Ј. пријавила дека на избирачко место основното училиште „Гоце Делчев", Љ.А. стои на гласачкото место и врши притисок врз гласачите. Полициски службеници, се наведува во соопштението, излегле на местото и Љ.А. е повикан во полициска станица за расчистување на случајот.

Во ОВР Кочани, член на избирачкиот одбор од гласачко место бр.0883 во село Теранци, општина Чешиново-Облешево, пријавил дека на гласачко место дошол Г.К. и со лажни документи се претставувал дека е претставник од Државната изборна комисија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во 12.05 часот во ОВР Кавадарци, претседател на избирачки одбор на избирачко место 0661 во основното училиште „Киро Спанџов" во Кавадарци пријавил дека едно лице со телефон ја снимало просторијата каде се врши гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Околу 11 часот во СВР Куманово, М.П. пријавил дека во близина на избирачки места на ул.„Панче Пешев", на градскиот плоштад во Куманово и на ул.„Тоде Мендол" имало отворен штаб на политичка партија со залепени плакати на кандидат за градоначалник, поставен билборд и залепени плакати од политички партии. Се работи на расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Во СВР Скопје, претседател на избирачкиот одбор на гласачкото место 2801 пријавил дека на гласачкото место Д.С. кај себе имал повеќе летоци од различни политички партии. Д.С. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

– Во 10.50 часот во Полициското одделение Зајас – СВР Охрид, претседател на избирачки одбор на избирачко место бр.0823 во с.Букојчани пријавил дека лице што гласало го фотографирало гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер