Музичка вечер со женскиот хор „Менада" на „Охридско лето" - Канал 5

Музичка вечер со женскиот хор „Менада" на „Охридско лето"

 Прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија" вечер во рамки на „Охридско лето" ќе биде исполнета со арии во изведба на женскиот хор „Менада" од Тетово.

Музичка вечер со женскиот хор „Менада" на „Охридско лето"

Хорот „Менада' е основан во 1981 година и сите овие години е предводен од маестро Ивица Зориќ. На репертоарот на хорот редовно се застапени композиции од најразлични епохи и стилови од македонската и светската хорска а-капела и вокално-инструментална музика.

Хорот е добитник на многубројни награди и признанија во земјава, поранешна Југославија и Европа, меѓу кои награди на натпреварите во Добрич, Цеље, Литомишл, Бад Ишл, Превеза, Нерпелт, Краков и Римини. За квалитетот на хорот сведочат бројните настапи на фестивали, конкурси и концертни турнеи во: Чешка, Полска, Шпанија, Шведска, Холандија, Данска, Португалија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Албанија, Романија, Бугарија, Турција, Германија, Грција, Словенија, Австрија, Белгија, Косово...

Диригентот Ивица дипломира, магистрира и докторира на ФМУ во Скопје, како прв доктор од областа на интерпретација во нашата земја. Во 1977 година го основа детскиот хор „Лале", а во 1981 година го основа и женскиот младински хор „Менада" во Тетово. На репертоарот со хоровите со кои работи поставил повеќе од 500 композиции од различни стилови и епохи на 18 јазици. Во македонската и меѓународната културна јавност познат е пред сè како реномиран хорски диригент. Со хоровите „Лале" и „Менада" има остварено повеќе од 1000 настапи во земјава и странство. Како диригент со хоровите настапувал на фестивали, концертни турнеи и конкурси во 17 земји каде освојува бројни награди и признанија вклучувајќи ја и наградата за најуспешен диригент на фестивалот во Хајновка (Полска) во 1999 година.

Ивица Зориќ е претседател на управниот одбор на Меѓународниот хорски фестивал „ТЕХО". Иницијатор е и основач на Балканскиот хорски форум во Тетово во 1998 година во кој членуваат претставници од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Романија. Член е на Европската хорска асоцијација со седиште во Белгија како претставник на Македонија во музичкиот комитет. Во 1979 година ја добива „19 Ноемвриската" награда на Тетово, во 1982 година наградата „Кирил Пејчиновиќ", во 2005 највисоката државна награда „11 Октомври" и во 2007 година наградата на Здружението на музички педагози за повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија.

Почетокот на концертот е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. 

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра.

Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика.

Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер дека не сака да ја заврши војната. Тој истакна дека Украина, во просек, губи од 25.000 до 35.000 војници секој месец.

Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си Џинпинг

Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник од Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“, соопштија од Кремљ.

Украинскиот преговарачки тим добил сигнал од американската страна за подготвеност за одржување средба, а разговорите би можеле да се одржат во вторник или среда, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Во меѓувреме, американскиот претседател повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне. Тој сугерираше дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина.

„Овој конфликт можеше да биде решен уште одамна. Да ме беше послушал – се сеќавате ли како беше во Овалната соба? Ова можеше да се реши уште пред многу време. Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг, а не Зеленски, за мировните преговори“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа.

Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина: „Искрено кажано, Русија се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо што би било надвор од вообичаеното“.

Тој најави дека е отворен за разгледување на можноста за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, јас би учествувал“, рече Трамп.

Папата Лав XIV го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош и евакуација на цивили од Олешки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер