Мустафа: На Косово ќе му треба многу време за да ја врати довербата на САД и ЕУ - Канал 5

Мустафа: На Косово ќе му треба многу време за да ја врати довербата на САД и ЕУ

 Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа смета дека Косово, предводено од актуелниот претседател на Владата, Албин Курти, „треба да го смени односот кон самото себе, па дури потоа да очекува другите да го сменат односот кон него“.

Мустафа: На Косово ќе му треба многу време за да ја врати довербата на САД и ЕУ

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа смета дека Косово, предводено од актуелниот претседател на Владата, Албин Курти, „треба да го смени односот кон самото себе, па дури потоа да очекува другите да го сменат односот кон него“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мустафа вели дека е скептичен оти писмото кое неколку десетици западноевропски политичари деновиве го упатија до САД, Европската унија и Велика Британија, со барање за заострување на односот кон српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со неговото однесување кон Косово, ќе го смени ставот на меѓународната заедница кон владата на Курти.

Како што пренесоа деновиве косовските медиуми, писмото до шефовите на дипломатиите на САД, ЕУ и Велика Британија, со барање за запазување и јакнење на врските со Косово, го потпишале десетмина претседатели на комисии за надворешна политика и повеќе од 50 пратеници во парламентите во Западна Европа.

Поранешниот косовски премиер вели дека до промена на лошо во односот на сојузниците кон Косово дошло поради погрешните политики на Владата на Курти и на претседателката на Косово, Вјоса Османи.

- Косово треба да го смени односот кон самото себе, па дури потоа да очекува другите да го сменат односот кон него. Ова раководство предизвика неговите грешки, игнорирањето на меѓународните партнери и популизмот да се забележат и да се осудат повеќе одошто воинствените, дестабилизирачки и деструктивни политики на Србија. А, Србија е таа што заслужува да се санкционира, изјави Мустафа за порталот „Газета блиц“.

Според поранешниот лидер на сега опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), на Косово ќе му треба многу време за да ја врати изгубената доверба кај сојузниците, додека иднината на земјата ќе биде полоша од времето пред премиерот Курти и претседателката Османи да дојдат на власт.

- Се плашам дека на Косово ќе му треба многу време за да ја врати изгубената доверба кај САД и ЕУ. Оваа влада ќе ги прифати и ќе ги исполни сите американски и европски барања, но Косово ќе биде полошо одошто беше пред доаѓањето на власт на Албин и Вјоса, изјави Мустафа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

20 лица се уапсени викендов поради трговија со дрога

Task Force и викендов активно против недозволената трговија со дрога: 20 лица лишени од слобода.

20 лица се уапсени викендов поради трговија со дрога

Од 2 до 4 октомври 2026 година, припадниците на Министерството за внатрешни работи, преку координирани активности на Работниот тим – Task Force, постапуваа во 13 случаи поврзани со недозволена трговија со дрога, на подрачјето на повеќе Сектори за внатрешни работи и Регионални центри за гранични работи.

Во рамки на преземените активности извршени се повеќе прегледи и претреси на лица, возила, домови и други простории, при што е запленета поголема количина наркотична дрога, а 20 лица се лишени од слобода, меѓу кои и двајца странски државјани – од Полска и Чешка.

Во текот на викендот, на подрачјето на СВР Струмица во еден од случаите полициските службеници пронашле и одзеле 59 стебла марихуана со вкупна тежина од околу 680 килограми, додека во друг случај пронајден е и одземен голем патнички куфер полн со марихуана. На подрачјето на СВР Скопје, при претреси на три локации што ги користело едно лице, одземени се осум кеси со околу 800 грама марихуана, при што лицето е лишено од слобода.

На подрачјето на СВР Велес, при претрес на дом и преглед на лице, одземени се 29 помали кеси со вкупно 15 грама кокаин, 14 грама кафеавкаста материја и околу 5.000 евра. Во рамки на активностите на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, извршени се претреси на четири локации, при што две лица се лишени од слобода, а пронајдени и одземени се околу 200 грама кокаин, 505 милилитри масло од хашиш и 4,58 грама марихуана.

За преземените активности ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Ова се конкретни резултати од координираната работа на полициските службеници на терен и продолжение на засиленото постапување против лицата и криминалните структури инволвирани во производство и недозволена трговија со наркотична дрога.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога и откривање на лицата инволвирани во овој вид криминал, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување.

На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер