Муртезани во Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од ревизионизам и билатерални условувања - Канал 5

Муртезани во Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од ревизионизам и билатерални условувања

Во фокусот на разговорите биле и прашањата поврзани со евроинтегративниот процес при што заеднички беше констатирано дека трансформативната моќ на европската интеграција може да се реализира единствено преку пристап базиран на заслуги.

Муртезани во Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од ревизионизам и билатерални условувања

Процесот на проширување треба да остане заштитен од билатерални блокади и ревизионистички наративи и е неопходно воспоставување ефективни европски механизми за воведување и мониторинг на европските стандарди и експертиза, особено во доменот на историските и билатерални прашања, со цел да се обезбеди правичност и предвидливост на патот кон членството, истакнал министерот за европски прашања Орхан Муртезани на средбата во Берлин со неговиот германски колега Гинтер Крихбаум.

Како што соопшти МЕП, во таа насока била потенцирана важноста од зајакнување на европските инструменти за надзор, како гаранција за кредибилитетот на евроинтегративниот процес.

Муртезани му честитал на министерот Крихбаум за неговото неодамнешно именување, посакувајќи му успех кој ќе се рефлектира позитивно не само на Германија, туку и на Европа и Западен Балкан.

Тој исто така изразил благодарност за континуираната германска поддршка и пријателство, подвлекувајќи ја важната улога на Германија во процесот на европската интеграција на Македонија, особено за принципиелниот пристап на Берлин во заштитата на европските вредности и одвојувањето на билатералните прашања од пристапниот процес, како што беше потврдено и за време на германското претседателство со Советот на ЕУ во 2020 година.

-Во фокусот на разговорите биле и прашањата поврзани со евроинтегративниот процес при што заеднички беше констатирано дека трансформативната моќ на европската интеграција може да се реализира единствено преку пристап базиран на заслуги, кој ќе овозможи јасна и опиплива перспектива за граѓаните на земјите-кандидати, стои во соопштението на Министерството.

Муртезани нагласил дека европскиот проект не може да биде целосен без интеграцијата на Западниот Балкан и дека реформите, владеењето на правото и усогласувањето со европските вредности се услов без кој не може да се напредува, но и дека Унијата мора паралелно да обезбеди сопствена институционална подготвеност за проширување.

Тој ја поздравил и германската поддршка за постепена интеграција на земјите-кандидати во ЕУ, со зачувување на критериумите и европските стандарди, но и со обезбедување конкретни придобивки за граѓаните уште во текот на пристапниот процес.

Муртезани и Крихбаум разговаралр и за актуелната Реформска агенда на Северна Македонија и за улогата на германските институции во евроинтегративниот процес преку поддршка на структурните реформи, јакнењето на владеењето на правото и доброто управување, како и преку реализација на бројни Твининг и Таекс проекти каде Германија често е водечки партнер.

Била потенцирана важноста на споделувањето на германското искуство за спроведување на европското законодавство (acquis) и за унапредување на институционалните капацитети на Македонија за користење на европските фондови и имплементација на реформите.

Соговорниците размениле мислења за понатамошно унапредување на регионалната соработка преку Берлинскиот процес, кој претставува клучна платформа за зајакнување на добрососедството, економската интеграција и мобилноста во Западен Балкан, како и за реализација на Зелениот договор и Заедничкиот регионален пазар.

Од МЕП додаваат дека биле истакнати придобивките од конкретните иницијативи и договори постигнати во рамки на Берлинскиот процес, кои го унапредуваат европскиот дух и поврзаноста на регионот со Унијата.

Во текот на средбата биле разгледани и можностите за продлабочување на партнерството во иднина, преку интензивирање на соработката во клучните сектори, пренос на европско знаење и експертиза, како и преку заеднички проекти насочени кон подобрување на животот на граѓаните и приближување кон европските стандарди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот

Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.

Видео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот

Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот.

Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката.

Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите.

Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата.

Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор Свифт

Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.

Бред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор Свифт

Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување.

„Тоа беше неверојатна ноќ“ .

Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“.

Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна.

Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата.

Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс.

Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции:

1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици.

2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација.

3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија.

4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа.

Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент.

„Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај.

Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер