Муртезани: Со зајакнати капацитети кон поефикасна реализација на ИПА програмите - Канал 5

Муртезани: Со зајакнати капацитети кон поефикасна реализација на ИПА програмите

Муртезани, како што информира Министерството за европски прашања, ги нагласи актуелните политички и технички предизвици поврзани со ефикасното искористување на европските фондови. 

Муртезани: Со зајакнати капацитети кон поефикасна реализација на ИПА програмите

Оваа Влада ќе преземе важни иницијативи за стабилизација на ИПА структурите и за решавање на наследените проблеми од претходниот период, меѓу кои се високата флуктуација на професионалниот кадар, задоцнетите постапки за јавни набавки и значителните отстапки во секторите транспорт и животна средина. Ова денеска го соопшти министерот за европски прашања Орхан Муртезани, во улога на Национален координатор за ИПА (NIPAC), кој копретседаваше на третиот состанок на Мониторинг комитетот за Инструментот за претпристапна помош ИПА III.

Муртезани, како што информира Министерството за европски прашања, ги нагласи актуелните политички и технички предизвици поврзани со ефикасното искористување на европските фондови. Подвлече дека до крајот на 2024 година, договорените средства за ИПА II достигнале 71 отсто, додека искористувањето на средствата од ИПА III во истата година е на ниво од 31,37 отсто.

Министерот Муртезани укажа на важноста од интензивирање на имплементацијата на тековните програми за да се избегне неискористување на ИПА средствата во иднина. Се осврна и на мерките за зајакнување на административните капацитети и најави интензивен ангажман за системско решение на политиките за задржување и континуирана обука на државните службеници. Тој посочи дека Министерството за европски прашања работи на воспоставување Академија за ЕУ, чија задача ќе биде обезбедување квалитетна и одржлива обука за кадарот ангажиран во ИПА структурата.

Со состанокот претседаваше и Валентина Суперти, раководител на одделение при Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) при Европската комисија, која се осврна на важноста од јасно дефинирани обврски и активности за надминување на сегашните предизвици во управувањето со ИПА програмите.

- Мониторинг комитетот за ИПА е највисокото надзорно тело за сите ИПА програми и има задача да обезбеди ефективна, транспарентна и усогласена реализација на европската претпристапна помош во Македонија, во согласност со Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Македонија, стои во соопштението од Министерството за европски прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем.

Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата.

Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат.

СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења.

Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24.

Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан.

Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница.

Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер