Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
МакедонијаМуртезани: Проширувањето не смее да стане заложник на идентитетски политикиПроширувањето не смее да стане заложник на идентитетски политики, туку да се базира на Копенхашките критериуми. Дијалогот, граѓанското општеството и младите не се само привилегија, туку тие се суштински столбови на демократска Европа во процесот на проширувањето, истакна денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани по неговото учеството на Форумот за проширувањето на ЕУ насловен „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“ во Брисел. - Македонија е подготвена да продолжи да чекори по европскиот пат во ваквиот дух и со обновена национална решителност. Денешните дебати уште еднаш ја потврдија очигледната, но често занемарена вистина дека процесот на проширување не е геополитичка алатка, туку морална посветеност. Посветеност кон демократијата, дијалогот и достоинството на секој европски граѓанин, без оглед на границите, историјата или јазикот што го зборува, рече Муртезани на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК), Оливер Ропке и црногорската министерка за европски прашања Маида Горчевиќ. Муртезани нагласи дека во пристапниот процес земјава мина долг пат обележан со истрајност, реформи и со непоколебливо уверување дека Европската Унија, пред се, е Унија на вредности, но дека сепак има и моменти кога се потсетуваме оти принципите мора да се бранат подеднакво решително, како и границите. - Проширувањето не смее да стане заложник на идентитетски политики, туку мора доследно да се придржува до Копенхашките критериуми - јасни, фер и применливи за сите. Ќе продолжиме да го даваме нашиот придонес преку спроведувањето реформи, градењето институции и негувањето на социјалниот дијалог. Истовремено, цврсто сме уверени дека Европската Унија за која веруваме дека е изградена врз правда, почит и инклузија, исто така ќе продолжи да дава свој придонес кон нашата заедничка европска иднина, истакна Муртезани. Во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, Муртезани нагласи дека тој е инструмент што треба да им помогне на земјите кандидати за членство да ја постигнат крајна цел - полноправно членство во Европската Унија, но исто така помага не само во борбата против евроскептицизмот, туку и им овозможува на граѓаните на овие држави да почувствуваат некои придобивки што претходно беа предвидени исклучиво за граѓаните на членките на Европската Унија. - Мислам дека тоа ќе претставува дополнителна поддршка и политички капитал за европската интеграција. Само би сакал да додадам дека постепената интеграција е важна, но никогаш не може да биде замена за полноправно членство, рече Муртезани. Ропке, од своја страна нагласи дека проширувањето на ЕУ не е само геополитичка стратегија, туку демократско ветување и тоа мора да го поттикне учеството на младите во граѓанскиот сектор и во вистинскиот дијалог. - Денес имавме јасна посветеност од нашите партнери од Црна Гора, Македонија и другите и тоа не се само политички сигнали, туку се и морални и социјални обврски. Ако овој процес сака да го задржи кредибилитетот, тој мора да биде фер, базиран на заслуги и предвидлив, рече Ропке. Тој нагласи дека Комитетот ја поддржува целта на Црна Гора да се приклучи кон ЕУ до 2028 година и се надева дека тоа ќе го сторат и Албанија и Македонија до почетокот на следната деценија. Ропке истакна дека денешниот форум не е само формална дебата, туку и обид да се даде отворен и инклузивен пристап кон процес на проширување, со активно вклучување на граѓанско општество во него и со силен социјален дијалог. - Убедени сме дека за пристапувањето не може да се преговара само зад затворени врати, туку мора да бидат вклучени и оние кои го носат темпото на реформите - граѓанското општество, социјалните партнери, а особено помладата генерација, рече Ропке. Тој нагласи дека токму затоа ЕЕСК решил да го вклучи организираното граѓанско општество од земјите кандидати за членство во обликувањето на неговите мислења заедно со претставници на државите членки на ЕУ, затоа што целта на Комитетот не е да зборува со кандидатите, туку да соработува со нив. Според Ропке, проширување не може да се оствари без одржлива, соодветна и целна финансиска поддршка за пристапниот процес, затоа во тој контекст добар сигнал е што со предлогот за следната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година се предвидува пристап на кандидатите за членство до целиот пакет алатки на инструментот „Глобална Европа“. Министерката Горчевиќ истакна дека пристапувањето на Црна Гора кон Европскиот економско- социјален комитет во февруари 2024 година претставувало значајна пресвртница на нејзиниот европски пат, бидејќи не само што ја продлабочи соработката, туку ја потврди и посветеноста на инклузивно креирање политики и промоција на заедничките европски вредности. Таа додаде дека верува оти социјалниот дијалог со граѓанското општество и ангажманот на младите се столбовите на отпорна и демократска Европа, па затоа Црна Гора презела напори за активно учество на цивилниот сектор во преговорите за членство во ЕУ. - Црна Гора пристапува кон процесот на проширување со сериозност, материјална зрелост и решителност, со отворени сите преговарачки поглавја и седум веќе затворени, со јасна цел да ги заврши преговорите до крајот на 2026 година и да оствари полноправно членство до 2028 година. Остануваме цврсто водени од принципот на заслуги и од заедничката визија за обединета, мирна и просперитетна Европа, истакна Горчевиќ. Тагови: ЕУ Муртезани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook