Муртезани: „Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми“ - Канал 5

Муртезани: „Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми“

Во време кога процесот на проширување е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, Копенхашките критериуми се нашата заштита. 

Муртезани: „Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми“

Тие се потсетник дека европскиот пат не смее да се условува со прашања надвор од суштината на демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија. Посебно ја цениме принципиелната определба на Данска дека проширувањето на Европската Унија мора да се води исклучиво според Копенхашките критериуми – објективни, мерливи и еднакви за сите, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани на заедничката прес-конференција со неговата данска колешка Мари Бјере.

-Данска отсекогаш била земја со јасен и конзистентен став во европските процеси - гласна во поддршката на вредностите, доследна во заштитата на правото и принципиелна кога станува збор за проширувањето на Унијата. Нашите односи со Данска имаат своја историја на доверба, но уште поважно – имаат иднина што нѐ обврзува на уште подлабоко разбирање и заемна поддршка. Отворениот дијалог што го водевме денеска е доказ за тоа. Разговаравме за нашите билатерални односи, за иднината на Европа и за местото на Северна Македонија во тој поширок хоризонт, рече Муртезани.

Тој истакна дека на средбата со Бјере ги разгледале приоритетите на претстојното данско претседателство со Советот на Унијата, кое започнува следниот месец и ги поздрави заложбите на Данска за силна, демократска и безбедна Европа, Европа што е отпорна, но и фер, што се темели на вредности, но дејствува со прагматизам.

-Нашата земја, и покрај сите предизвици, останува посветена на тој пат. Планот за раст на Европската Унија го пречекавме како можност за нова етапа на интеграција, која веќе носи конкретни реформи и резултати. Фактот што Северна Македонија наскоро ќе биде земја-домаќин на Самитот на лидерите од Западен Балкан претставува признание за нашата активна улога во обликувањето на европската агенда во регионот, рече министерот.

Се заблагодари на Бјере, за која, како што истакна, е првиот министер којшто доаѓа да го посети регионот пред претстојното данско претседателство со Советот на ЕУ.

-Ова е силен сигнал дека сме во процес на забрзување на проширувањето на ЕУ, на почитувањето на процесот на Копенхашките критериуми без да бидеме загадени со билатералните прашања коишто се тема за соседите, меѓутоа не тема за европско проширување и европски пристап. Така што, треба да се фокусираме на имплементацијата на Планот за раст, затоа што ние треба да ја донесеме Европа поблиску до нашите граѓани, рече Муртезани.

Одговарајќи на новинарско прашање за Акцискиот план за малцинства, за кој премиерот Христијан Мицкоски најавил дека треба да биде доставен, Муртезани кажа дека Акцискот план е во надлежност на МНРиНТ и не може да сподели информации околу неговата содржина.

-Тоа што можам да споделам е околу патоказите, тие трите патокази веќе се испратени во Комисијата и се финализираат на дневна основа, преку онлајн состаноци со Комисијата. Се надевам дека скоро сите три патокази ќе бидат завршени, а со тоа технички, Северна Македонија ќе биде спремна за отворање на Кластерот Темели. Што се однесува до Акцискиот план, тоа што можам да споделам дека е испратен во Советот на Европа којшто треба да биде разгледан од страна на експерти се чека наскоро да добиеме одговор за нивни коментари, по што ќе треба да следи соодветна процедура за усвојување и формално испраќање до Комисијата, рече Муртезани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Советот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE.

Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“.

Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал.

Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. 

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

„Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм.

Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски.

Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ.

Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце.

Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци.

За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм.

Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ.

Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви.

Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила.

Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“!

За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер