Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
МакедонијаМуртезани копретседаваше со Првиот состанок на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и растМуртезани утрово копретседаваше со Првиот состанок на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан (RGF).Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во својство на национален координатор за Инструментот за реформи и раст, утрово копретседаваше со Првиот состанок на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан (RGF), кој денеска, во хибриден формат, се одржа во Владата на Република Македонија. Како што соопшти МЕП, во воведното обраќање Муртезани ја нагласил важноста на оваа нова платформа за зајакнување на реформските процеси и институционалната соработка, поздравувајќи ги претставниците на Европската комисија, меѓународните финансиски институции, граѓанскиот сектор, како и претставниците од националните институции, кои учествуваа на овој состанок. Министерот Муртезани потенцирал дека состанокот на Мониторинг комитетот се одржува непосредно по успешниот Самит на лидерите на Западен Балкан во Скопје, посветен на Планот за раст и реформските агенди на земјите-кандидатки од регионот, а кој уште еднаш ја потврди заедничката определба, како од страна на регионот, така и од страна на Европската комисија, за пробив на евроинтегративниот пат. Муртезани истакнал дека Планот за раст и Реформската агенда се дизајнирани да донесат клучни социо-економски реформи и да ги поттикнат демократските вредности и владеењето на правото, што се предуслов за стабилност, просперитет и интеграција во Европската Унија. -Во рамките на состанокот, членовите на Комитетот дискутираа за напредокот во имплементацијата на Инструментот за реформи и раст, со фокус на исполнувањето на општите услови за поддршка, постигнатите клучни чекори и резултатите од проценката на Европската комисија за првиот сет на обврски. Беа разменети мислења за мониторинг механизмите, инклузивноста на процесот преку вклучување на граѓанското општество, како и хоризонталните прашања поврзани со човечките ресурси, транспарентноста во буџетирањето и управувањето со реформите и хармонизацијата со европското законодавство, е наведува во соопштението. Македонија, како што посочил Муртезани, останува целосно фокусирана на спроведувањето на Реформската агенда, која опфаќа приоритетни области како добро управување, јавни финансии, енергетска и зелена транзиција, развој на човечки капитал, бизнис-клима и владеење на правото. -Како јасен показател за политичката зрелост и институционалниот капацитет на земјата да се движи кон европските стандарди преку суштински реформи, Македонија во рекордно краток рок ги финализираше сите правни процедури, што овозможи навремено повлекување на 52,5 милиони евра претфинансирање, истакнал Муртезани. Тој дополнително информирал дека веќе е покрената и првата постапка за исплата на нова транша средства од 17 милиони евра, од кои значителен дел се наменети за капитални инвестиции. Регулативата (ЕУ) 2024/1449 на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ го воспостави „Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан“ за поддршка на процесот на проширување преку забрзување на усогласувањето со правото на ЕУ, забрзување на регионалната економска интеграција како и социо-економска конвергенција со Унијата. Состанокот на Мониторинг комитетот е воспоставен согласно Договорот за Инструментот за реформи и раст со Европската комисија, со цел да се обезбеди транспарентност, отчетност и ефикасна координација во спроведувањето на реформските процеси. Во континуитет се работи на зајакнување на мониторингот, контролата и ревизијата, како и на ефективната комуникација со јавноста, со цел придобивките од Инструментот за реформи и раст да бидат видливи и достапни за сите граѓани на Македонија.Тагови: Муртезани реформи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБесплатен аеробик за пензионерите во Општина АеродромОпштина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за пензионерите и за лицата во трета доба, со цел поттикнување здрави животни навики, повеќе движење и подобро расположение.Преку рекреативен Микс Аеробик, пензионерите ќе имаат можност да останат физички активни, да ја подобрат подвижноста, да се дружат и да поминуваат квалитетно време во позитивна и пријатна атмосфера. Тренинзите ќе бидат со низок и умерен интензитет, приспособени кон индивидуалните можности и физичката подготвеност на учесниците, со посебен акцент на правилното изведување на вежбите и безбедноста. Активностите ќе ги води професорот по физичко и здравствено образование Лазар Иванов од „Микс Аеробик“, во соработка со Здружението на пензионери „Солидарност“ од Аеродром. Грижата за здравјето, активноста и благосостојбата на пензионерите е важен дел од поддршката што ја овозможува Општина Аеродром. Преку ваквите активности, пензионерите ќе добијат можност бесплатно да се рекреираат, да создаваат здрави навики и да уживаат во придобивките од движењето и дружењето. Важна напомена: Се препорачува учесниците да се психофизички способни и да немаат лекарска забрана за практикување на овој вид физичка активност. При хронични заболувања, здравствени проблеми или физички ограничувања, се препорачува претходна консултација со лекар. Информации и пријавување: 078 441 235 - проф. Лазар Иванов Општина Аеродром создава можности за активен, здрав и исполнет живот на пензионерите, со повеќе движење, дружење и радост секој ден. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураУште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во ПолскаСиноќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“. Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи. Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор. „Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ. Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска. Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста. Фото: Ивона КочовТагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаЛишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрогаНа 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter