МакедонијаМуртезани и Рокас: Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспективаПланот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива за граѓаните и економијата.Денес, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, одржаа заедничка прес-конференција на која ги презентираа главните аспекти од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Македонија. Амбасадорот Рокас ја нагласи силната поддршка од Европската Унија преку конкретни финансиски и стратешки мерки кои ќе овозможат забрзување на реформите, подобрување на социо-економските услови и приближување на Македонија кон членството во ЕУ. Министерот Муртезани се осврна на значењето на јасната, транспарентна и ефективна комуникација со граѓаните, претставувајќи го Планот за комуникација и видливост на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024 - 2027 на Македонија. кој е наменет за зголемување на довербата во реформските процеси и поголема видливост на конкретните придобивки од евроинтегративниот процес. Обраќање на МЕП Муртезани: Почитуван амбасадоре Рокас, Почитувани претставници на медиумите, На почетокот, би сакал да упатам благодарност до евроамбасадорот Михалис Рокас, не само за неговото присуство овде денес, туку и за континуираната поддршка и одличната соработка што ја имаме со Делегацијата на Европската Унија во секојдневната работа на Министерството за европски прашања, вклучително и во процесот на подготовка на овој важен План за комуникација и видливост на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024 - 2027 на Македонија. Како што имав прилика вчера да истакнам на работилницата организирана од Министерството за европски прашања, посветена токму на овој План за комуникација и видливост: добро осмислената и спроведена комуникација не е само формален чекор или административна задача. Напротив, комуникацијата е клучот за успешноста на реформите. Јасноста, транспарентноста и разбирливоста се предуслов граѓаните да почувствуваат дека реформите се нивни и дека европската интеграција не е далечен и апстрактен концепт, туку конкретна опиплива можност за подобар живот. Преку овој План, граѓаните ќе можат јасно да ги согледаат конкретните резултати и ефекти на реформите - од подобрување на деловното окружување и отворање нови работни места, до поголема економска конкурентност и зајакнати демократски институции. На овој начин, Планот не само што ќе ја зголеми видливоста на активностите што ги реализираме со помош на ЕУ, туку и ќе ја засили довербата на граѓаните во реформскиот процес и во самата европска иднина на нашата држава. Планот за комуникација и видливост, создаден со силна поддршка и во тесна координација со Делегацијата на Европската Унија, претставува стратешки документ. Тој е политичка порака дека Македонија сериозно и одговорно чекори напред кон својата европска иднина. Планот е зацртана смерница и јасна определба за транспарентност, отвореност и одговорност кон сите наши граѓани. За да го постигнеме тоа, овој План има три јасни и важни столбови: 1. Првиот е лесниот пристап до јасни и точни информации. За таа цел, ќе креираме специјализирана онлајн платформа, која ќе биде централна точка за следење на сите активности, напредок и резултати од реформите. Оваа платформа ќе обезбедува транспарентност и ќе овозможи директна комуникација помеѓу институциите и јавноста. 2. Вториот елемент е активното вклучување на граѓаните и сите релевантни засегнати страни во процесот на реформите. Преку јавни настани, дискусии и медиумски кампањи, ќе овозможиме двонасочна комуникација што ќе поттикне отворен дијалог и ќе изгради силно партнерство меѓу институциите и граѓаните. 3. Третиот столб е препознатливоста и конзистентноста во комуникацијата преку единствен визуелен идентитет. Со развој на јасно лого, шема на бои и визуелен бренд, ќе обезбедиме дека секоја активност поврзана со реформите и Планот за раст е лесно препознатлива и ја носи пораката за нашите заеднички европски вредности и цели. Активностите поврзани со овој План се структуриран во три фази: прво ќе ја градиме свеста за реформите и можностите што ги нуди Планот за раст; второ, ќе ги покажеме конкретните резултати преку успешни приказни на граѓаните, бизнисите и институциите; и конечно, во третата фаза ќе ги оценуваме нашите комуникациски активности и ќе ги прилагодуваме според вашите очекувања и потреби. Овој План не е само за комуникација и видливост, тој е план за доверба и заедничка европска иднина. Денес, упатуваме јасна порака дека реформите се наш заеднички предизвик и заедничка одговорност. Владата не треба да чекори сама на европскиот пат, туку заедно со своите граѓани, со силна поддршка и доверба во Европската Унија и со визија која ги надминува моменталните предизвици. Суштината на овој План е во комуникацијата, разбирањето и внимателното планирање. Нашата цел е не само да информираме, туку и да инспирираме доверба и активно учество на сите во процесот на европска интеграција. Оваа доверба се гради преку јасна и транспарентна комуникација која е разбирлива за сите - од студентите и младите до бизнис заедницата, медиумите и креаторите на политики. Орхан Муртезани Рокас: Реформската агенда не е лек за сите болести туку заеднички напор за трансформирање на општеството на патот кон ЕУ Пораката на Планот за раст е мошне јасна - тоа е сеопфатна понуда од Европската Унија за Западен Балкан за да се поттикнат социоекономските услови кои што отвораат нова страница во нашите односи. Вклучува збир мерки кои што нудат прогресивен пристап до единствениот пазар на ЕУ, до заедничкиот регионален пазар како и механизми за стимулирање реформи. Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економкста конвергентност пред пристапувањето. Ова го истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, на денешната презентација на мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Македонија на прес конференцијата со министерот за европски прашања Орхан Муртезани во Владиниот медиа центар. Тој упати честитки што земјава е прва од државите во регионот што го потпиша договорот за инструменти и заеми од Планот за раст и за добрата Реформска агенда. -Проширувањето е еден од главните приоритети на Комисијата, а Реформската агенда покрај инструментот за претпристапна помош е всушност двигателот со кој што се постигнува таа цел. Би сакал да бидам јасен, парите што ги даваме денес се дополнување на она што веќе постои. Реформската агенда и распределбата според неа за Македонија е 750,4 милиони евра покрај тековните ИПА програми кои надминуваат 500 милиони евра во чисти грантови за финансирање. Со овие финансиски распределби и јасната политичка поддршка Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економската конвергентност пред пристапувањето, нагласи Рокас. Спроведувањето на Реформскаат агенда од Планот за раст, нагласи тој, треба да резултира со тројна победа - опипливи придобивки за граѓаните, забрзување на интеграцијата на земјата во ЕУ и дополнителни ресурси во буџетот на земјата за поддршка на потребните реформи. Резултатите ќе се оценуваат два пати годишно, а средствата ќе се ослободуваат соодветно на фиксните полугодишни распореди само ако се постигнат целите, ќе се вршат и плаќањата кон националните буџети. -Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ, туку е алатка за да се поддржат подготовките на земјата за ЕУ. Реформската агенда не е лек за сите болести туку претставува заеднички напор за да се спроведат потребните реформи кои може да го трансформираат општеството. Забрзувањето на усогласувањето со вредностите стандардите политиките и праксите на ЕУ за функционални институции, транспарентно и отчестбо владеење, зелена транзиција и одржил развој. Владата се обврза кон младите, бизнисите, НВО и кон медиумите дека ќе ги унапредува реформите со што ќе донесе опипиливи придобивки за земјата и ќе напредува на својот пат кон ЕУ. Ова ќе го правиме заедно, со поголема политичка волја, ќе ги мобилизираме сите нивоа на Владата и со моделот на ЕУ за единство и солидарност што ќе биде во центарот на нашиот потфат, рече Рокас. Министерот за европски прашања Орхан Муртезани укажа на важноста на Планот за комуникација и видливост на Планот за раст која, рече е клучот на упсешноста на реформите. -Добро осмислената и спроведена комуникација не е само формален чекор или административна задача. Напротив комуникацијата е клучот на успешноста на рефиормите. Јасноста, транспарентноста и разбирливоста се пруслов граѓаните да почувствуваат дека рерормите се нивни и дека евроинтеграција не е далечен и апстрактен концепт, туку конкретна и опиплива можност за подобар живот. Преку овој План, граѓаните ќе можат јасно да ги согледаат конкретните резултати и ефекти на реформите - од подобрување на деловното окружување и отворање нови работни места, до поголема економска конкурентност и зајакнати демократски институции. На овој начин, Планот не само што ќе ја зголеми видливоста на активностите што ги реализираме со помош на ЕУ, туку и ќе ја засили довербата на граѓаните во реформскиот процес и во самата европска иднина на нашата држава, рече Муртезани. Планот за комуникација и видливост е создаден во тесна комуникација со Делегацијата на ЕУ, пртеставува стратешки документ и зацртана смерница и јасна определеност за отвореност и транспарентност кон сите граѓани и нивно вклучување во спроведувањето на реформите. За постигнување на Планот утврдени се три важни столбови: креирање специјализирана онлајн платформа за следење на сите активности, напредок и резултати од реформите, организирање јавни настани, дискусии и медиумски кампањи што треба да овозможиме двонасочна комуникација и да поттикне отворен дијалог и да изгради силно партнерство меѓу институциите и граѓаните. Третиот столб е преку единствен визуелен идентитет - со јасно лого, шема на бои и визуелен бренд, со што ќе обезбеди секоја активност поврзана со реформите и Планот за раст да е лесно препознатлива. Активностите поврзани со овој План, како што наведе министерот Муртезани, се структуриран во три фази: прво ќе ја градиме свеста за реформите и можностите што ги нуди Планот за раст; второ, ќе ги покажеме конкретните резултати преку успешни приказни на граѓаните, бизнисите и институциите; и во третата фаза ќе ги оценуваме нашите комуникациски активности и ќе ги прилагодуваме според вашите очекувања и потреби. -Овој План не е само за комуникација и видливост, тој е план за доверба и заедничка европска иднина. Денес, упатуваме јасна порака дека реформите се наш заеднички предизвик и заедничка одговорност. Владата не треба да чекори сама на европскиот пат, туку заедно со своите граѓани, со силна поддршка и доверба во ЕУ и со визија која ги надминува моменталните предизвици. Нашата цел е не само да информираме, туку и да инспирираме доверба и активно учество на сите во процесот на европска интеграција. Оваа доверба се гради преку јасна и транспарентна комуникација која е разбирлива за сите - од студентите и младите до бизнис заедницата, медиумите и креаторите на политики, порача Муртезани. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos. Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови. Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз. Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата. Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата. На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември. Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат. Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември. Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“. Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата. Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.Тагови: италија штрајкови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter