2Ново истражување: Имунитетот на ковид-19 може да помогне во заштита од други коронавируси од лилјаци
ТенисМугуруза и Квитова полуфиналистки на Мастерсот во СингапурГарбине Мугуруза и Петра Квитова ги освоија првите две позиции во „белата“ група на Мастерсот во Сингапур и со тоа се пласираа во полуфиналето. Денеска во мечот од 3. коло Мугуруза ја победи Квитова со 2:1 во сетови (6:4; 4:6 и 7:5) и со максимални три победи го освои првото место во групата. Освоениот сет за Квитова во денешниот меч беше од голема важност бидејќи Луси Сафарова ја совлада Анжелик Кербер со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3), па така трите тенисерки имаа скор една победа и два пораза, но Квитова имаше освоено еден сет повеќе од ривалките во групата. Утре во полуфиналето ќе играат: Марија Шарапова - Петра Квитова и Гарбине Мугуруза - Агнешка Радванска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаНеофицијално: Во Прилеп е уапсен битолски виш јавен обвинителКако што објавуваат повеќе медиуми, неофицијално, случајот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски, обвинет за злупотреби на јавна набавка во РЕК Битола.. Случајот датира уште од јуни годинава, кога прво обвинител од струшкото Обвинителство дал негативно мислење за барањето на одбраната на бизнисменот да му биде вратена патната исправа, но по ново барање на одбраната, предметот бил доставен до Вишото јавно обвинителство во Битола, од каде што било наложено да се даде позитивно мислење и да му биде вратен пасошот.. Марковски потоа на 29-ти јули отпатува во Србија и по неколку дена се врати во земјава.. За неговото присуство во постапката претходно била понудена гаранција од околу пет милиони евра.. Случајот тогаш го прокоментира и премиерот Мицкоски кој оцени дека станува збор за груба манипулација од локален јавен обвинител..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНеверојатно количество алкохол во крвта- полицијата запрела Хрват со 5,41 промилиОсиечко-барањската полиција објави дека во текот на изминатиот викенд евидентирала дури 45 возачи кои возеле под дејство на алкохол.Меѓу нив имало 36 возачи на автомобили, седум велосипедисти, еден возач на трактор и еден мотоциклист, пишува порталот 24sata.hr. Сепак, случај кој особено привлече внимание е забележан на 3 октомври во 16:59 часот во хрватското село Стриживојна. Во тој момент, полицијата запрела 58-годишен велосипедист во сообраќајот, чие ниво на алкохол во крвта било измерено на неверојатни 5,41 промили. Оваа количина на алкохол во крвта, измерена од велосипедистот од Стриживојна, е исклучително високо и потенцијално смртоносно ниво на алкохолизам. Сепак, важно е што толеранцијата значително варира меѓу луѓето, па затоа промилот не значи потполно исто за секоја личност. Класификација: • 0,0 промили – без алкохол во крвта • 0,2–0,5‰ – благ ефект; може да се доживее релаксација и намалено внимание • 0,5–1,0‰ – забележлив ефект; лоша проценка и побавни реакции • 1,0–1,5‰ – изразена интоксикација; нарушена координација и рамнотежа • 1,5–2,0‰ – тешка интоксикација; значително нарушено движење и говор • 2,0–3,0‰ – многу тешка интоксикација; можни проблеми со свеста, координацијата и ориентацијата • 3,0–4,0‰ – потенцијално опасно по живот труење со алкохол; можно губење на свеста • 4,0‰ и погоре – екстремно високо ниво на алкохол, со сериозен ризик од кома, респираторен застој и смрт Тагови: Алкохол возач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
ЖивотМеган Маркл објави сника од кујната, сите ја исмеваат Промотивната фотографија од Меган Маркл, направена по повод новата колекција на нејзиниот бренд за животен стил, предизвика дебата на социјалните мрежи. Корисниците забележаа детал на фотографијата што им се чинеше неубедлив, а набрзо стана главна тема на коментари. Фотографијата беше објавена на Инстаграм профилот на брендот As Ever со најавата за празничната колекција „Празничната колекција: Поглавје еден“, која ќе биде достапна на 6 октомври. Иако коментарите под објавата беа исклучени, фотографијата се прошири низ платформата X, каде што бројни корисници го забележаа истиот детал. Што не е во ред со шпоретот? На фотографијата, Меган позира во кујната до шпоретот, а токму оваа сцена предизвика најмногу реакции. „Ако веќе се преправате дека готвите на гас, направете барем две паметни работи. Прво, проверете дали шпоретот е воопшто вклучен, копчињата дури и не се свртени. Второ, обидете се барем да изгледа како да гори пламен под тенџерето“, напиша еден корисник. Други, исто така, забележаа дека нема видлив пламен под тенџерето. „Сето тоа е само претстава“, заклучи еден корисник, додека друг праша: „Дали Меган Маркл знае дека шпоретот мора да се вклучи пред готвење?“ Некои се потсмеваа на целата ситуација, а еден корисник ја опиша сцената како подготовка на „чорба од имагинацијата“. На фотографијата, не можете навистина да го видите пламенот под тенџерето, додека копчињата за контрола на температурата се чини дека се во исклучена положба. Некои корисници застанаа во нејзина одбрана Не беа сите убедени дека станува збор за пропуст. Некои корисници веруваат дека фотографијата е едноставно изрежана за потребите на кампањата и дека Меган не требало навистина да готви. „Жената само се преправаше дека готви за фотосесија“, напиша еден корисник. Друг понуди многу едноставно објаснување за тоа што шпоретот е исклучен: „Глупаво. Шпоретот може да се исклучи затоа што храната е готова и треба само повремено да се меша пред сервирање.“ Имаше и такви кои не се занимаваа со спорниот детаљ, туку го пофалија изгледот на кујната. Некои, исто така, потсетија дека адвент календарот што Меган неодамна го лансираше е веќе распродаден. Што носи новата колекција? Новата празнична колекција се промовира под слоганот „Веселба во изработка“. Понудата ќе вклучува кошничка за домаќините и сет карти за играње, како и три вида чоколадо со вкусови на ѓумбир и лимон, лаванда и мед, и хибискус и роза. Колекцијата следи луксузен адвент календар кој чини околу 112 фунти. „Празниците нè потсетуваат колку радост може да се најде во моментите што го сочинуваат животот. Тие нè покануваат да се зближиме, да создаваме со свои раце, внимателно да ја поставуваме масата и да бидеме дарежливи кон оние што ги сакаме“, се вели во описот на новата колекција.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook