Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи - Канал 5

Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи

Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на нашите европски аспирации.

Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи

Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и имлементација на програмата „Стипендиум хунгарикум“ за периодот 2026 - 2028 година потпишале денеска македонскиот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој престојува во посета на земјава.

Како што истакна Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со Сијарто, потпишувањето на овие документи претставува силен доказ за цврстото сојузништво меѓу двете држави.

Муцунски информира дека на денешната средба разговарале за натамошното продлабочување на политичките и економските односи, како и за континуираната поддршка од страна на Унгарија за нашите европски аспирации.

-Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на европската перспектива на целиот регион. Тоа се докажа за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ. Искрено сме благодарни за таа принципиелна и искрена поддршка, особено во контекст на нашите очекувања за напредок во процесот на пристапување кон ЕУ. Во година кога светот одбележува 80 години од победата над фашизмот и 75 години од Шумановата декларација, темелот на европскиот мировен проект, ние остануваме цврсто посветени на нашата стратешка цел - полноправно членство во ЕУ со јасна и предвидлива динамика, нагласи Муцунски.

Министерот нагласи дека во делот на надворешно - трговската дејност воспоставиле продуктивна соработка со унгарското Министерство, од кое очекуваат конкретни резултати. Потсети дека Унгарија е меѓу првите десет најголеми трговски партнери на земјава и еден од водечките странски инвеститори, што, како што рече, претставува повеќе од цврста основа за натамошното економско поврзување.

-Како партнери и сојузници во НАТО продолжуваме да градиме отворена искрена и стратешки ориентирана соработка и убеден сум дека оваа позитивна динамика дополнително ќе биде афирмирана на претстојниот 76-ти Самит на НАТО, истакна Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Елмас: Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз во Лигата на нации, откако загуби од селекцијата на Шкотска со 0-2 на домашен терен.

Елмас: Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска

Гостите покажаа поголема решителност во завршницата, додека нашата репрезентација и по три одиграни кола останува без постигнат погодок.

-Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска, многу тежок момент, на сите играчи им е тешко и на мене. Треба да научиме од оваа ситуација. Мораме да се кренеме од ова, изјави Елиф Елмас

-Примивме многу рано гол, мислам дека тоа беше еден од кличните моменти. Требаше да ја држиме повеќе топката и да ги тераме да трчаат- вели Бојан Миовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба.

„Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП).

За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки:

- Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена.

- Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања.

- Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите.

- Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија.

- Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства.

„Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов.

На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат.

„Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава.

YouTube video

ЛДП

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога.

Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените.

Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер