Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска - Канал 5

Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите две дена учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, Кралството Шведска.

Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска

Во рамки на состанокот беа разменети мислења за повеќе актуелни глобални безбедносни предизвици, со посебен акцент на подготовките за Самитот на НАТО во Анкара, што ќе се одржи во јули оваа година.

Фокусот на дискусиите беше ставен на имплементацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит на НАТО во Хаг, особено во делот на зголемените инвестиции за модернизација на одбраната и одбранбените капацитети, како и на целосната и ефективна имплементација на обврските преземени во рамки на Планот за одбранбени инвестиции. Притоа, беше нагласена заедничката заложба за нивно исполнување со цел натамошно зајакнување на колективната одбрана и капацитетите за одвраќање на Алијансата.

Во рамки на дискусијата, министерот Муцунски нагласи дека Западниот Балкан останува област во Европа во која постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и каде што сè уште постојат безбедносни ризици, потенцирајќи дека регионот и понатаму треба да биде во фокусот на НАТО.

Министерот Муцунски ги пренесе приоритетите и активностите на Владата во исполнувањето на заедничките обврски преземени на Самитот во Хаг, со посебен акцент на зајакнувањето на домашните капацитети и способности преку соодветно и зголемено финансирање на одбраната, со цел унапредување на придонесот на државата во колективните одбранбени напори на Алијансата.

Во однос на заедничките напори за зајакнување на колективната одбрана и одвраќање, министерот Муцунски ја нагласи и важноста од натамошен развој и модернизација на одбранбената индустрија, преку зголемување на одбранбеното производство, како и модернизација на индустриските капацитети, како значаен приоритет за посилна Европа во рамки на посилно НАТО.

Во оваа насока, министрите ја нагласија потребата од продлабочување на соработката и координацијата меѓу сојузниците, со цел натамошно зајакнување на трансатлантските врски и демонстрирање на единство во справувањето со новите глобални безбедносни предизвици.

Во однос на Украина, министерот Муцунски ја реафирмираше континуираната поддршка за земјата, како и важноста од обезбедување континуитет и предвидливост на помошта, паралелно со напорите за изнаоѓање праведно решение за воениот конфликт.

Актуелните состојби во Јужното соседство, исто така, беа предмет на дискусија, при што министерот ја нагласи потребата од зајакнат и координиран пристап меѓу сојузниците, како и важноста од соработката со партнерите од регионот и блиската координација со Европската Унија во справувањето со актуелните безбедносни предизвици.

Во овој контекст, беше потврдено значењето на партнерскиот дијалог и продлабочената соработка со стратешките партнери на Алијансата, како важен предуслов за обезбедување стабилност и безбедност на евроатлантскиот простор, соопштуваат од МНРи НТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продавач едвај спаси жива глава- го нападна леопард (ВИДЕО)

Леопард провалил во продавница за алкохол во Индија и го нападнал продавачот, а настанот бил снимен од надзорни камери.

Продавач едвај спаси жива глава- го нападна леопард (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во продавница во Тодараисинг, град во државата Раџастан, пишува The Telegraph.

На снимката се гледа како животното скока преку шанкот и го напаѓа 25-годишниот продавач Санџај Гурџар. Леопардот скокнал врз него двапати, го зграпчил за грбот и се обидел да го касне. Гурџар успеал да се ослободи, да избега и да го заклучи животното во продавницата.

Потоа на снимката се гледа како леопардот се движи низ празниот простор, превртува кутии и конечно се крие под полица. Друго видео, од магацин, го снимило нападот врз 40-годишниот Фатех Лал Коли. Животното го соборило на подот, а потоа претрчало преку полицата по Гурџар. Во нападот, Гурџар претрпел повреди од канџи на раката, рамото и носот, а уште двајца мажи биле повредени.

Хронологија на нападот

Службениците им кажале на индиските медиуми дека леопардот го извршил својот прв напад во недела наутро. Тогаш тој се нафрли врз волонтер од Шумската служба кој проверувал извештаи дека животно е видено во грмушките околу 8:45 часот. После тоа, леопардот влегол во градот, каде што провалил во продавница за алкохол и нападнал уште две лица.

Акција за ловење

Спасувачката екипа пристигнала во градот околу 14 часот и започнала операција за спасување која траела пет часа. Полицијата го опколила подрачјето околу продавницата, го затворила главниот пазар и повикала специјализирана единица за спасување животни.

Властите потврдија дека станува збор за петгодишен мажјак кој ќе биде подложен на медицински преглед пред да биде вратен во дивината. Заменик-конзерватор на шумите, Вирендер Синг Кришнија, изјавил дека се верува дека животното талкало во градот во потрага по плен откако ги напуштило блиските шуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мадуро повторно пред судот во Њујорк- му се заканува доживотен затвор

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро повторно ќе се појави на суд во Њујорк, што ќе биде негово трето рочиште по апсењето во јануари. 

Мадуро повторно пред судот во Њујорк- му се заканува доживотен затвор

Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, кои се во притвор во Бруклин, се обвинети за трговија со дрога, поседување оружје и други кривични дела. Двајцата се изјаснија за невини, пишува Euronews.

Предлог за започнување на судење

Во судскиот поднесок поднесен доцна во вторникот, обвинителството и одбраната заеднички предложија судењето да започне во јуни 2027 година. Се очекува судијата Алвин Хелерштајн да го потврди тој датум на процедуралното рочиште во среда.

Обвинувања и правни предизвици

Мадуро и Флорес се соочуваат со доживотен затвор доколку бидат осудени од порота за учество во организација за шверц на кокаин во Соединетите Држави. Обвинителите тврдат дека Мадуро се заговарал со венецуелските службеници за спроведување на законот за да им помогне на нарко-картелите да шверцуваат илјадници тони кокаин во Соединетите Држави.

Адвокатот на Мадуро, Бери Полак, објави дека ќе ја оспори легалноста на апсењето, кое го нарече „воено киднапирање“. Одбраната нагласи дека постојат сложени правни прашања што мора да се решат пред да започне судењето. Досега, Мадуро и Флорес не побарале кауција.

Различни толкувања на апсењето

Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја опиша операцијата на апсење како „хируршки прецизна полициска операција“ како дел од гонењето започнато пред шест години. Мадуро, од друга страна, го смета своето апсење за киднапирање и се нарекува себеси „воен заробеник“.

„Не сум виновен. Јас сум чесен човек, уставен претседател на мојата земја“, рече Мадуро на првото рочиште во јануари. Во исто време со денешното рочиште, демонстрантите се собраа пред зградата на судот и ја изразија својата поддршка за Мадуро и неговата сопруга со транспаренти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

„Случајот со загадената вода во Гостивар е уште една потврда дека институциите под оваа власт не функционираат кога се најпотребни за граѓаните. 

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

По трагедијата во Кочани, до денес ништо суштински не е променето. Еве, сега го имаме и Гостивар, каде повторно гледаме задоцнета реакција, институционален молк и избегнување одговорност“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5.

Тој посочи дека одговорноста мора да ја понесат сите надлежни институции – од Владата и здравствените власти, до Институтот за јавно здравје и сите институции кои имале законска обврска навремено да реагираат.

„За ова што се случува во Гостивар, одговорноста е на сите нивоа – од централно до локално. Досега не слушнав дека некој од министрите чувствува одговорност. Зошто затајувањето на здравствените власти не понуди никаква одговорност? Моментот кога првите 200 граѓани од Гостивар се пријавиле во болница не значел ништо ниту за здравствените власти, ниту за Владата. Првичната реакција следува дури по пет или шест дена“, нагласи Спасовски.

Спасовски потенцираше дека токму ваквото институционално постапување покажува како оваа власт ја води државата.

„ Треба да се признае. Да се признае дека ни се случи Кочани и дека нема никаква промена во системот. И дека сега ни се случува ова што се случува во Гостивар, а институциите една недела молчат и ништо не прават во тој момент“, рече Спасовски.

Тој нагласи дека јавноста сè уште нема одговори на најважните прашања – каков бил квалитетот на водата, колку испитувања биле направени и какви биле резултатите од нив.

„До ден-денеска немаме никаков одговор во однос на тоа каков бил квалитетот на водата, колку испитувања биле направени и така натаму. Ако мострите покажале дека водата била исправна, тогаш треба да се утврди што се случило, како се направени тие испитувања и дали извештаите реално ја отсликувале состојбата“, рече Спасовски.

Спасовски посочи дека Институтот за јавно здравје има законска обврска континуирано да ја следи исправноста на водата за пиење и да постапува навремено.

„Што правел Институтот за јавно здравје? Тие се обврзани да ја прават контролата на водата, не само во еден град, туку во сите градови“, истакна Спасовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер