МТСП и Канцеларијата на УНИЦЕФ обезбедиле 500 пакети со дидактички материјали за деца со попреченост

Со спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата и привременото затворање на училиштата, градинките и дневните центри, многу родители на деца со попреченост ја изгубија секојдневната поддршка.

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ обезбеди 500 пакети со дидактички материјали за децата со попреченост кои посетуваат Дневни центри во 30 општини во државата и за децата со попреченост кои беа опфатени со процесот на деинституционализација и кои продолжија да живеат во мали групни домови во Демир Капија, Неготино, Битола и Скопје.

Со спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата и привременото затворање на училиштата, градинките и дневните центри, многу родители на деца со попреченост ја изгубија секојдневната поддршка. За да продолжи поддршката на оддалеченост, специјалните едукатори, психолозите и социјалните работници вработени во Дневните центри обезбедуваат онлајн или телефонски совети за користење на дидактичките материјали, психо-социјална поддршка и изработка на прилагодени индивидуални едукативни програми со корисниците на дневните центри и нивните семејства за полесно спроведување на активностите во домашни услови.

Создавањето можности за учење и игра во домашни услови е особено важно за ранливите семејства кои се грижат за деца со попреченост поради нивниот недостиг на средства и пристап до други мрежи за поддршка. Обезбедувањето дидактички материјали исто така ќе помогне во остварување на активностите кои ги спроведуваат тимовите составени од психолози и специјални едукатори кои работат со децата без родителска грижа во малите групни домови.

Како дел од пошироката соработка на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со “Отворете ги прозорците“, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Велика Британија, се одржуваат работилници за обука на вработените во дневните центри за да продолжат со трасирање на процесот на транзиција на дневните центри во центри на ниво на заедницата за поддршка на децата со попреченост и нивните семејства и старателите. Центрите за поддршка ќе обезбедуваат разновидни услуги прилагодени кон потребите на семејствата, ќе поттикнуваат поголема вклученост на заедниците и ќе работат на рана интервенција за да се олесни инклузијата на децата со попреченост во образованието и во општеството, стои во соопштението од Министерство за труд и социјална политика.

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер