Мрежа против насилство врз жените: Во Македонија од 2020 до 2024 година имало 455 жртви на сексуално насилство - Канал 5

Мрежа против насилство врз жените: Во Македонија од 2020 до 2024 година имало 455 жртви на сексуално насилство

Помалку од еден процент од годишниот национален буџет, односно околу седум милиони евра годишно државата треба да издвои за да обезбеди заштита на жртвите од семејно насилство и силување

Мрежа против насилство врз жените: Во Македонија од 2020 до 2024 година имало 455 жртви на сексуално насилство

Помалку од еден процент од годишниот национален буџет, односно околу седум милиони евра годишно државата треба да издвои за да обезбеди заштита на жртвите од семејно насилство и силување, според стандардите на државите од Европската унија, што ќе значи обезбедување на засолништва, советувалишта, воспоставување на национална сос линија, велат од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Иако уште во 2015 година, со законот за семејно насилство е предвидено насилникот по вршење на насилство да биде отстранет од семејниот дом, ова во пракса започна зачестено да се применува по трагедијата во Тафталиџе, говорат податоците од МВР. Сепак, од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство велат дека оваа мерка не е апликативна, особено во помалите места, каде што се уште се живее во заедница. Наместо тоа, препорачуваат државата да обезбеди шелтер центри по примерот на западно европските земји, каде што жртвите смеат да го напуштат засолнишето, за време на престојот. Моделот кој денеска го предложија, а најавија и дека ќе го презентираат пред Министерството за финансии и за социјална политика, демографија и млади, не е шелтер центар на тајна локација, туку домување.

Од Мрежата денеска најавиа дека ќе биде поднесена претставка до Комисијата за заштита од дискриминација, против Министерството за здравство, во која што ќе се бара од Министерството да го воспостави законот од 2021 година за спречување на сексуално насилство, односно да се воспостават сервиси и да се обезбедат стручни тимови од психолози кои ќе работат со жртвите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки за околу 140 денари

Скопјани од 1 август ќе плаќаат повисоки сметки за парно греење, откако Регулаторната комисија за енергетика ги одобри новите цени за трите системи за снабдување со топлинска енергија во главниот град.

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки за околу 140 денари

Најголемо зголемување од 5,96 проценти ќе имаат корисниците на ЕСМ снабдување, системот на кој се приклучени најголемиот дел од домаќинствата со централно греење во Скопје.

За корисниците на ЕСМ енергетика, познато како железарско парно, цената се зголемува за 5,18 проценти, додека корисниците на Енерџи Еколинк, поранешно Скопје Север, ќе плаќаат 3,65 проценти повеќе.

Според пресметката што ја соопшти Регулаторна, сметката за просечен стан од 60 квадратни метри ќе се зголеми за околу 140 денари месечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење.

Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење

Надлежните најавија дека со континуиран мониторинг ќе се следи квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење, а во меѓувреме, градот ќе продолжи да биде снабдуван со пакувана вода...

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти и посочи дека партиите не треба шират хистерија.

-На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво одговорност на општината. Има начин како општината комуницира со државните институции во делот на проверки и слично.

СДСМ преку соопштение ја критикуваше изјавата на Мицкоски . Според нив требало да се консултираат експерти, од самиот почеток на кризата.од партијата велат дека по денови меѓусебно префрлање на одговорноста и различни изјави од надлежните, сега владата се повикува на стручни лица.

„Во нормална држава, експертите и надлежните институции ќе беа вклучени уште од првиот ден. Наместо тоа, јавноста слушаше политички изјави и објаснувања“, наведуваат од СДСМ.

Партијата бара одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар и прашува кој ќе ја понесе одговорноста за, како што наведуваат, труењето на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран објавија тридневно примирје, со што се зголеми надежта за смирување на конфликтот. 

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цената на барел сурова нафта „Брент“, која е глобален ценовен репер, во еден момент падна за повеќе од 9 отсто, на под 88 долари. Ова претставува значаен пресврт во однос на минатата недела, кога цената надмина 100 долари, пишува Би-Би-Си.

До падот на цените дојде по изјавата на американската амбасадорка во Обединетите нации дека нападите врз Иран биле прекинати втора ноќ по ред со цел да се „отвори простор за преговори“. Портпаролот на иранската армија во неделата потврди дека Техеран, како одговор, ги прекинал „одмаздничките“ напади во регионот.

Избувнувањето на војната со Иран претходно предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, бидејќи конфликтот практично го затвори Ормускиот теснец. Станува збор за клучна поморска рута низ која поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и течниот природен гас (LNG).

Кога Иран и САД во јуни потпишаа меморандум за разбирање за прекин на воените операции и повторно отворање на теснецот, цената на нафтата падна на предвоеното ниво од околу 70 долари за барел. Сепак, пропаѓањето на примирјето претходно овој месец повторно ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергија, што повторно ги крена цените.

Минатата недела цената за првпат од мај достигна 100 долари за барел. Дополнителна неизвесност внесоа и нападите на јеменските бунтовници Хути врз танкери со нафта во Црвеното Море, со што беше загрозена клучната извозна рута преку која Саудиска Арабија го заобиколува Ормускиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер