Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници
1Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници
ЖивотМонт Еверест ,,пораснал” за 86 сантиметриНајвисоката планина на светот, Монт Еверест, е 86 сантиметри повисока од досега официјалните податоци, објавија Кина и Непал заедно. Кровот на светот сега има висина од 8848,86 метри, пишуваат агенциите DPA и STA.Досега, официјалната висина на Еверест беше 8848 метри, што е прифатен резултат на мерењата на индиските научници во 1950-тите. Ревидираната снежна покривка на врвот на Еверест беше заеднички најавена од министрите за надворешни работи на Кина и Непал, Ванг Ји и Прадип Кумар Гјавали по истражувањето од обете земји. Непалската експедиција која била на врвот минатата година и Кинезите, кои биле оваа, ја измериле новата надморска височина користејќи Глобален сателитски систем за навигација (GNSS), радари за снимање на површини, скенери, антени и друга опрема што ја носеле со себе. Тоа е прв пат истражувачите да ја измерат висината од дното до врвот затоа што досега тоа се правело со традиционални тригонометриски методи. Во Непал, ова мерење е прашање на национална гордост, бидејќи земјата досега се потпирала на мерењата на експерти од странство. Кристијан Герлах од Баварската академија на науките, експерт за геодезија и глечери, за германската агенција DPA изјавил дека надморската височина не е променета поради новите методи на мерење, но е навистина различна, што може да се должи на поместување на тектонските плочи или топење на снегот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБотовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници„Опен АИ“, компанијата што стои зад Чет Џпт, соопшти дека нејзини агенти за вештачка интелигенција објавиле 53 фотографии од корисници и продреле на веб-страници на американски институции, вклучително и владини агенции.„Опен АИ“ не откри дали станува збор за фотографии од реални лица или за слики генерирани со вештачка интелигенција, ниту кога тие биле објавени. Од компанијата објаснија дека линковите до фотографиите не биле јавно достапни. Моделите на вештачка интелигенција на „Опен АИ“ пристапувале и до податоци на американски владини институции, како Комисијата за хартии од вредност, берзи на САД и Американската статистичка служба. Се појавуваат индикации дека би можеле да следуваат уште многу откритија за самостојни хакерски активности на вештачката интелигенција на Опен АИ. Компанијата соопшти дека информирала „десетици“ организации чии веб-страници биле предмет на непланирани интеракции од софтверот на „Опен АИ“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштински комисии ќе проверуваат дали на нивите има останато неоткупено грозјеПривршува бербата на грозјето... Откако откупот формално ќе заврши, на почетокот на октомври ќе се формираат општински комисии кои треба да утврдат дали на нивите има останато неоткупено грозје.. Со последните дождови финишираат и бербите на винското грозје во тиквешијата и во останатите лозарски региони. Проблемите со откупот, слабиот интерес за вранецот и бавната динамика спроед лозарите се причина годинава голем дел од грозјето особено вранецот да остане по нивите необран, чекајки да почне интензивниот откуп за кој винариите тактизираа заради непродадените залихи на црвно вино од лани. Токму заради овие проблеми на лозарите градоначалникот на кавадарци најави дека по завршувањето на откупот некаде на почетокот на октомври владата планира да се формираат општински комисии кои ќе треба да излезат на терен и да утврдат колку точно грозје останало по нивите необрано па да се планира обештетување за овие лозари. Дека состојбата со откупот на винското грозје беше проблематична говори и фактот што се најдоа 12 милиони евра кои на винариите им се дадоа на располагање по брза постапка со камата од 1% и со можност за грејс период од една година наменски да се откупат вранецот и смедеревката од лозарите. Лозарите укажуват дека и со оваа мерка се задоцни и затоа голем дел од вранецот е останат, исушен и необран по нивите заради што бараат од државата да воведе итна помош од 150 илјади денари за хектар за обештетување и спас на лозарството. Според последите податоци од Министерството за земјоделство заклучно со понеделник 21 семптември откупени се 64 милиони килограми на винско грозје од лозарите но и од сопствените насади на винариите и има уште околу 2,7 милиони килограми извоз на винско грозје. Оваа бројка се очекува да се зголеми бидејки интензивно деновиве се откупуваше смедеревката во лозарските региони. Според најавите од следната година треба да почне изградбата на дестилеријата која вишокот на грозје и вино ќе го претвора во алкохол за кој веќе има интерес кај една од најпознатите светски компании за алкохол да го откупува целиот вишок и со тоа да се решат долгорочно проблемите со откупот на грозјето во години како оваа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Гориво од 105 денари, народот едвај преживува — корумпираната власт не презема ништоГраѓаните се соочуваат со огромни трошоци за живот, а власта не обезбедува помош ниту за најзагрозените, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Свети Николе, по средбите со граѓаните и земјоделците од Овчеполието.„Ги споделуваат граѓаните со нас секојдневните проблеми, огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. Трошоците за горивото стигнаа и до 105 денари за литар. Никаква помош за ниту една критична категорија граѓани на кои им е навистина потребна“, истакна Филипче. Тој посочи дека без соодветна поддршка остануваат пензионерите со најниски пензии, социјално загрозените, семејствата со многу деца и работниците со минимална плата. На средбите се разговараше и за предлог-законите на СДСМ во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра и за финансиска поддршка на земјоделците во кризата. Филипче ја повика власта да ги поддржи предложените решенија и барем еднаш да го слушне гласот на народот. „Се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка“, рече Филипче. При посетата на земјоделците од Овчеполието, регион со долгогодишна земјоделска традиција, тие укажаа на недостигот од откуп на грозјето и пченицата, ниските откупни цени на млекото и огромните трошоци за ѓубрива и нафта. Филипче предупреди дека ваквата состојба го доведува во прашање опстанокот на земјоделците и можноста да продолжат со производство следната година. „На овие луѓе им е потребна сериозна помош, поради тоа што не само што не можат оваа земјоделска сезона да ја преживеат, туку се поставува најсериозното прашање: што ќе се случува догодина со овие огромни трошоци за ѓубрива, за нафта и со ниски откупни цени, но и без откуп на земјоделските производи“, нагласи Филипче. Тој го пренесе и предупредувањето од земјоделците: ако власта продолжи да не се грижи за земјоделството, за две години во овој крај земјоделие нема да постои, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05