Моника и Чендлер повторно заедно, фановите се чудат на изгледот на Метју Пери (ФОТО)

Моника и Чендлер , ликовите од серијата ,,Пријатели” повторно се заедно и тоа на селфито што го објави актерката Кортни Кокс на Инстаграм.

„Погодете со кого бев на ручек денес ... Знам !!!! Дали би можела да бидам посреќна?“, напиша Кортни покрај фотографијата со колегата Метју Пери. „Вистински пријатели“, додаде таа во хаштагот.

„Мети! Те сакам“, одговорија Џенифер Анистон , Рејчел од серијата, а одговориле и Фиби , Лиза Кудроу. „Среќно, со среќа“, напиша таа. Обожавателите тплку ги разнежи фотографијата што и дадоа повеќе од два милиони пати за само неколку часа.

Но, настрана од купот еуфорични коментари за повторното обединување на омилените ликови од „Пријатели“, имаше и многумина кои беа загрижени за изгледот на Метју Пери.

"Метју воопшто не личи на Чендлер. Тој изгледа како сосема друга личност", "Што му е со лицето?", "Дали бил подложен на пластична операција?" коментираа фановите на познатиот актер.

"Тој долго време се бори со зависност и сега е на вистинскиот пат. Одлично е да го видам како се смее", напиша еден фан на Пери.

„Моника секогаш беше таму да го спаси Чендлер“, заклучија некои.

Пери, кој е номиниран четири пати за наградата Еми, никогаш не криел дека се борел со депресија и зависност, а минатата година поминал три месеци во болница поради руптура на дебелото црево.

Тој го сними својот последен филм пред околу десетина години, а последен пат се појави во серијалот во 2017 година. Кога станува збор за серијата што го прослави, истата година тој рече дека повеќе нема да снима.

"Го имам овој постојан ноќен кошмар, не се шегувам. Понекогаш имам кошмар дека ги снимам повторно ,,Пријатели” и никој не се грижи. Значи, ако ме прашаат, јас одбивам. Стигнавме до врвот, не можеме да го надминеме “, рече тој за Vanity Fair.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

МВР: 34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање, соопшти МВР.

Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. 

Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

притисни ентер