МОН: Стручното образование е силна страна на македонскиот образовен систем - Канал 5

МОН: Стручното образование е силна страна на македонскиот образовен систем

Стручното образование е силна страна на македонскиот образовен систем, креира квалитетен и побаруван кадар на пазарот на трудот.

МОН: Стручното образование е силна страна на македонскиот образовен систем

Во средните стручни училишта во Македонија успешно функционира концептот на дуално образование во чија реализација е вклучена и бизнис заедницата. Училиштата и компаниите заедно содаваат квалитетен кадар кој полесно може да се снајде на пазарот на трудот. Затоа, развојот и проширувањето на овој концепт ќе биде наш приоритет и во следниот период.

Ова го истакна државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска на панел дискусија „Достапност на квалификувана работна сила: предизвик и стратешки фактор за инвестициски одлуки и економски раст“, организирана во рамки на Првиот македонско – германско бизнис самит, со кој АХК германската стопанска комора во Македонија одбележува 25 години постоење.

Ивановска рече дека од самиот почеток на мандатот, новото раководство во МОН се заложи за унапредување на законската регулатива, бидејќи таа е основ за спроведување на образовните политики, новите мерки и активности со кои ќе се остварат целите од владината програма за градење на поквалитетен образовен систем.

„Во новиот Закон за стручно образование и обука системски се уреди концептот на дуално образование, се прецизираа обврските на сите учесници во реализацијата. На пример се дефинираше кој и како може да стане ментор на учениците, компаниите да им исплаќаат месечен надомест на практикантите, да им овозможат заштита и безбедност при работа и така натаму. Со Законот за средно образование пак, се предвиде поголема поддршка за талентираните ученици, се воведуваат кариерни советници што ќе ги насочуваат учениците и сето ова е во интерес на создавање на потребната квалификувана работна сила“, рече Ивановска.

Осврнувајќи се на регионалните центри за стручно образование и обука рече дека тоа се всушност средни стручни училишта кои се трансформираат во образовни установи со поголема вредност и повеќе функции, обврски и одговорност.

„Таму не само што се реализира средно стручно образование за ученици, туку идејата е да се реализира и образование и обука на повозрасни кои имаат потреба од доквалификација, преквалификација и слично, за да станат конкурентни на пазарот на трудот. Фреквентноста на луѓе ќе биде многу поголема. Центрите ќе прават и анализи на пазарот на трудот, ќе креираат програми за настава и обука и така натаму“, рече Ивановска, додавајќи дека во моментов се формирани 7 регионални центри, а до 2028 година ќе се формира осмиот и последен, што како обврска е предвидено во Реформската агенда.

Државниот секретар информираше дека во регионалните центри се вложуваат големи износи на средства за да има добри училници, опремени кабинети, работилници и соодветни сместувачки капацитети. Средствата во најголем дел ги обезбедува Европската унија, а Ивановска ја повика и бизнис заедицата да помогне во модернизацијата на инфраструктурата, затоа што, како што рече, училиштата се инкубатори на човечки капитал кој и нив им е потребен.

На панел дискусијата модерирана од Дејан Чуповски, раководител на програмата за дуално образование при АХК германската комора, се обратија и програмската директорка на Источниот комитет на германското стопанство, директорот на средно стручно училиште „Св. Наум Охридски“ во Охрид, Сашо Недески, раководителката на одделот за глобална техничка и комерцијална обука во компанијата Дрекслмаер, Барбара Гербер и управниот директор на компанијата Унија Груп, Бранислав Серафимоски.

Министерство за образование и наука

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да известуваат за настанатиот пожар во близина на отпад за старо железо, соопшти ОЈО Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, додека за осомничената е предложена мерка куќен притвор, бидејќи се грижи за две малолетни деца на возраст од 9 месеци и 3 години.

Мерките се предложени со цел нивно обезбедување, со оглед на тоа што освен наведеното кривично дело, обвинителството продолжува да ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сооственост на осомничените и евентуалните опасности предизвикани врз животот и телото на луѓето, имотот и животната средина. Во таа насока во текот на вчерашниот ден и денеска се издаваат повеќе наредби и насоки за обезбедување докази, наведуваат од ОЈО Скопје.

Одложено поместувањето на Охридскиот регион на Листата светски културни и историски наследства во опасност на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.

Одложено поместувањето на Охридскиот регион на Листата светски културни и историски наследства во опасност на УНЕСКО

Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година.

Претходно Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства.

Инаку, во нацрт-одлуката за стасусот на Охридскиот регион беа посочени забелешките наведени во реактивната мониторинг мисија од минатата година, во која се потврдени наодите од претходните мисии, со заклучок дека кумулативните и тековните влијанија – вклучувајќи го тука урбаниот развој, недостатоците во просторното планирање, несоодветните интервенции, еутрофикација на езерото, големите инфраструктурни и други проекти – предизвикале сериозно нарушување на клучните атрибути на заптитеното подрачје, што довело до неповратна деградација.

Дел од експертите отворено го поддржуваа поместувањето на регионот на Листата светски наследства во опасност, со уверување дека тоа е вистинскиот начин да се натераат државата, институциите, општините засилено да се ангажираат во насока на исполнување на препораките за надминување на проблемите што доведоа до сегашната ситуација.

[Во координација со Локалната самоуправа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција за чистење на плажите на потегот меѓу автокампот „Љубаништа“ и реката Черава.]

Триесет и девет организации и една европска мрежа со 15 организации-членки, преходно доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со барање за усвојување на нацрт-одлуката за впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност.

Драгана Велковска од Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ коментирајќи ја денешната одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за МИА истакна дека се работи за уште една чисто политичка одлука.

- Комитетот повторно одлучи да ги игнорира експертите и да го награди непочитувањето на Конвенцијата со уште една шанса. Со тоа ги предаде своите основни принципи и активно ја поткопа самата суштина на Конвенцијата за светско наследство која има должност да ја спроведува, рече таа.

Според неа, носењето политичка одлука третпат по ред е преседан за Охридскиот УНЕСКО Регион. Откако Регионот е прогласен за УНЕСКО наследство никогаш во над 40 години историја не се случило три последователни експертски мисии по ред да алармираат дека Охридскиот регион де факто е светско наследство во опасност и уништувањето само повеќе се интензивира, а Комитетот тоа да го игнорира.

- Слушањето лобисти наместо експерти само охрабрува нови деструктивни активности, како што потврди и Мисијата од 2024 година. Со носење политички наместо експертски одлуки се праќа порака до владите дека немаат одговорност веднаш да ги запрат, откажат и повлечат сите тековни и планирани деструктивни проекти, и да покажат вистинска посветеност кон обновата на Исклучително универзалната вредност на Охридскиот регион. А тоа е тежок пораз, не само за Македонија, туку и за светот, истакна таа.

Путин ги игнорира апелите за мир на Трамп, бидејќи е убеден дека ќе ја порази Украина

 Кремљ отворено ги игнорира повиците од американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина, бидејќи Владимир Путин верува дека руската војска може да го пробие фронтот и конечно да ја порази Украина, објави „Њујорк тајмс“.

Путин ги игнорира апелите за мир на Трамп, бидејќи е убеден дека ќе ја порази Украина

Весникот, повикувајќи се на два неименувани извори од Кремљ, наведува дека Путин верува дека расте предноста на Русија на бојното поле и оти одбраната на Украина би можела да се урне во следните месеци. Според нив, рускиот претседател сега нема да ги прекине воените дејствија во Украина, освен во случај Киев да се согласи на значајни отстапки.

Вишата соработничка во Каренги центарот за Русија и Евроазија, Татјана Становаја изјави дека Путин нема да ги жртвува своите цели во Украина за да ги подобри односите со Трамп.

притисни ентер