МОН: Промовирана нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем - Канал 5

МОН: Промовирана нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем

„Прекинување на циклусот на насилство - системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е новиот проект на Министерството за образование и наука.

МОН: Промовирана нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем

„Прекинување на циклусот на насилство - системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е новиот проект на Министерството за образование и наука кој треба да генерира трајно системско решение за превенција на семејно насилство врз деца преку образовните установи и спречување на натамошна трансформација во врсничко насилство во училишните клупи.

Станува збор за иницијатива која обединува повеќе институции, граѓански организации и училишта, а ќе се спроведува во период од една година. На денешната промоција во Владата, министрите за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади и за внатрешни работи, заедно со претставници на Комората на психолози посочија дека семејното и врсничкото насилство се предизвици кои веројатно е дека ќе постојат и во иднина, но обврска на институциите и сите општествени чинители е да одговорат на најдобар можен начин за негативната статистика да биде сведена на најниско ниво.

Министерката Јаневска рече дека проектот е насочен директно кон сузбивање на најголемиот причинител на врсничкото насилство - тоа е семејното насилство, што го потврдуваат бројни релевантни организации и стручни лица. Факт е, како што нагласи, децата не стануваат агресивни во училиште, туку најчесто тие доаѓаат агресивни од дома.

„Ќе работиме на воспоставување одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца или нивно занемарување, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата во заедничка мрежа за заштита и поддршка“, рече Јаневска додавајќи дека освен кампањски дел со порака преку медиумите, ќе има и теренски.

Следната недела започнуваат обуки за сите училишни психолози, педагози и социјални работници во основното образование, за јакнење на компетенциите за препознавање деца жртви на семејно насилство преку нивното однесување и преземање мерки за спречување и понатамошно ширење. Детето, како што рече Јаневска, мора да биде препознаено, слушнато и заштитено навреме.

„Ќе организираме и дискусии со наставниците и семејствата на учениците за подигнување на свеста за овој проблем и за зајакнување на меѓусебната доверба и соработка, вклучително и соработката со институциите. Во дискусиите очекувам да се вклучат и учениците. Ќе ги повикаме заради јакнење на информираноста, поттикнување глас - за насилството да не се молчи. Од споделените искуства и практики, и од сугестиите што ќе ги добиеме за време на обуките и панел дискусиите, ќе изработиме и унифициран протокол за постапување при сомнеж за насилство, со алатки за проценка на ризик“, додаде Јаневска.

На прес конференцијата се обратија и министрите Фатмир Лимани и Панче Тошковски. Дадоа целосна поддршка на спроведувањето на проектот преку вклученост на полицијата и центрите за социјална работа.

„Врсничкото насилство е сложена општествена појава која не се појавува изолирано. Често зад него стојат подлабоки проблеми – нарушени семејни односи, изложеност на семејно насилство, недостаток на емоционална поддршка, несоодветни модели на однесување, но и негативни влијанија од дигиталниот простор. Затоа нашата обврска е да не реагираме само кога ќе се случи инцидент. Мора да делуваме многу порано – во семејството, во градинката, во училиштето, во локалната заедница и во дигиталната средина. Нашата визија е јасна – училишта без страв, семејства во кои се негува почит и разбирање, дигитален простор во кој младите се заштитени и општество во кое насилството нема место“, рече Лимани.

Министерот Тошковски посочи дека бројките што ги има Министерството за внатрешни работи покажуваат дека во истиот период во кој расте семејното насилство, расте и насилството меѓу учениците.

„Не можеме со сигурност да кажеме дека секој конкретен случај е поврзан, но криминолошките аспекти на проблемот укажуваат дека изложеноста на насилство во домот е еден од најсилните ризик-фактори за подоцнежна агресија. Тоа е доволна причина Министерството за внатрешни работи да биде дел од овој проект од самиот почеток“, рече Тошковски.

Нагласи дека цврстата кривично-правна реакција е неопходна, но сама по себе не е доволна. Полицијата секојдневно е прва линија на контакт со семејства во кои се случува насилство и токму затоа размената на информации меѓу полицијата, училиштата и центрите за социјална работа е клучна. Ако дете е сведок на насилство во домот, тоа треба да биде препознаено пред да се претвори во насилство во училишниот двор.

Според Емилија Бошковска од Комората на психолози, многу често агресивното дете е дете кое научило дека агресијата е единствениот јазик преку кој може да ја изрази својата болка.

„ Кога едно дете е агресивно, нашата прва реакција мора да биде да го запреме насилството, но нашата професионална одговорност е и да разбереме од каде тоа насилство доаѓа.Ако ја третираме само последицата, а не и причината, ризикуваме циклусот на насилство да продолжи трансгенерациски“, рече Бошковска, додавајќи дека заедничката цел е да се создадат училишта кои не само што пренесуваат знаење, туку препознаваат болка, обезбедуваат поддршка и стануваат безбедно место за секое дете.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 8. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 8. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 8. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место.

Кариера

Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа.

Здравје и совет

Делата се поважни од зборовите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците.

Кариера

Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата.

Здравје и совет

Знаете што ви е потребно за да бидете здрави.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се.

Кариера

Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете.

Кариера

Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата.

Здравје и совет

Немојте да се противите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност.

Кариера

Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себе и кон другите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка.

Кариера

Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем.

Здравје и совет

Емотивна нерамнотежа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора.

Кариера

На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Спасот е во работењето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува.

Кариера

Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно.

Здравје и совет

Држете се до законите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право.

Кариера

Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се.

Здравје и совет

Мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро .

Кариера

Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат.

Здравје и совет

Јадете повеќе зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте.

Здравје и совет

Намалете ги калориите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер