Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
ЖивотМомче се бори со алигатор пред училиште на Флорида, децата врескаат од страв (ВИДЕО)Мајк Драгич (33) се борел со триметарски алигатор пред основно училиште во Џексонвил, Флорида.Младиот човек, кој инаку е аматерски ММА борец, се борел со необичниот противник на паркинг во близина на училиштето додека околу 200 ученици и случајни минувачи се собрале да ја гледаат борбата. На видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се види Драгич како фаќа голем алигатор за опашката во обид да го одвлече подалеку од децата и минувачите. Врескање се слуша при секое грчење на рептилот кој се обидува да се ослободи. Драгич на крајот се вооружил со стап за ловење, кој морал да го стави околу вратот на алигаторот. - Животното постојано се вртеше наоколу обидувајќи се да се ослободи. Толпата врескаше додека ја гледаше борбата меѓу човекот и ѕверот. Се чувствував како Бетмен – изјавил Драгич за локалните медиуми. На видеото се гледа ММА борецот и неколку пожарникари од Џексонвил како седат на рептилот, спречувајќи го да избега. - Многу борци ќе разберат дека сте нервозни кога ќе влезете во кафезот, но кога ќе се затвори вратата од кафезот треба да бидете сконцентрирани. Тоа е единственото нешто на што се сетив таа вечер - изјавил Драгич. Се проценува дека на Флорида живеат околу 1,3 милиони алигатори. Жителите можат да пријават алигатори подолги од метар што може да претставуваат закана за луѓето и домашните миленици или имотот, така што лиценциран ловец може да излезе за да ги отстрани. Рептилите кои се отстранети потоа се евтанизираат за да се спречи да се вратат на локациите каде што биле заробени или да предизвикаат нарушување на постоечките општествени структури на алигатори во други области, според Комисијата за зачувување на рибите и дивиот свет на Флорида.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и кражбиНа пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.Денеска (12.08.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Велес, ОВР Кавадарци и СВР Штип на неколку локации во Скопје, Кавадарци, Кочани, Виница, Штип, Делчево и Велес, реализираа сообраќајни превентивни активност со акцент на безбедноста на пешаците, потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига. На пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улицата да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации и низа други совети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. , за да влијаат на зголемување како на својата, така и на безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал. Полициски службеници од ПС Берово и ПК Градско, реализираа превентивни активности за заштита од пожари во рамки на кои на граѓаните им беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување, со цел да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година. Полициски службеници од ПО Чашка, Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Штип денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дождВремето утре променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе превртел преполн траект во Зимбабве, има 44 мртвиНајмалку 44 лица загинаа откако преоптоварен траект се превртел на езерото Кариба во Зимбабве, потврди полицијата. Бродот бил регистриран за 90 лица, но според продажбата на билети, превезувал 114 патници и пет члена на екипажот, со непознат број деца на бродот, објавува „The Guardian“. Иако официјалните бројки покажуваат дека бројот на лица на бродот е 119, не вклучувајќи ги децата, член на екипажот изјави за националниот радиодифузер „ZBC“ дека во времето на несреќата имало вкупно „153“ лица на бродот. Тој рече дека траектот се превртел вчера поради високите бранови. Еден од преживеаните патници изјави за „ZBC“ дека водата почнала да влегува во бродот околу триесет минути откако отпловил од градот Кариба кон островите и рибарските кампови. Единицата за цивилна заштита на Зимбабве (ЕЗЗ) соопшти дека специјализиран нуркачки тим е испратен на местото на настанот и дека операцијата за пребарување и спасување продолжува. Во претходните извештаи, ЕЗЗ наведе 15 мртви и 27 исчезнати. Кариба е најголемото вештачко езеро во светот по волумен Полицијата на Зимбабве го ажурираше бројот на жртви попладнево преку две објави на платформата „X“, објавени со разлика од 32 минути. Тие прво објавија 38 мртви. „Телата се извлечени од езерото“, напишаа тие. Набргу потоа, бројот на потврдени жртви се искачи на 44. Телевизијата „ZBC“ вчера објави видео на кое се гледаат неколку преживеани како седат на превртениот труп на траектот. Најмалку четири моторни чамци им доаѓаат на помош, додека хеликоптер лета над областа. Макстон Канхема Пејџ, медиумскиот работник кој прв го објави видеото, исто така сподели видео од брегот на својот Фејсбук профил. Во објавата, тој напиша дека езерото е „луто“. „Неколку моменти подоцна добив повеќе од 200 повици за потонувањето на траектот. Навистина тажен ден“, додаде тој. Кариба е најголемото вештачко езеро во светот по волумен. Се протега на околу 240 километри по границата помеѓу Зимбабве и Замбија. Ова не е првата несреќа на езерото. Беше создадено во 1950-тите со изградба на брана на реката Замбези, британски колонијален проект кој расели околу 57.000 луѓе. Браната Кариба сега ги снабдува двете земји со најмалку една третина од нивната електрична енергија. Несреќите на езерото не се невообичаени. На замбиската страна во 2014 година, 26 лица, меѓу кои 24 деца, се удавија кога се преврте брод што ги превезуваше на прослава на Денот на независноста. На зимбабвеската страна, пет лица загинаа во несреќа во 2021 година, а во октомври 2023 година, три лица исчезнаа откако се преврте брод. Еден месец пред тоа, се преврте и полициски брод, но тогаш немаше жртви.Тагови: траект Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook