МакедонијаМолк од институциите за саботната несреќа во која загинаа градежни работнициМолк од институциите повеќе од два дена, за тоа кој е одговорен за смртта за двајцата браќа кои загинаа во саботата додека копале канал во скопски Чаир. Обвинителството се уште ги чека извештаите од трудова и градежна инспекција. Засега она што Канал 5 донзава дека семејство не било ангажирано преку градежна фирма, а тројцата работници немале своја фирма. Денеска, ископниот канал беше оставен како по несреќата во саботата. Одронот што ги потрупа луѓето се уште стоше во каналот, а немаше никакво предупредување дека станува збор за опасност дека каналот е отворен. Жителите велат дека купот земја со бекатон плочките што бил на самиот ѕид паднал врз луѓето. Најверојатно од силните дождови претходно самиот ѕид бил нестабилен, велат околните жители. Професорот по трудово право Агим Шаќири објаснува дека непочитувањето на правилата на безбедност при работа носи жртви. Лекциите не се научени, а институциите не ги спроведуваат законите. Во саботата во ископ на канал загинаа двајца браќа, нивниот татко и зет поминаа со полесни повреди. Општина Чаир во саботата излезе со кусо соопштение дека работниците немале дозвола за работа. Несреќите во градежништвото се најчести минатата година 23 работници загинале на своето работно место, а 1790 се здобиле со повреди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: ИЈЗ беше институција која тонеше во долгови, а денес инвестира во опремаИЈЗ беше институција која тонеше во долгови, а денес инвестира во опрема , во инфраструктура и придонесува за јавното здравје„Добар ден и од мене би сакал да не се повртoрувам со тоа што досега беше кажано. Би сакал да честитам на тоа што е направено; од една институција која што тонеше во долгови денеска имаме инстиуција која што инвестира во опрема, во реновирање на инфраструктурата. Институција која што генерално се грижи за јавното здравје, за разлика од институција во минатото, а вие сте сведоци за оние ревозирски извештаи коишто се од минатото на која што служела за се, само за она за што требала да служи, а тоа е да се грижи за јавното здравје. Би сакал да се заблагодарам на директорката која што со своето залагање допринесува да секој ден имаме пријатни изненадувања од оваа институција, да се заблагодарам на министерот, на луѓето во министерството, на директорот на здравствениот фонд за поддршката за цело време што ја даваат во оваа институција и се разбира најголема благодарност до вработените во Институтот за јавно здравје, до сите оние кои што се борат, се трудат, работат тука секојдневно за да постигнат резултат повеќе. Тие се оние херои коишто треба да им одадеме една голема благодарност. Така што јас би сакал што почесто да се гледаме на вакви поводи каде што ќе можеме да ги поправаме грешките кои што се потсетник на едни минати времиња кои што никој не сака да ни се повторат.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Пендаровски и Ковачевски со спротивни тврдења за ГруевскиМакедонската јавност деновиве е сведок на рускиот рулет во СДСМ во кој од епизода во епизода се отвораат нови прашања, а одговорите стануваат се поконтрадикторни.Руски рулет во СДСМ - Пендаровски и Ковачевски си противречат за едно од најчувствителните политички прашања во поновата македонска историја Во рок од неколку дена, сведоци сме на две изјави од двајца поранешни носители на највисоките државни функции кои не можат истовремено да бидат точни. Станува збор за изјавите на поранешниот претседател на Републиката, Стево Пендаровски во гостувањето на емисијата “360 степени” и на поранешниот Претседател на Владата и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостување на емисијата “Само интервју” на Канал 5. Изјави кои отвараат прашање кое директно ја засега политичката историја на државата, начинот на кој биле носени одлуките и степенот на искреност што граѓаните ја добивале од тогашната власт предводена од СДСМ и ДУИ. Во своето интервју, Пендаровски јавно откри дека во периодот кога се барало решение за обезбедување мнозинство за уставните измени постоеле разговори и сценарија поврзани со можноста за враќање на Никола Груевски во Македонија. Тој вели, цитирам: „Во тој момент Груевски има само два начина како ќе се врати: помилување или закон за амнестија, бидејќи има две правосилни пресуди. Со измени у КЗ не можеш да го вратиш. Втората теза е уште полуда. Груевски се враќа тука, ја расцепува партијата на два дела, да гласаат за Бугари во Устав, и после тоа, тезата продолжува на крај и вели: А од тоа ќе има ќар и владеачката партија тогаш, СДСМ, бидејќи така полесно ќе го победи ВМРО на избори, раздвоено ВМРО.” Ова веќе не е обична политичка дебата. Ова е прашање за можен партиско-политички инженеринг врз правосудниот систем и врз институциите на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: „Скопска иницијатива“ ги обедини прогресивните сили во регионот за европска иднинаДенеска ја промовиравме Скопската иницијатива, регионална платформа за соработка меѓу сестринските партии и прогресивните сили во регионот и Европа.Темелот на таа соработка е борбата против авторитарните режими, борбата против корупцијата и европската интеграција на нашиот регион – практично, сите исти предизвици со кои се соочуваме во регионот. На почетокот, искрена благодарност до генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти, господин Џакомо Филибек, понатаму до госпоѓа Даша Шиловиќ, која ја предводи Мрежата за родова еднаквост, како и до претседателите на сестринските партии од регионот. Имавме одлични дискусии, споделивме искуства и предлози. Од овој состанок ќе произлезе и заедничка Декларација, која ќе ја потпишеме на следниот состанок што ќе се одржи кон крајот на годината. Имено, соочени со слични или исти предизвици, а тоа се силите на регресијата кои доминираат кај нас во Македонија и во регионот, и кои не дозволуваат да го продолжиме патот на развојот, реформите и евроинтеграцијата, мораме заеднички да се справиме со нив, затоа што заедно сме посилни. Особено во оваа ситуација и особено по вчерашниот самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват. За првпат вака јавно и во оваа форма сите земји членки на Европската Унија кажуваат дека Западниот Балкан припаѓа во Европа. Нудат механизми и олеснувања со кои се забрзува нашата евроинтеграција, а бенефитите од членството се добиваат и чувствуваат уште за време на преговорите, а не дури откако земјата ќе стане членка на Европската Унија. Сметам дека оваа можност треба да ја искористиме додека вратата е отворена во оваа форма. Да не ја пропуштиме шансата, затоа што станува збор за иднината на државата, за благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните кои со децении го чекаат овој момент. Сме имале многу разочарувања во минатото, вклучително и од Европската Унија. Едно од нив беше француското вето пред неколку години, кога сите очекувавме почеток на преговорите, но тоа не се случи. Потоа следеше понатамошен развој на процесот и сега треба да се направи следниот чекор – да започнат преговорите и отворањето на поглавјата. Искрено верувам дека во оваа форма, заеднички и многу посилни, ќе ги надминеме силите што нè држат во место, а кои како механизми и инструменти ги користат корупцијата и кражбата на народните пари. Токму тоа е горивото што им овозможува на овие авторитарни режими толку силно и моќно да владеат. Ви благодарам. Прес конференција, претседател на СДСМ, Венко Филипче, Скопска иницијатива Скопје, 06.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter