СДСМ: Мицкоски ги повикува граѓаните да пријават корупција – АКТ на СДСМ и граѓаните пријавија стотици случаи, кога ќе има одговор?
1СДСМ: Мицкоски ги повикува граѓаните да пријават корупција – АКТ на СДСМ и граѓаните пријавија стотици случаи, кога ќе има одговор?
СветМоди му потврди на Бајден дека сака да работи на обнова на мирот и стабилноста во УкраинаИндискиот премиер Нарендра Моди синоќа, во текот на телефонскиот разговор со американскиот претседател Џо Бајден, ја потврдил својата посветеност за враќање на мирот во Украина.„Детално разговаравме за различни регионални и глобални прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во Украина. Ја потврдив целосната поддршка на Индија за брзо обновување на мирот и стабилноста“, напиша Моди на платформата X. Тој додаде дека со американскиот претседател разговарал и за ситуацијата во Бангладеш и „потребата од нормализирање на ситуацијата и заштита на малцинствата, особено Хиндусите“. Моди на 23 август беше во Киев и разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски. За време на посетата на индискиот премиер беа потпишани четири документи од областа на медицината, земјоделската соработка, хуманитарните односи и културата./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ги повикува граѓаните да пријават корупција – АКТ на СДСМ и граѓаните пријавија стотици случаи, кога ќе има одговор?Премиерот и обвинителите ги повикуваат граѓаните да пријавуваат корупција, но не кажуваат кога ќе има одговор.АКТ на СДСМ поднесе пријави и во ДКСК и во Обвинителството. Сè пријавуваме заедно со граѓаните - одговор нема. Го пријавивме и Мицкоски врз основа на сомнеж дека е дел од балканскиот картел, дел од Вучиќевата организирана криминална група и шеф на нејзината експозитура за Македонија. ВМРО ја пријавивме како мафијашки синдикат што управува и со ЗНАМ и со ЗНАМ 2.0. Одговор за тендерите добивме само како утврдување татковство - дека татко не е татко. Ако Мицкоски сака да помогне, нека се пријави себеси, нека се уапси себеси и нека го признае целиот криминал, корупција, но и сите тешки дела против државата застапувајќи ги руските и Вучиќевите интереси. Мицкоски не сфаќа дека тој е извршна власт, а не правосудна. Не може тој да се поистоветува со обвинителството. Не може да ги дели инструкциите од говорница, од телевизија и преку телефон. Затоа имаме ваков извештај на Европската комисија. Затоа корупцијата е на највисоко ниво. Затоа стоиме во место за ЕУ. Обвинителството мора да работи независно. Не по повик од Мицкоски. Не по налог од ВМРО-ОКГ. Обвинителството дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа банда ВМРО-ОКГ. Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамШеик нарачал да му направат огромен Хамер- има дневна соба, кујна и тоалет (ВИДЕО)Некои ги претвориле автомобилите во печки за пица, други поставиле ражен во нив или ги претвориле во патувачки барови. Но, еден колекционер отишол многу подалеку и изградил Хамер кој има доволно простор за кујна, тоалет и пространа дневна соба. Тоа е Хамер H1 X3, џин на тркала висок колку двокатна куќа и долг приближно колку голем градски автобус. Неговите димензии се приближно три пати поголеми од димензиите на стандардниот H1, кој самиот по себе не е мал автомобил, пишува Јалопник. Овој огромен Хамер тежи повеќе од 59 тони, а неговиот ентериер повеќе личи на куќа за одмор отколку на автомобил. Седумчлен тим го градел година и пол Зад проектот стои милијардерот од Емиратите и колекционер на автомобили Хамад Ал Нахјан, познат и како „Шеикот на виножитото“. Тој е сопственик на една од најголемите колекции автомобили во светот, во која необични, уникатни примероци заземаат посебно место. Затоа, Хамер X3 совршено се вклопува во неговата колекција. Седумчлен тим работел на него околу година и пол. Во возилото се влегува преку скалите што се извлекуваат и се наоѓаат под каросеријата. На долниот кат има кујна. Вратата лево води до тоалетот, додека спроти се наоѓа машинската просторија и скалите до горниот кат. Наместо волан, има џојстик На горниот кат има простор од приближно 60 квадратни метри со десет фотелји. Огромните прозорци нудат панорамски поглед, а завесите можат да се спуштат за приватност. Возачкото седиште се наоѓа во задниот дел од тој кат. Опкружено е со бројни копчиња и прекинувачи, но нема класичен волан. Овој Хамер се управува со џојстик. Со оглед на неговите димензии, видливоста е посебен предизвик. Затоа на возачот му помагаат камери што на екраните покажуваат што се случува околу возилото. Воен транспортер е скриен под каросеријата Под каросеријата што го имитира Хамер Х1 се наоѓа основата на поранешниот американски воен амфибиски транспортер LARC-LX. Тоа е возило наменето за транспорт на товар по копно и вода, од кое X3 ја задржал челичната структура на трупот. Во машинската просторија има четири дизел мотори, по еден за секое тркало. Заедно тие развиваат приближно 1000 КС, што звучи импресивно сè додека не се сетите дека мора да преместат повеќе од 59 тони. Тркалата се повисоки од човек, а секоја гума наводно чини околу 25.000 долари. И покрај големата моќност, максималната брзина е само 32 км/ч. Излегува на пат со полициска придружба Колку е голем Hummer X3 всушност најдобро се открива во деталите. Според извештаите, потребна е дигалка за подигнување на предната хауба, а бришачите на шофершајбната се огромни. Според Јалопник, овој гигант може да се вози и по јавни патишта, но со полициска придружба. Покрај горивото за четири мотори, очигледно му треба многу слободен простор за возење.Тагови: Хамер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан КорабоскиОсновното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела.Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела - Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста. При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди. Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопшти Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook