Многумина не ја знаат приказната за куќата во која е спасен животот на Кемал Ататурк - Канал 5

Многумина не ја знаат приказната за куќата во која е спасен животот на Кемал Ататурк

Многумина не ја знаат приказната за куќата во која е спасен животот на Кемал Ататурк во кавадаречко Дабниште

Многумина не ја знаат приказната за куќата во која е спасен животот на Кемал Ататурк

Според усните преданија, пред повеќе од еден век, Мустафа Кемал Ататурк, пред Младотурската револуција, како млад офицер, преживеал во засолниште во Кавадаречко, кое му го обезбедил Атанас Ајзовски од селото Дабниште, за што подоцна од таткото на Турција Ататурк, добил подароци, меѓу кои и пушка „винчестер".

Тепан и понижуван, но не го предал револуционерот скриен меѓу волната од кошарата.

Гости од Турција во изминатиов период пред пандемијата од коронавирус доаѓаа во кавадаречкото село Дабниште, импресионирани од приказната за Атанаско, кој своевремено го спасил од смрт основачот на модерна Турција, Кемал Ататурк. Настанот се случил пред повеќе од еден век, пред Младотурската револуција. Турците изразуваа желба да ги видат селото и остатоците од објектите во кои своевремено бил засолнет таткото на Турција.

-Точно е дека расте интересот на турски државјани, без разлика дали имаат потекло од Македонија или не, за селото Дабниште и за местото на кое своевремено бил криен Ататурк, со цел да се спаси неговата глава, уште пред неколку години, ми рече поранешниот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов.

Дабниште е село кое се наоѓа осум километри југозападно од Кавадарци. Во годините по Илинденското востание таму живееле четворица браќа Ајзовски, од кои најстар бил Атанас, како што тврдат неговите потомци, висок скоро два метра, вистински горовит.

-Една вечер во 1908 година главниот на селото го повикал мојот прадедо Атанаско во беговата кула. Го замолил привремено да засолни негов пријател, по кого Турците имале распишано потерница. Прадедо ми го ставил гостинот во кошарата исплетена од лескови прачки. Го советувал да се покрие со волната што била таму. Така го скрил во долниот дел од куќата. Прадедо ми дење си ја гледал стоката и си работел по лозјата, а навечер разменувал по некој лаф-муабет со гостинот, за МИА раскажа Марјанчо Методиев од Кавадарци, еден од потомците на Атанас.

Набргу потоа стигнал аскер во селото. Пред земникот на Атанас бил арот со коњите и говедата. Меѓу нив имало една кобила на која никој не можел да и се приближи оти многу клоцала. Тоа била среќна околност за скриениот гостин. Војниците безмилосно го тепале домаќинот барајќи да каже за дојденецот во селото. Постарите раскажувале дека во селото биле тепани и Лазо Темов, Јованче Кузманов, Станоја Сејменов и други.

-Заптиите го врзале прадедо ми Атанас со јаже за вратот и така врзан за еден коњ го однеле до селото Гарниково каде што продолжиле да го тепаат и понижуваат. Утредента, мислејќи дека е готов, го растркалале по ридот како да е вреќа, а подоцна случајно го нашол селанец кој одел кон воденицата. Едвај преживеал, а го лекувале ложејќи го со кромид и сол и со топли кожи од овци, раскажува правнукот на Атанас.

Дотогаш Атанас не знаел кого крие, но подоцна дознал дека младиот офицер всушност бил еден од организаторите на Младотурската револуција од битолскиот гарнизон. Нивната разделба била срдечна, особено поради фактот што Мустафа видел низ што се минал неговиот домаќин, без да го предаде, иако воопшто и не го познавал.

„Винчестерката" од Ататурк во музеј

Поминале неколку години, но и покрај државничките обврски кои подоцна ги имал, Мустафа Кемал не го заборавил Атанас од Дабниште. Најпрвин му испратил подароци, меѓу кои и пушка „винчестер", кована со сребрени апликации. Атанаско ја чувал пушката како нешто најдраго.

-Во 1924 година мојот прадедо добил писмена покана да му биде гостин на Мустафа Кемал во Анкара. Долго го носел писмото во својот појас. Имал голема желба да го види младиот и славен државник, но на 78-годишна возраст не се охрабрувал да тргне на далечен пат. Кога во 1934 Мустафа Кемал го добил звањето Ататурк или татко на современа Турција, уште еднаш го поканил и му се заблагодарил на својот спасител, праќајќи му повторно подароци, тврди Методиев.

За оваа приказна знаат и во кавадаречкиот музеј. -Приказната со години се пренесувала од колено на колено во Дабниште. Таа има свое место и во монографијата „Дабниште низ вековите" од Цвета Трифунова, на која бев еден од рецензентите, вели историчарот Петре Камчевски, хроничар на Кавадарци и Тиквешијата.

Судбината сакала Атанас и Мустафа Кемал Ататурк да умрат во истата 1938 година, првиот како стогодишен старец, а вториот на 57-годишна возраст. Во Музеј-галеријата на Кавадарци се наоѓа пушката „винчестер" произведена во САД во 1897 година. За неа постои предание дека е тоа оружјето кое Мустафа Кемал му го подарил на Атанас. Историчарот Петре Камчевски, потврди дека според кажувањата на постарите, таа пушка Ататурк му ја подарил на Атанас од Дабниште. Кај многу гости на музејот низ годините, таа предизвикувала внимание, а се случувало да дојдат да ја видат и да ја фотографираат турски државјани кои престојувале во Тиквешко.

-Пушката со години била чувана во семејството Ајзовски. Нејзиното чување потоа продолжило во домот на учителот во селото Дабниште, илинденецот Пане Поп Коцев од Ваташа. Ќерката на Поп Коцев инаку била мажена за Мито Хаџивасилев Јасмин. Неговиот син, пак, новинарот Велко Поп Коцев, пред педесетина години ја предал пушката во кавадаречкиот музеј, откри Камчевски за МИА.

Една уметничка слика предизвика особено внимание неодамна на изложба во Дом на култура Кавадарци. На неа е претставена куќа од Дабниште.

-Многу луѓе не знаат дека во таа куќа му е спасен животот на Кемал Ататурк, рече ликовниот уметник Лазар Дојчинов, на отворањето на неговата најнова ликовна изложба.

Дел од соговорниците на МИА беа децидни, дека приказната за Атанас кој го спасил Кемал Ататурк, меѓу другото, е добар потенцијал за иден развој на историски туризам во Тиквешијата../МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон, кратко откако комисија за планирање предводена од членови на Комисијата за планирање на Трамп ја одобри нејзината изградба.

Привремената забрана ѝ забранува на администрацијата да „започне, изврши или на друг начин да изврши каква било изградба, ископ или други чекори“ во проектот Триумфална капија во период од 14 дена, објави NBC News.

Наредбата на судијата дојде еден час откако Националната комисија за планирање на капиталот го одобри огромниот и контроверзен проект за лакови, кој ќе биде сместен во Меморијалниот круг помеѓу Споменикот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон.

Дистриктот Колумбија и американската држава Вирџинија поднесоа тужба со која бараат привремена забрана за Триумфалната капија.

Демократскиот конгресмен Дон Бејер од Вирџинија ја поздрави пресудата и го обвини Трамп дека се обидува да ги заобиколи законските пречки.

„Оваа борба не е завршена. Иако оваа одлука го спречува Доналд Трамп веднаш да ги спроведе своите планови за создавање споменик на неговото его, судовите и Конгресот мора да воспостават трајни заштитни мерки за да ја спречат администрацијата на Трамп да го прекрши законот и да продолжи со овој проект“, се вели во соопштението на Баер.

Администрацијата на Трамп ја пофали одлуката на комисијата да ја одобри Триумфалната капија и ја критикуваше пресудата со која беше блокирана.

„Белата куќа ја поздравува одлуката на Националната комисија за планирање на капиталот целосно да ја одобри историската визија на претседателот Трамп за многу потребната Триумфална капија во Вашингтон. Активистичкиот Окружен суд потоа го блокираше проектот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, во соопштението на платформата X.

Тој рече дека администрацијата е уверена дека барањата за Триумфалната капија ќе бидат „целосно оправдани додека продолжува овој судски спор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака

Кристапс Порзингис (31), латвиски кошаркар и центар на Голден Стејт Вориорс, објави дека се повлекува од кошарката за да се фокусира на здравјето. 

НБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака

Веста ја објави вчера на социјалната мрежа X, без да открие какви здравствени проблеми имал. Исто така, не прецизираше дали планира да се врати на професионално играње во иднина.

„Оваа сезона навистина се радував повторно да играм со оваа група играчи, но како што постепено го зголемував интензитетот на тренингот, моето тело не реагираше онака како што очекував“, напиша Порзингис, четвртиот избор на драфтот во 2015 година и играч кој беше познат во НБА како Еднорогот поради неговата тогаш ретко видена способност да создава акции и да погодува тројки на 218 сантиметри висина.

„Добро сум, но знам што е потребно и во моментов не сум таму каде што сакам да бидам за да играм на нивото што го очекувам од себе. Во овој момент решив да го ставам здравјето на прво место и да се оддалечам од играта што ја сакам“, додаде латвискиот кошаркар.

Поради здравствени проблеми, тој ги пропушти подготовките за сезоната

Статусот на Порзингис е неизвесен од крајот на септември, кога Вориорс објавија дека ќе биде надвор од терените на неодредено време поради здравствени проблеми. Потоа беше потврдено дека нема да патува со тимот на Хаваи, каде што Голден Стејт се подготвуваше за новата НБА сезона.

Латвискиот центар не играше ниту еден натпревар оваа сезона, а сега одлучи да ги прекине кошаркарските активности за да се посвети на закрепнување. Во својата објава, тој истакна дека има намера да соработува со Вориорс за да најде решение кое ќе им одговара на двете страни.

Тој беше четвртиот избор на НБА драфтот и освои титула со Бостон

Порзингис пристигна во НБА во 2015 година, кога Њујорк Никс го избраа за четврти играч на драфтот. Во текот на 11 сезони, тој промени шест клубови. Покрај Њујорк, тој играше за Далас Маверикс, Вашингтон Визардс, Бостон Селтикс и Атланта Хокс, пред да се приклучи на Голден Стејт Вориорс.

Тој го постигна својот најголем успех во 2024 година, кога ја освои титулата во НБА со Бостон Селтикс.

За време на својата кариера, тој се профилираше како еден од најпознатите европски високи играчи во НБА, благодарение на неговата комбинација од висина, шут за три поени и способност да ја брани обрачот. Иако неговата објава го поставува прашањето за продолжување на кариерата, Порзингис сè уште официјално не потврди дека трајно завршил со професионалната кошарка.

Во својата кариера, тој одигра повеќе од 530 натпревари во регуларната сезона со просек од 19,5 поени и 7,6 скока.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека самонаметнатата граница од 2.000 километри (1.200 милји) на дострелот на нејзините балистички ракети е укината, изјави денеска портпаролот на ИРГЦ, генерал Хосеин Мохеби.

Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?

Тој рече дека Иран ќе ги покаже своите способности во пракса, наместо да дава изјави, пренесе АП.

Тој не прецизираше дали иранската војска има балистички проектили способни да надминат дострел од 2.000 километри.

Неговата изјава доаѓа неколку дена по изјавата на иранскиот врховен водач Мојтаба Хамнеи, кој рече дека Иран ќе одговори на заканите од САД или Израел „без географски ограничувања“.

И покрај тврдењата дека го ограничува дострелот на своите проектили на 2.000 километри, во март Иран наводно се обидел, но не успеал, да ја погоди заедничката американско-британска база во Диего Гарсија во Индискиот Океан, која е на околу 4.000 километри (2.500 милји) од Исламската Република.

Американските власти, исто така, посочија дека технологијата од иранската вселенска програма би можела да се пренамени за изградба на интерконтинентални балистички ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер