Младите македонски ракометарки се пласираа на ЕП - Канал 5

Младите македонски ракометарки се пласираа на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години, ја забележа втората победа и се квалификуваа на Европското првенство кое во август ќе се одржи во Валенсија, Шпанија.

Младите македонски ракометарки се пласираа на ЕП
По вчерашниот триумф над Исланд со 22:20, попладнево младите македонски ракометарки, ја совладаа селекцијата на Холандија со 26:19.

Најефикасна во нашата селекција беше Теодора Ќерамичиева која постигна 10 голови, додека Ангела Тодоровска придодаде 6, а Сара Ристовска беше стрелец на 4 гола.

Ова беше натпревар од 2.коло во првата квалификациска група, чиј домаќин е Скопје, односно натпреварите се играат во СРЦ „Кале’’.

Во првиот меч од денешната програма Црна Гора беше подобра од Исланд со 23:17.

Па така, утрешниот меч меѓу Македонија и Црна Гора кој ќе се игра од 18 часот и 30 минути, директно ќе решава за првото место на табелата.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигнува долгоочекувана функција за „Windows 11“

Наскоро ќе можете да го видите статусот на батеријата на сите поврзани уреди директно на заклучениот екран и на таблата со виџети (Widgets Board).

Пристигнува долгоочекувана функција за „Windows 11“

Се чини дека „Microsoft“ работи на нов, корисен виџет за „Windows 11“ кој ќе го прикажува статусот на батеријата на вашиот уред, како и на сите безжични периферни уреди поврзани со вашиот компјутер. Спомнувања за овој виџет првпат беа забележани на „Discord“, во најновите пробни верзии (preview builds) на „Windows 11“, иако сè уште не изгледа дека е целосно функционален.

Новиот виџет за батерија ќе биде достапен на таблата со виџети во „Windows 11“, а ќе може да се постави и на самиот заклучен екран. Иако сè уште не е во функција, кодот и графичките елементи се веќе присутни во најновите верзии на системот, откривајќи како ќе функционира виџетот и како всушност ќе изгледа.

Виџетот поддржува и светли и темни режими на приказ и ќе ги прикажува уредите во вертикална листа, почнувајќи со батеријата на вашиот компјутер на самиот врв. Секој уред ќе има соодветна икона, заедно со неговото име и процентот на наполнетост на батеријата. Дополнително, виџетот ќе покажува кога уредот се полни и дали е вклучен или исклучен режимот за заштеда на енергија.

Се разбира, другите платформи со години имаат некаква форма на виџет за батерија. И „Android“ и „iOS“ имаат виџети што го прикажуваат нивото на батеријата за поврзаните додатоци, а „Windows 11“ сега го надополнува тој јаз со воведување на истата функционалност.

Новиот виџет за батерија ќе биде добредојдено дополнување на таблата со виџети – функција која многумина ја сметаа за главно бескорисна уште од нејзиното воведување во 2021 година. Иако некои апликации ја искористија, повеќето од нив не го сторија тоа.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод

Во рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.

„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод

Со почетокот на новата учебна година, полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера (11.09.2026) во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод и во основното училиште „Кемал Ататурк“ во село Пласница реализираа превентивна активност во рамки на проектите „Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“.

Во непосредна комуникација со учениците, полициските службеници ги запознаа со основните правила и прописи во сообраќајот, со посебен акцент на безбедното движење на релација од домот до училиштето и обратно.

Во рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет лица за „безобѕирно управување со возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради „безобѕирно управување со возило“.

Лишени од слобода девет лица за „безобѕирно управување со возило“

Четворица од возачите управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Куманово, Скопје и Делчево. Кај еден од нив, кој управувал мотоцикл, биле измерени 2,37 промили алкохол во крвта.

Четворица возачи управувале возило без положен возачки испит, од Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Меѓу нив е и малолетник од Гостивар, додека возачот од Тетово управувал мопед без положен возачки испит.

Еден возач од Виница управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли, со цел навремено санкционирање на возачите кои со своето однесување ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот, се клучни за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер