Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
ЖивотМладата Кристина одгледува свилени бубиМладата Кристина Тодорова од Неготино има несекојдневна љубов, одгледува свилени буби. Тие уживаат во својот простор, во собата веднаш до нејзината. Дваесет и тригодишната неготинка е апсолвент на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, па се заинтересирала за одгледувањето свилени буби, коишто како извор за храна користат само листови од црница. Кристина знае дека во минатото, тиквешани, освен грозје, одгледувале и свилени буби. Така било до почетокот на шеесетите години, во Тиквешијата, покрај лозјата, се одгледувале и свилени буби. -Во обезбедувањето соодветни услови при одгледувањето на моите нови миленици, со совети ми помага мојот дедо Петре. Тој, како мал, кога во овој крај масовно се одгледувале свилени буби, бил одговорен за хранење на ларвите со листови од црница, во неготинското село Војшанци, откри оваа девојка за МИА. Таа нагласи дека свилените буби ги одгледува само експериментално. -Би рекла, за запознавање со оваа древна култура, овој дргагоцен инсект, којшто со децении наназад се одгледувал по селата во големи количини. Јас ги одгледувам во соба во специјални кутии, кадешто секојдневно им додавам свежи листови. Моите блиски пријатели се заинтересирани за нив, со оглед на фактот дека според моите информации, само овде, во земјава, се одгледуваат и се многу љубопитни да ги видат, а посебно, природната свила, кожурецот, вели таа за свилените буби. Тодорова додаде дека нејзини втори миленици коишто ги одгледува во моментов, се паразитоидните оси, коишто се најголем непријател и природен контролор на популацијата на мувите. -Станува збор за многу мали осички со големина од околу 1 милиметар и целта ми е да им помогнам на фармерите во борбата со штетните инсекти околу фармите, на безбеден биолошки начин, без употреба на инсектициди. Овој втор проект е помогнат со високо специјализирана техничка помош од The EU4Tech PoC, преку шест форми на поддршка. Развој на технологија и прототипови за комерцијална демонстрација, поддршка и менторство на претприемништво, управување со интелектуална сопственост, анализа на пазарот, деловен план и деловен модел и последователна поддршка за финансирање. Проектот е се уште во тек и имам помош од стручни лица професори од Ирска, Србија и Македонија, информираше младата неготинка, која активно работи на бројни проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина. Најомилена храна дудинки или црници Историчарот Петре Камчевски од Кавадарци, за МИА рече дека според пишаните документи, а и сеќавањето на постарите ваташани, во Ваташа во средината на 19 век до почетокот на 20 век, македонски и турски семејства одгледувале свилени буби. -Свилата отсекогаш била многу ценета ткаенина, а неа ја носеле и Македонците и Турците. Особено ја ценеле жените кои за свечени прилики знаеле да облечат убави свилени кошули, нагласи Камчевски. Во монографијата за селото Ваташа, Камчевски пишува дека секоја година во текот на месец мај, во одредени простории во куќите или шупите, се земале по неколку унци бубино семе, кои потоа се ределе врз специјално направени полици. Потхранувањето, отпрвин повремено, а подоцна почесто, вообичаено го вршеле жените. Најомилена храна за свилените буби биле листовите од дудинки или црници. Во Ваташа црниците се одгледувале во близината на лаките со ѓонче или детелина, а ги имало покрај реката Луда Мара. Во својот развој, свилената буба не живеела многу долго, само два месеца. Во текот на тој период таа поминувала низ четири фази на развој и тоа јајце, ларва, кожурец и ноќна пеперуга. Јајцата се чувале на студено околу шест дена, а потоа се потопувале во топла вода и се оставале да се исушат на воздух. Потоа се ставале на топло место, се додека од нив не се изведат ларвите. Од секое јајце излегувала по една мала бела ларва со големина од 6 до 7 милиметри. -Иако мали, ларвите се многу лакоми и се претпоставува дека секоја од нив јаде 30 илјади пати повеќе храна од нејзината почетна тежина. Во текот на оваа фаза свилената буба неколку пати ја отфрла својата обвивка. На крајот од периодот од 30 дена ларвата престанува да јаде, се закачува на парче слама и почнува да преде кожурец, создавајќи долги непрекинати влакна свилен конец. Ларвите се покриваат со тие влакна, се додека по три дена, не е готов кожурецот. Бидејќи само од непробиените кожурци се добива долго и тенко влакно, свилената буба со помош на пареа или жежок воздух, се убива додека е во кожурецот. По уништување на ларвите со загревање, непробиените кожурци се делат според бојата и нивните влакна се намотуваат на калем. За свилата да омекне, кожурците се ставаат во вода која се загрева на температура до 60 целзиусови степени. Потоа влакната од неколку кожурци се сложуваат во група и од нив се прави преѓа, за ткаење на свилата, стои во објаснувањето за свилените буби. Свилата ја правеле жените, а ја носеле и мажите Преѓата која се добивала од влакната, се употребувала за правењеа ткаенина или за плетење на многу цврсти јажиња. -Свиларите од Ваташа знаеле како со додавање на соли од калај или железо, да се подобри густината на ткаенината и да се подобри нејзиниот квалитет. Свилата во Ваташа ја правеле само жените и се сметала за женска работа. Секоја жена работела на бакарен сад полн со жешка вода, во кој ги потопувала кожурците. Со неколку остри удари кожурецот се ослободувал од надворешната обвивка, а потоа тенките влакна се одмотувале и се плетеле во две до шест влакна. Од еден кожурец се добивале околу илјада метри свилено влакно, пишува во монографијата. Кога бубите ќе се завиткале во кожурец, по десет до петнаесет дена, домаќинките или жени кои добро се разбирале од таа работа, ја влечеле свилата во мосури. Нив ги поставувале во топла вода и оттаму ги влечеле свилените влакна, кои потоа ги навиткувале на мотовила, а потоа од конецот се правела свилена ткаенина. Обично со свила се ткаеле краиштата од другите влакна, или пак се ткаело платно само од свила. Тоа платно народски се викало "буранџук". Од свилената ткаенина која обично имала бела или жолта боја, во зависност од кожурците, жените правеле кошули, а со платното се правеле и везени крпи, шамии, мафези или шкепиња, кои обично ги носеле помладите жени. Според податоците до кои дошол Камчевски, свилата како ткаенина најмногу ја носеле жените, иако и мажите летно време носеле кошули од свила. Обично кога се правеле свадби, најголемиот дел од младите девојки и момчиња биле облечени во свилени кошули. Покрај тоа што од свилата се правела ткаенина, таа се употребувала за правење торби за топовски барут, за гуми за велосипед, за непробојни елеци, хируршки конец и слично. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРасел Бренд се соочува со нови тужби- загрозено му е богатството од 17 милиони евра Расел Бренд (51) вчера беше прогласен за виновен по едно обвинение за силување и три обвиненија за сексуален напад во Краунскиот суд Саутерк во Лондон . Казната сè уште не е објавена и ќе биде одредена за неколку дена, додека актерот моментално е во притвор. Покрај повеќегодишната затворска казна, тој се соочува со сериозни финансиски последици. Според извештаите на медиумите, вклучувајќи го и „Гардијан“, други жртви би можеле да го тужат Бренд за отштета. Неговото богатство се проценува на околу 17 милиони евра, но оваа сума не е официјално потврдена и би можела значително да се намали поради можни граѓански тужби, пишува „Промифлеш“. Се очекуваат и бројни барања за отштета Една жена веќе бара до 120.000 евра во Високиот суд во Лондон, а против него е поднесена уште една тужба во САД. Се очекува дека и други жени би можеле да поднесат слични барања. Обвинителот во Лондон го обвинува Расел дека сексуално ја нападнал во 2008 година во неговата вила во Лос Анџелес. Судските документи, што ги виде „Гардијан“, наведуваат дека тој насилно ја соблекол нејзината облека и долна облека и ја турнал на креветот. Потоа, наводно против нејзина волја, тој се обидел да изврши орален секс врз неа. Жената рекла дека успеала да избега и подоцна ѝ е дијагностицирано посттрауматско стресно растројство (ПТСН). Таа ја поднела тужбата во 2025 година, а Расел оттогаш ја нарекол „фундаментално нечесна“. Постапката по таа тужба била прекината за време на тековното судење бидејќи наводниот инцидент се случил надвор од надлежноста на англиските кривични судови. Оваа жена не била една од четирите обвинители во кривичната постапка. Сомнителни приходи и нови истраги Не е познато колку пари Расел Бренд моментално поседува или колку од неговите средства му се достапни. Тој остварил приход од комедија, телевизија, радио, холивудски филмови, книги и онлајн формати. Откако бил демонетизиран на YouTube во септември 2023 година, Дејли Меил проценил дека заработувал околу 1 милион евра годишно на таа платформа. Во меѓувреме, Метрополитенската полиција сè уште истражува уште две обвинувања за силување. Документацијата за тие случаи веќе е предадена на Канцеларијата на британскиот државен обвинител.Тагови: Расел Бренд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)Во Литванија започнаа воените вежби на Бундесверот, во кои учествуваат повеќе од шест илјади војници, а ќе траат до 3 декември.„Во вежбите „Штит на слободата 26-II“ и „Голем орел 26“ учествуваат единици на литванската 45-та оклопна бригада Литванија и 37-ма моторизирана пешадиска бригада Саксонија на германската 10-та оклопна дивизија“, се вели во соопштението, јавува LRT. Заедно со литванските и германските војници, борбена обука ќе поминат и војници од мултинационалната борбена бригада на НАТО од Германија, Холандија, Норвешка, Чешка, Хрватска, Белгија и Луксембург, како и литванска воена единица. 🇩🇪🇱🇹 В пятницу в Литве начинаются масштабные военные учения Бундесвера с участием более 6000 военнослужащих.‼️ 🛡️В маневрах Freedom Shield 26-II и Grand Eagle 26, которые продлятся до 3 декабря, задействованы подразделения 45-й бронетанковой бригады Lietuva и 37-й мотопехотной бригады Sachsen 10-й танковой дивизии Германии.‼️ — Александр Кайдаш (@wizardaleks) November 6, 2026 Главната цел на маневрите е да се зголеми борбената готовност на војниците, да се вежба команда и контрола и планирање на операции, како и да се зајакне соработката со сојузниците. Литванската војска појасни дека вежбата „Штит на слободата 26-II“ ќе се одржи на воениот полигон Руднинкај, додека вежбата „Голем орел 26“ ќе се одржи на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во близина на градот Пабрада. Do Polski wlewają się coraz większe ilości niemieckiego wojska !!! Nie wypada nikogo straszyć obecnością sojuszników z NATO, ale pomimo przemieszczania się niemieckich wojsk na wschód czy to do Litwy gdzie stacjonuje niemiecka brygada, czy to na ćwiczenia w Polsce to należy głośno powiedzieć, że jest to najgorszy możliwy moment aby niemiecka armia była widziana na polskich drogach. W tej chwili trwa zamach na polską wolność i demokracje premiera, który ma niemieckie pochodzenie i elity UE oficjalnie go wspierają. Do tego obecnie na czele UE stoi niemiecki komisarz i albo te niemieckie wojska rzeczywiście przybywają z odsieczą dla puczysty Tuska albo niemieckie Elity po prostu mają całkowitą pogardę dla Polaków. Obie opcję są godne potępienia. — Dariusz Wiewiórka (@darekwiewiorka) November 6, 2026 Воените возила ќе бидат во активна употреба во текот на целата воена вежба. Најголем сообраќај на конвои се очекува од граничниот премин Калварија на 6 и 7 ноември, а од Клајпеда на 10 и 12 ноември. Локалните жители се предупредени за можни прекини во сообраќајот и се замолени строго да ги следат упатствата на воената полиција. Русија во последните години постојано изразува загриженост за активностите на НАТО долж нејзините западни граници. Кремљ истакна дека Москва не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси.Тагови: воена вежба НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter