ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
2ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
1Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
2Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
Европа20 повредени во руски напади врз Украина - американскиот конгрес усвои нов пакет санкции за Москва20 луѓе се повредени, меѓу кои и две деца, во последниот бран руски воздушни напади врз неколку региони во Украина..Како што соопшти претседателот Володомир Зеленски, во нападите со балистички ракети, други ракети и беспилотни летала во Киев и Одеса биле погодени станбени згради, а имало напади и на енергетски објекти.. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека меѓу повредените имало деца на 10 и на 12 години, а десетина биле пренесени во болница. По американскиот Сенат, синоќа и Претставничкиот дом усвои закон за сеопфатни санкции и царини со кои треба да се зголеми економскиот притисок врз Русија.. Мерката предвидува нови санкции против руски функционери, олигарси, банки и финансиски институции, како и механизми насочени кон приходите од руската продажба на енергенси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед! Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија. Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот. „Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш. Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМинистерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби. Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети. Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели. Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот. Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО: д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
ФудбалБарселона поради Алварез мора да плати 602 евра!Шпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра поради контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. Каталонците наводно ги прекршиле правилата при преговорите со брилијантниот Аргентинец, а Атлетико Мадрид на 30 јуни поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и до ФИФА, тврдејќи дека Барселона започнала преговори со Алварез без претходно писмено да го извести неговиот клуб. Врз основа на поднесената пријава, надлежните органи на Федерацијата на 30 јули покренаа дисциплинска постапка, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, бил во корист на мадридскиот клуб. По разгледување на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврдениот прекршок како полесен. Поради тоа, на Барселона ѝ беше изречена парична казна од 602 евра, што претставува највисок износ предвиден за ваков вид прекршок согласно член 133 од Дисциплинскиот правилник. Ова не е првпат Барселона да се соочи со слични санкции по пријава од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра поради недозволени контакти со Антоан Гризман, кој во тој период исто така настапуваше за тимот од Мадрид.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39