1Сузуки го претстави најмалиот електричен автомобил во Европа, цената ќе биде под 20.000 евра (ВИДЕО)
ЕвропаМлада Нигеријка е уапсена на аеродром во Италија со 121 капсули со дрога во стомакот Дваесет и осумгодишна Нигеријка која живее во северна Италија е уапсена во Тревизо откако прошверцувала 121 капсула хероин и кокаин во своето тело со лет на „Рајанер“ од Брисел.Полицијата се посомневала поради екстремната нервоза што ја покажала по слетувањето, пишува „Ил Месаџеро“. Жената била запрена од карабинери на улицата Ноалезе, во близина на меѓународниот аеродром Антонио Канова во Тревизо, не долго по слетувањето од Брисел. За време на проверката, патничката покажала очигледни и необјасниви знаци на нервоза, поради што полицајците одлучиле да извршат подетална проверка. Таа била однесена во полициската станица, каде што признала дека претходната ноќ проголтала околу 120 капсули со дрога за да ги избегне граничните контроли , односно 1,2 килограми кокаин и хероин. Нејзината изјава веднаш била потврдена во болницата, каде што медицинските и дијагностичките прегледи потврдиле присуство на бројни туѓи тела во абдоминалната празнина. За време на постапката за вадење, која била спроведена под постојан медицински надзор, од нејзиното тело биле извадени вкупно 121 капсула. Тие содржеле кокаин и хероин со вкупна тежина од околу 1,2 килограми. Жената, која претходно немала полициско досие, била уапсена и, по наредба на судските власти во Тревизо, по прегледите била префрлена во затворот во Венеција.Тагови: аеродром дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП БогородицаИнтензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот. „Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргументПремиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома. Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри. „Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанче Тошковски во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Фемицидот во подем, како до брзи системски решенија за насилниците? До кога границата ќе биде швајцарско сирење и зошто се уште не знаеме кој и како ја спроведе Михаилова надвор од државата? „Сејф сити“ му донесе светска награда, но како да се спречи и дивеењето по улиците? Во двегодишниот мандат, преживеа и три опозициски интерпелации во Собранието, дали полицијата денес е подобра отколку пред 3 години? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook