Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
2Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
3Власта уверува дека води проактивна економска политика, опозицијата обвинува за лошо економско менаџирање
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
СветОбјавени се последните зборови од кокпитот на авионот, што се урна на аеродромот во Мејн (ВИДЕО)Во видео од пилотската кабина на приватен авион што се урна поради обилен снег со осум лица во него, може да се слушне глас како вели „нека биде светлина“.Деловниот авион „Бомбардиер Челинџер 650“ се урна вчера за време на полетувањето од Меѓународниот аеродром Бангор во Мејн околу 19:45 часот по локално време, објави „Дејли меил“. Драматичните снимки ги прикажуваат остатоците од авионот наопаку на пистата. Сè уште не е јасно како се случила несреќата или дали некој од осумте лица во авионот преживеал. Аудиото од радио комуникациите на авионот вклучува глас кој вели „нека биде светлина“ неколку минути пред несреќата. Не е јасно дали морничавата фраза ја изговорил еден од пилотите или контролорот на летање, или што точно мислеле. Voice heard saying 'Let there be light' moments before private jet crashed at Maine airport with eight on board https://t.co/BnQJUjmTD0 — Daily Mail (@DailyMail) January 26, 2026 Тие можеби коментирале како пистата 33 на аеродромот Бангор се претворила од потполна темнина во силно осветлена откако биле вклучени светлата на пистата. Друго видео, од камера на врата, снимило силен тресок додека авионот удрил, но не го снимил самиот авион. Други радио комуникации вклучуваа разговори меѓу пилотот и контролата на летање за слаба видливост за време на зимска бура и за одмрзнување на авионот пред полетување. Помалку од две минути откако кулата го пушти полетувањето, се слушна извик: „Целиот сообраќај е запрен на аеродромот! Целиот сообраќај е запрен на аеродромот!“ Неколку минути подоцна, друг контролор рече: „Авионот се преврте. Имаме патнички авион наопаку.“ Се очекуваат ажурирања за состојбата на лицата во авионот во 10 часот наутро по источно време. Сведок тврдеше дека авионот се кренал од пистата, потоа се вратил на неа и „експлодирал“. Фотографиите го покажуваат уништениот авион како се распаѓа и се тркала на пистата, а воздухот е исполнет со црн чад. Авионот е регистриран во адвокатска фирма во Хјустон, според записите за воздухопловство. Се верува дека летот бил на пат кон Париз и се верува дека застанал во Мејн за да наполни гориво пред ноќното патување низ Атлантскиот Океан. Температурата во времето на несреќата била само 1 степен Фаренхајт (минус 17 степени Целзиусови), а Бангор во неделата имал од 6 до 8 инчи снег. Федералната администрација за воздухопловство и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот ќе ја истражат несреќата. Зимската бура предизвика сообраќаен хаос низ САД, при што беа откажани повеќе од 11.000 летови. Метеоролошките камери на FAA регистрираа облачни услови на аеродромот во времето на несреќата. Предупредувањето за зимска бура стапи на сила во Мејн во 19 часот и ќе трае до 3 часот наутро во вторник. Метеоролозите ја опишаа бурата како катастрофална, при што најмалку 24 држави прогласија вонредна состојба.Тагови: авион аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаСтудентите на средба со министерката Јаневска во владатаПовисок субвенциониран студентски оброк, бесплатен јавен и меѓуградски превоз, пристојни услови во студентските домови. Ова се дел од барањата што студентите ги ставија на маса пред министерката за образование Весна Јаневска.Иако законот предвидува усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, од 2023 година износот е зголемен само еднаш, од 120 на 140 денари. Јаневска посочува дека досега се постапувало според договореното со студентите. „Имаме пишани докуманти во кои велат не сакаме покачување, сакаме проширување на квотата. Ние сме ја прошириле квотата до моментот на барање важи тој договор. И покачувањето од 20-те денари ја покрива 2025 година и дел од 2026 до нивното ново барање. Инфлацијата ако ја пресметаме за оваа година ќе биде 147 денари. – Весна Јаневска, министерка за образование и наука За бесплатниот јавен и меѓуградски превоз, Јаневска вели дека Министерството за образование нема надлежност да ги исполни овие барања. ,,Превозот како превоз и состојбата во државата не се во ингеренциите на Министерството за образование и наука. Има друго Министерство за тоа и има Локална самоуправа која претпоставувам според потребите и го решава превозот.Во однос на барањата на студентите за меѓуградски превоз немаме законска можност. Тоа би требало да биде нешто ново да го сработиме во иднина.“ – Весна Јаневска, министерка за образование и наука Дополнително министерката уверува дека за само две години оваа Влада во однос на студентскиот стандард направила многу повеќе од претходната. Таа најавува дека есенва ќе почне реконструкција на уште три студентски домови, а напролет како што вели, се очекува да започне обновата и на преостанатите. Според министерката, состојбите постепено се доведуваат во ред, но за поголеми промени е потребно време. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНад 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите3.266 граѓани се вакцинирале се новата вакцина против грип, од 6.710 закажани термини за вакцина. Министерот за здравство Клековски посочи дека денеска е склучен договор за нови дополнителни 26 илјади вакцини од производителот Санофи кои треба да приститигнат до 15 ноември. Најголем интерес за вакцина има кај возрасните луѓе над 65 години, а потоа следуваат хронично болните. „Секој ден се вакцинираат по илјада луѓе. Со новите закажувања се очекува и до 1.700 вакцинации дневно“, вели Сашо Клековски, Министер за здравство Досега се пријавени 66.821 граѓани. Во моментов има 56 илјади вакцини, а највени се вкупно 86.000 вакцини. „Не се јавиле 500 граѓани, доколку не можат на време да отидат на вакцина да откажат. Ќе има вакцини за сите. И во Јануари да се вакцинираат ќе имаат солиден имунитет“, потенцира Клековски. Тимови на здравствените домови вакцинираат во домови за стари луѓе, а од наредната недела и во центрите за дијализа потврди министерот за здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаТошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во МакедонијаТошковски оствари повеќе значајни средби.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета на Флорида, Соединетите Американски Држави, каде што учествуваше на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP) во Орландо, еден од најголемите светски собири на полициски професионалци, посветен на иднината на полициското работење и справувањето со современите безбедносни предизвици. Во рамки на конференцијата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби, меѓу кои и со Николас Колура, директор на Дипломатската служба за безбедност при Стејт департментот на САД, како и со Рик Смит, основач и главен извршен директор на компанијата Axon, која развива современи технолошки решенија во областа на јавната безбедност. На средбата со Смит беа разгледани можностите Македонија да стане регионален демонстрациски центар за технологиите на Axon, каде што преку практична примена на современи решенија, вклучително и вештачката интелигенција, би се презентирале нови модели на полициско работење пред институциите од регионот. Ваквата иницијатива би придонела за зајакнување на регионалната соработка и размената на знаења, искуства и технолошки иновации. На покана на шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, министерот Тошковски учествуваше и на Global Innovation Summit, каде што акцентот беше ставен на практичната примена на вештачката интелигенција, беспилотните летала и антидронските системи во заштитата на јавните простори, критичната инфраструктура и безбедноста на населението. Во рамки на работната посета, министерот го посети и Полицискиот оддел во Мајами, каде што непосредно се запозна со современите оперативни модели на американската полиција, вклучително и користењето системи за видеонадзор, напредна аналитика и обработка на информации во реално време. Овие решенија овозможуваат навремено препознавање на безбедносните закани, подобра координација на полициските единици и побрза реакција при инциденти. Министерот Тошковски истакна дека размената на искуства со развиените полициски системи е значајна за понатамошната модернизација на македонската полиција и воведувањето конкретни технолошки решенија во секојдневното работење. „Нашата цел е искуствата и современите технологии да ги преточиме во практични решенија што ќе овозможат побрза помош за граѓаните во критични ситуации, поефикасно спречување на криминалот и поголема заштита на животот и имотот“, нагласи Тошковски. Работната посета на САД претставува можност за продлабочување на меѓународната полициска соработка, размена на добри практики и разгледување нови пристапи за технолошко унапредување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.дно секојдневие на секој граѓани. Целта е јасна – македонската полиција да биде чекор пред криминалот, побрза во реакцијата, поефикасна во заштитата и поблиску до граѓаните. Модернизацијата не е само вложување во нова опрема и технологии, туку во систем што навремено ги препознава заканите, спречува кривични дела и спасува човечки животи. Токму во таа насока Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да ги развива своите капацитети, со крајна цел – посилна полиција, поголема безбедност и држава во која секој граѓанин ќе се чувствува сигурно.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00