Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
МакедонијаМизрахи предложи формирање регионална мрежа за индустриско наследство во рамките на ЦЕИПратеничката Рашела Мизрахи учестуваше во работата на Генералниот комитет за култура на Парламентраната димензија на Централноевропската Иницијатива што се одржа на (ПД на ЦЕИ) што се одржа од 15 до 16 јуни 2026 година во Катовице.Пратеничката Рашела Мизрахи учестуваше во работата на Генералниот комитет за култура на Парламентраната димензија на Централноевропската Иницијатива што се одржа на (ПД на ЦЕИ) што се одржа од 15 до 16 јуни 2026 година во Катовице, Шлезиско Војводство, Полска. Посетата на Шлезиското Војводство беше организирана на три локации Тарновски Гори, Бајтом и Катовице додека фокусот на состанокот беше насочен на темата: Ревитализација на пост-индустриските области во Централна Европа. На маргините на состанокот се организираа теренски посети на стари рудници, топилници и челичарници со цел да се прикаже брзиот развој на шлезискиот регион, поддржан од локалните и централните власти и финансиран од Европската Унија. Главниот акцент беше ставен на трансформацијата на пост-индустриските области во културни места и простор за заедницата во општините. На настанот учестуваа пратеници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешката Република, Италија, Молдавија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Украина како и претставници на Извршниот секретаријата на ЦЕИ со седиште во Трст. Пратеничката Рашела Мизрахи во својата дискусија укажа дека ревитализацијата на пост-индустриските области не претставува само урбанистички и економски предизвик, туку е прашање на зачувување на културното наследство, идентитетот и колективната меморија на заедниците. Наместо овие локации да се третираат како товар, сè повеќе европски градови ги препознаваат како можност за создавање нови центри на културата, иновациите, образованието и креативните индустрии. Таа истакна дека нашата држава не е изземена од глобалните трендови на деиндустријализацијата. Некои од старите индустриски комплекси од 19-тиот и 20-иот век се прогласени за заштитени историски споменици, додека други се уништени со урбаниот развој. За дел од оние индустриски капацитети кои беа затвори за време на процесот на приватизација имаше обиди за нивната ревитализација преку браундфилд инвестиции, како што е примерот со поранешниот текстилен гигант Македонка, кој денес е дом на бројни компании. Друг пример е железничката станица во Скопје која беше уништена со земјотресот од 1963 година а сега е музеј. Исто така техничкиот музеј Матка кој e сместен на местото на поранешната хидроцентрала е инвестиција на приватна компанија. Во оваа насока, пратеничката Мизрахи истакна дека Централноевропската иницијатива може да биде значаен катализатор за идна соработка во оваа област. Преку размена на добри практики, поддршка од експерти и заеднички проекти и подобро искористување на европските фондови може да се креираат нови модели на успешна трансформација на пост-индустрискиот простор. Таа предложи во рамките на ЦЕИ да се разгледа можноста за воспоставување регионална мрежа за индустриско наследство, која ќе овозможи поврзување на институциите, локалните власти, универзитетите и организациите од областа на културата. Таквата мрежа би можела да придонесе за размена на искуства, подготовка на заеднички проекти и поголема видливост на индустриското наследство на нашиот регион на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикиниМладата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекцијаСексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи. Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење. „Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook