3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаМитрополит г. Петар: Велигден е најсветлиот празник на христијанската вераВелигден е најсветлиот празник на христијанската вера и таинството кое ја преобразува историјата на човештвото. Христос Воскресе и сета смртност од земјата ја однесе, сè гнило се најде во бегство, сите гревови, сите демони. Навистина Воскресе и сè се исполни со радост; и небесата и земјата, истакна во своето Велигденско послание митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар. Велигден е најсветлиот празник на христијанската вера, и таинството кое ја преобразува историјата на човештвото, посочи митрополитот г. Петар. -Христо воскресе, навистина воскресе, ете во четири зборови искажана е целата тајна и за овој и за оној свет, и за секој човек, за секое битие. Во четири зборови содржана е смислата на нашиот живот. Во четири зборови искажана е суштината на човековото постоење. Велигден, најсветлиот празник на христијанската вера, е таинството кое ја преобразува историјата на човештвото. Велигден не е само сеќавање на некое историско случување од минатото, туку е живо присуство на Божјата сила која секогаш е со нас, која нè води, која нè облагородува и која нè ослободува. Велигден е и ден на радост, ден на љубовта која го опкружува секој човек. Таа љубов не познава граници, не познава време, не познава националности, не познава никакви разлики, нагласи митрополитот г. Петар. Во Велигденското послание, митрополитот г. Петар потсети на неодамнешната трагедија што се случи во Кочани. -Разликата помеѓу смртта пред Христовото воскресение, и пo неговото воскресение, е како разлика помеѓу огромен и страшен пожар, и пламен на една свеќа. Во овој серадосен ден, кога ни е даден живот вечен, не можеме а да не чувствуваме и тага и болка заради тоа што ни се случи, заради тагата што ја надви Македонија, заради болката од ужасната трагедија во пожарот што го снајде нашето Кочани. Ранетата и неутешна мајка ги посетува гробовите на своите деца за да ги воскресне во својата душа, да ги измие со своите солзи, да ги помилува во своите мисли. Љубовта на мајката ги спасува мртвите деца од исчезнување и заборав во овој свет. Не прилега да се нарекуваат мртви, туку преминати, оние за кои Христос пострада и умре. Тие се живи во живиот Господ, нагласи митрополитот г. Петар. Според востановената традиција, митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско новозеландски за Велигден ќе богослужи во централниот црковен храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. Тагови: Велигден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБелата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумитеБелата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби. „Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа. Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања. Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.Тагови: Белата куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПобедата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за заканаИзраелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“. „ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор. Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита АнандНа маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување. Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји. На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена. Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25