Митови за заштеда на електрична енергија - Канал 5

Митови за заштеда на електрична енергија

Со овие постапки наместо да ги намалите сметките, ги зголемувате

Митови за заштеда на електрична енергија

Со оглед на тоа што периодот со постудени денови е на прагот, сите размислуваат на начинот на греење, заштедата на енергија и како да поминат поекономично со сметките за струја кои во овие месеци се секогаш повисоки.

Еве неколку заблуди во кои верувавме со цел да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија протолкувани од стручни лица.

Машината за садови ја зголемува вашата сметка за струја

Не постои јасен доказ дека миењето садови во машина за садови е најскап начин на одржување на садовите. Имено, многу зависи од енергетската ефикасност на самиот уред, но и од тоа колку е наполнет со садови. Ваквото миење на садовите може да биде поскапо само ако неправилно го користите уредот или ако не е со доволен квалитет. Ако миете садови во машина, секогаш користете ја еко програмата, секогаш наполнете ја машината со садови и не трошете дополнителна енергија плакнејќи ги садовите или користејќи дополнителна програма за предмиење.

Уредите не трошат енергија кога се во мирување

Дури и кога дома не користите некој уред, а тој е сепак приклучен во струја, тој добива струја од вашиот штекер, па сè уште користи одредено ниво на струја. На пример, кога го полните телефонот, секогаш исклучувајте го кабелот кога ќе завршите. Иако сте го завршиле процесот на полнење на батеријата на телефонот, а тој останува приклучен, ќе троши енергија. Можеби ви изгледа чудно, но доколку некој уред не е неопходно да биде вклучен, како фрижидерот, со негово исклучување ќе ги намалите сметките за струја.

Појачување на термостатот на грејните тела побрзо ќе ја загрее куќата

Ова е уште една заблуда кон која повеќето луѓе прибегнуваат. Имено, ако ја зголемите температурата на термостатот за побрзо да ја загреете куќата, само трошите струја и непотребно ги зголемувате сметките. Температурата сигурно постепено ќе се покачува додека не ја достигне онаа што сте ја поставиле.

Одржувајте го греењето на ниско ниво цел ден за да заштедите пари

Во зависност од изолацијата на вашиот дом, на уредите за греење ќе им треба повеќе или помалку енергија за да го загреат. Дури и ако ја поставите температурата на понизок степен, ако вашиот дом нема добра изолација, ќе нема топлина и никогаш нема да се достигне таа пониска оптимална температура. Покрај седењето во ладни простории, ништо нема да заштедите бидејќи уредот постојано ќе работи, а енергијата ќе се троши. Експертите исто така тврдат дека е подобро греењето постојано да е вклучено отколку само кога ви треба, во смисла кога престојувате во одредена соба или стан.

Изолацијата на станот чини премногу

Постојат многу начини на кои можете да направите топлинска изолација, а тоа да не влијае на вашиот буџет. Во случај на врати или прозорци кои не дихтуваат добро, можете да залепите ленти за изолација или да ги обложите со некои други материјали од подебела ткаенина за да спречите продор на топлиот воздух. Ако живеете на приземје на зграда или куќа, подебел тепих е секогаш добро решение, особено во близина на влезната врата.

Паметните броила не заштедуваат пари

Оваа изјава е делумно вистинита. Сами по себе, паметните броила нема да заштедат пари, тие обезбедуваат податоци за потрошувачката на енергија за да можете да процените каде можете да заштедите енергија и каде непотребно ја трошите. Паметните броила нема да ви пресметаат повеќе струја во споредба со она што ќе го потрошите.

Подобро уредите да ги користите навечер кога струјата е поевтина

Иако за повеќето домаќинства има евтина струја, ако вклучите неколку уреди во овој режим, освен што ќе поминете непроспиена ноќ, нема да заштедите многу.

Шпоретот е најевтин за готвење храна

Истражувањето спроведено на Исланд покажа дека најевтино е ако храната ја подготвувате во микробранова печка. За јадења за кои е потребно готвење, обидете се тавите да ви се покриени, така храната се готви побрзо и се троши помалку енергија.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одигра

Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан.

На улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одигра

Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан, и покрај насилните протести што ја потресуваат Франција – потврди францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни.

Лекорни во синоќа изјави дека побарал од регионалните власти да воведат делумни полициски часови во некои градови, со цел да се заштитат граѓаните и бизнисите по немирите што се случија за време на викендот.

„Решен сум да воспоставам ред“, рече францускиот премиер, додавајќи дека, доколку е потребно, би можела да се воведе вонредна состојба. Сепак, тој оцени дека локалните и делумни забрани за движење во моментов претставуваат посоодветно решение.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека не постојат планови за откажување на натпреварот.

ПСЖ во вторник навечер ќе ја пречека Барселона на стадионот „Парк на принцовите“, а почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот по средноевропско време.

Сепак, немирите ги погодија и француските фудбалски клубови.

Марсеј пријави значителна штета на својата официјална продавница на познатата авенија „Ла Канебиер“, додека Лил соопшти дека нивната продавница во центарот на градот претрпела големи оштетувања и била ограбена. Двете продавници се привремено затворени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова функција на Фејсбук: Сами кажете што сакате да гледате

„Фејсбук“ воведува функција која ви овозможува, со свои зборови, да наведете каков вид содржина би сакале да гледате почесто или поретко на вашата почетна страница.

Нова функција на Фејсбук: Сами кажете што сакате да гледате

Новата функција, наречена „Вашиот алгоритам“ (Your Algorithm), им овозможува на корисниците директно да влијаат врз алгоритмот што препорачува содржина, наместо целосно да се потпираат на автоматските препораки на платформата, соопштија од „Мета“.

Корисниците можат да ги опишат своите интереси и преференции користејќи природен јазик, а овие промени се одразуваат врз препорачаната содржина во реално време.

Истовремено, „Мета“ го ажурираше менито што се појавува при кликнување на трите точки до некоја објава, со што на корисниците им се олеснува прилагодувањето на нивните преференции.

Од таму, тие можат да пристапат до функцијата „Вашиот алгоритам“ или да означат дали им се допаѓа одредена содржина.

Платформата може да постави и дополнителни прашања за подобро да разбере што корисникот сака да гледа повеќе, а што сака да гледа поретко.

Воведувањето на оваа нова функција е дел од пошироките напори на „Мета“ да им овозможи на корисниците поголема контрола врз содржината што им се прикажува, наведоа од компанијата со седиште во Менло Парк.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Момчиња удрија во ѕид со „Мерцедес“ вреден 80.000 евра (ВИДЕО)

Новиот „Мерцедес VLE“ е еден од моделите на германскиот производител наменет за семејства со деца, но на овогодинешниот Салон за автомобили во Париз, средбата со ова електрично комбе тргна во погрешна насока.

Момчиња удрија во ѕид со „Мерцедес“ вреден 80.000 евра (ВИДЕО)

Две момчиња успеале да го стартуваат изложеното возило и да го стават во рикверц, при што комбето удрило во ѕидот на изложбениот простор.

На кратката снимка од инцидентот, која се прошири на социјалните мрежи, се гледа како претставник на „Мерцедес“ – задолжен за презентација на возилото – прави залуден обид да го спречи судирот. За среќа, овој пат не стануваше збор за скап „Бугати Широн“, туку за новиот електричен „Мерцедес VLE“.

Инцидентот се случи во саботата, претпоследниот ден од саемот, во изложбениот центар „Париз Експо Порт де Версај“. Возилото беше паркирано пред изложбена позадина со натписот „Redefinir L'Espace“ – што од француски јазик се преведува како „редефинирање на просторот“. Момчето кое на толку необичен начин го стартуваше комбето, секако успеа да го „редефинира“ просторот што моделот „VLE“ го заземаше на штандот на „Мерцедес“.

Откако „Мерцедес VLE“ во бронзена боја удри во ѕидот, останаа видливи оштетувања. Вработен во „Мерцедес“ очајно ги крена рацете, додека двете момчиња – кои изгледаа како да немаат повеќе од 12 години – излегоа од возилото видно засрамени. Набргу потоа им пријде припадник на обезбедувањето. Не е познато што се случило со момчињата понатаму, ниту пак колкава е штетата на самиот автомобил.

Основниот модел „Мерцедес VLE 300“, чија цена започнува од 79.000 евра, се придвижува со еден електромотор со моќност од 272 коњски сили. Според „WLTP“ циклусот, овој модел може да помине до 700 километри со едно полнење на батеријата од 115 kWh. Помоќниот „VLE 400 4Matic“ поседува два електромотори, погон на сите тркала и вкупна моќност од 409 коњски сили. Забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,5 секунди, додека на основната верзија ѝ се потребни 9,5 секунди за истото.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер