Мисајловски: СДСМ со скапи реклами велат дека градат Клинички Центар во Ѓорче Петров, но ова позади мене е пустош и ништо не се гради

Денеска се наоѓам во Ѓорче Петров а зад мене е клиничкиот центар на СДСМ.

Со скапите реклами што ги најавуваат од СДСМ дека градат клинички центар може да погледнете на оваа полјана дали нешто се гради и дали воопшто има Клинички центар.

Ова е симболот на СДСМ за проекти. Го повикувам градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски да дојде и да каже дали се гради тука Клинички центар.

Го повикувам Оливер Спасовски да дојде и да покаже на граѓаните дали овде се гради Клинички центар, дали има нешто започнато. Доста е со лаги и манипулации, доста е со вашите црни сценарија, доста е со вашите симболи за неспособност и неработа.

Доаѓа време на обнова.

Нека погледнат граѓаните внимателно, додека СДСМ размислува како да си поигрува со интелигенцијата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на терен насекаде за да ги покаже сите симболи од проекти на СДСМ.

Клиничкиот центар не постои, како што не постојат ниту 230 километри нови автопати, како што не постојат и тие 500 километри најавени автопати, како што не постојат инфраструктурни објекти во Ѓорче Петров и во целата изборна едница 2.

Ова позади мене е пустош. Ова е нешто што три години го најавуваа дека ќе го започнат, а сега во изборната кампања велат дека го градат.

Затоа почитувани граѓани ве замолувам внимателно да изберете овој пат, дали сакате обнова или проекти, или сакате неспособност, лаги, пустош приредени од СДСМ.

Вие избирате и затоа на 15 јули изберете Обнова

Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

ОЈО: Притвор за напад врз службени лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените. 

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против десет лица од Прилеп поради постоење основано сомневање дека како соизвршители го сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 Кривичниот Законик.

Осомничените на 24.9.2020 година, околу 20.00 часот, на стариот пат Прилеп-Велес над манастирот ”Св Ѓорѓија” село Присад, со употреба на сила физички нападнале пет службени лица – полициски службеници од Полициско одделение Чашка, кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат на спречување и откривање на кривично дело и фаќање на сторители на кривично дело. Оштетените полициски службеници при вршење на службени дејствија забележале три моторни возила без регистерски таблици и ги запреле заради проверка. Притоа, едно патничко моторно возило избегало, а другите две патнички моторни возила од кои едното марка Гранд Чироки, а другото марка Лада Нива биле сопрени и било утврдено дека се натоварени со бесправно пресечени дрва. Додека полициските службеници изготувале службен материјал во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол палки, метални шипки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по петте полициски службеници и службеното возило на полицијата. Од ударите, на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десна рака и фрактура на главата со обилно крварење, а останатите оштетени се задобиле со телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот со решение, на осомничените им определи мерка притвор траење од 30 дена.

Без струја утре повеќе делови на Скопје

 Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Сарај и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Анастас Митрев" броевите 12, 12а, 14 и 14а, Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Франц Прешерн", Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Крушопек, дел од село Сарај лоцирани околу општината, дел од населбата Ѓорче Петров кај „Кристина Дамил", општина Сарај и Ѓорче Петров.

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 193 возила

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. 

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на продолжениот викендов го искористиле 193 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

притисни ентер