Мис на Англија ја извади круната и се врати на својата докторска професија (ФОТО)

Убавата Баша Мукерџи, која стана Мис Англија во 2019 година, се врати во татковината за да ја продолжи лекарската кариера во времето на коронавирусот, пренесува Си-Ен-Ен.

Баша била поканета да посети како амбасадор неколку земји каде требало да остане до август годинава за да прави добротворни работи.

„Бев поканета во Африка, Турција, Индија, Пакистан и неколку други азиски земји да се посветам на добротворна работа за разни цели“, рече таа за Си-Ен-Ен.

Кога започна пандемијата на коронавирус, Баша била во Индија. Бидејќи ситуацијата во Велика Британија се влошува, таа добивала се повеќе пораки од поранешни колеги во болницата каде што работела. Тие се пожалиле за тешката состојба. Овие пораки ја натерале да се поврзе со управата на болницата и да им каже дека сака да се врати на работа.

Убавицата рече дека сметала дека е погрешно да се носи круната, дури и ако тоа е за добротворни цели, додека луѓето ширум светот умираат од коронавирус и нејзините колеги толку многу работат.

"Додека работите хуманитарна работа, се уште се очекува е да ја ставите круната и да бидете убави. Сакав да се вратам дома, сакав да се вратам на работа. Знаев дека можам да помогнам “, рече таа.

Баша се вратила во Лондон во средата, а пред да може да се врати на работа како лекар, мора да помине две недели во самоизолација. Таа е специјализирана за респираторни заболувања.

„Никогаш немало подобро време за Мис Англија да и помогне на Англија во тешки времиња“, заклучи таа.

притисни ентер