По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата
1По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата
3Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
МетеоМинусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и КрушевоНајстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени. Минусни температури се измерени и во Mаврови Анови и Крушево, -1 степен.Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, 0 степени е утрово во Берово и Лазарополе, 1 во Крива Паланка, 2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Виница, 3 во Тетово, Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, Претор и Скопје-Петровец, 4 во Струмица, Охрид и Демир Капија и 6 степени се измерени во Гевгелија. Според прогнозата на УХМР, утрото денеска ќе биде облачно, во крајните југозападни делови од државата ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата Екс-директорот на државна Лотарија Перпарим Бајрами утрово сам им се предаде на полицијата на граничниот Блаце, откако речиси две години беше недостапен за македонските органи на прогонот. Од таму, Бајрами, кој е првообвинет во случајот со проневери во државна лотарија, веднаш е спроведен во затворот во Шутка за издржување на претходно определената мерка притвор. – Да, известен сум дека утрово на граничен премин е лишено од слобода лицето кое го споменавте и за истото ќе бидат спроведени соодветни процесни дејствија согласно одлука којашто е донесена од судот и мислам дека веќе е донесена одлука за спроведување во рамки на затворот Скопје. Добро е што гледаме дека полека, полека сите оние коиштио беа во изминатиот период недостапни на органите на прогон полека, полека се обезбедени. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи Бајрами допрва ќе треба да се види со својот бранител, Еленко Миланов, по што ќе следи одлука дали одбраната ќе бара поблаги мерки – односно куќен наместо ефективен притвор. Миланов за Канал 5 вели дека одбраната веќе го подготува случајот и не верува дека Бајрами ќе признае вина.. – За поздравување е неговата определба да се јави и да ги расчисти сите околности во судска постапка. Решението му е доставено веројатно утрово со неговото приведување, рокот за жалба е три дена, така да, ќе видам да се договорам што и како со мојот властодавател па дури потоа ќе преземам било какви дејствија. Ќе подготвиме одбрана и ја подготвуваме таа одбрана, така што, не верувам дека во однос на овие дејствија кои му се ставаат на товар има место за одговорност, така да не верувам ниту дека ќе има признание на вина.- Еленко Миланов, адвокат на Перпарим Бајрами За разлика од случајот на Артан Груби, овој пат Бајрами нема да биде спроведен на распит во Обвинителството, бидејќи судскиот процес е веќе започнат, а мерката притвор е активна. -Судската постапка во која тој е обвинет за кривично дело - Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик е во тек. Дополнително, во ОЈО Скопје во тек се уште четири постапки против него за истото кривично дело во кои се прибираат докази и се вршат вештачења. – Основно Јавно обвинителство Следното рочиште за случајот Државна лотарија кое требаше да се одржи овој петок е презакажано за 18 септември, откако од Кривичен информираа дека на Бајрами ќе му биде даден рок за неговата одбрана да се запознае со обвинителниот предлог. Освен тој и Груби, во случајот за проневера на 9,7 милиони евра во Државна Лотарија, обвинети се уште шестмина, меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирмаПокрај тоа што земаа бугарски државјанства за себе и своите семејства, имаат фирми во Бугарија - сега ангажираа фирма од Бугарија да ја промовира своја (не)работа.Генералниот секретаријат на Владата склучи нов договор вреден околу 350.000 евра со „Фрајдеј Комуникации“ за видео и фото продукција и комуникациска кампања за владините проекти. Косопственик на фирмата е бугарска компанија со седиште во Благоевград. Срам немаат Мицкоски и неговата банда, која со лаги и поделби дојде на власт. Другите ги нарекуваа предавници. Самите земаа бугарски пасоши, отворија фирми во Бугарија, а сега со народни пари ангажираат бугарска фирма да им ја промовира „успешната“ работа. Ова е лицемерие без граница. Ова организирана криминална група со Мицкоски, која еднаш го продава големиот патриотизам, а денес ги троши парите на граѓаните преку бугарски фирми, за да прикажат дека нешто работат. Не работат ништо освен криминал и корупција. Тоа го прават и не престануваат. Додека граѓаните се мачат со празни фрижидери и нови долгови, Владата плаќа стотици илјади евра за сопствена промоција преку бугарски канал. Срамота. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоаЕкономскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Тоа покажува дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност.Во вториот квартал од 2026 година, бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти. Особено силен резултат бележи градежништвото со раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти. Ова се важни показатели за структурата на растот. Поголемите инвестиции создаваат основа за ново производство и развој. Растот на извозот значи поголема активност и подобар пласман на македонските компании на странските пазари. Силниот раст на градежништвото покажува зголемена реализација на проекти и економска активност. За нас ова е особено важно бидејќи целта не е краткорочен резултат, туку одржлив економски раст кој создава нова вредност. Затоа економската политика и понатаму ќе биде насочена кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите, реализација на капиталните проекти и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Следниот чекор е овие позитивни движења да се преточат во она што е најважно за граѓаните, а тоа се повеќе можности за работа, повисоки приходи и подобар животен стандард. И Додека талогот од општеството ликува на неуспеси и единствено што сака е Македонија да не успее, ние ќе работиме исклучиво на добробитот на граѓаните. Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Биљана Кузманоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11