Министерството за здравство подготвило нов Закон за заштита од пушење, но не е познато кога ќе биде доставен во Собрание - Канал 5

Министерството за здравство подготвило нов Закон за заштита од пушење, но не е познато кога ќе биде доставен во Собрание

Во Собранието следните месеци се очекува да стигнат и предлог измените на Законот за заштита од пушење, со кој според најавите од Министерството за здравство, ќе се вратат правилата според кои цигарите ќе бидат забранети во сите затворени простори..

Министерството за здравство подготвило нов Закон за заштита од пушење, но не е познато кога ќе биде доставен во Собрание

Министерството за здравство го подготвило новиот предлог закон за заштита од пушење, со кој треба да се вратат рестриктивните правила од пред 10-тина години, но кога тој же биде доставен во Собранието не е познато.. Од таму велат дека тој прво ќе биде објавен на ЕНЕР, за потоа да следи фаза на јавна расправа, а по завршување на консултациите и вградување на релевантните забелешки, текстот ќе се финализира и ќе се достави во владина процедура.

Предлог законските измени од страна на Министерството за Здравство од Законот за Пушење ќе опфаќаат забрана за пушење во затворени ресторани и објекти коишто не се отворени од најмалку три страни. Освен ова, забраната ќе важи и за пушење електронски цигари.

Од Министерството велат дека со новиот закон во целост ќе забрани пушење во јавни и работни простории..

„Предложените мерки произлегуваат од високата распространетост на пушењето и од потребата за поефикасна заштита на децата и младите од рано започнување со употреба на тутун и никотин. Предлог-законот е усогласен со меѓународните стандарди и европските политики за контрола на тутунот и има за цел долгорочно унапредување на јавното здравје, квалитетот на воздухот во затворени простории и здравјето на населението.“ – велат од МЗ за Канал 5..

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека ги поддржуваат предложените измени.

-Па, мислам во ред е. Па, нека ги затегнат. Од здравствени причини и треба. Цигарите веќе станаа... почнаа малолетни деца да пушат.

-Во затворени? –па, би требало, тоа не ли беше и порано така законски? И треба да си остане така, најдобро.

-Ми се допаѓа, да.

-Па ја мислам дека е океј, дека вреди. И дома искачам на тераса со кафето, се тресам и пак ќе се тресам, навикнат сум на тоа. Значи се согласувате со законските измени? –Се согласувам, да, потпуно.

-За мене добро е тоа. Кај треба да се пуше, нека пуше, ама кај... на пример во ресторан јадат луѓе... не е добро тоа.“

Од новите правила, директно ќе бидат засегнати угостителите, но од нивната комора велат дека прво ќе го почекаат текстот па потоа ќе излезат со став, а во меѓувреме најавуваат и состанок на оваа тема....

Освен забрана за пушење, новиот закон ќе предвидува и забрана за рекламирање, промоција и спонзорирање од тутунската индустрија, како и регулирање на продажбата..

Македонија се рангира меѓу земјите со највисоки стапки на пушење цигари.. Пушат речиси половина од возрасните, а како последица на тоа, годишно според здраваствените власти, умираат околу 4.000 луѓе...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите се шокирани од снимката на најпознатата планина во Швајцарија- ова никогаш не е видено (ФОТО)

Познатиот Матерхорн, еден од најпрепознатливите врвови на Алпите и планината претставена на амбалажата на Тоблероне, ги пречека посетителите речиси без снег кон крајот на септември.

Сите се шокирани од снимката на најпознатата планина во Швајцарија- ова никогаш не е видено (ФОТО)

Фотографиите од планината привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, особено поради периодот кога треба да има снег на нејзиниот врв, објавува Дејли Меил.

Не е среде пустина!

Вообичаено е првите сериозни снежни врнежи да се појават во повисоките делови на Матерхорн во текот на септември, придружени со температури под нулата. Овој пат сцената е сосема поинаква.

Еден корисник објави фотографија од веб-камерата на Червино Ски Парадајс, коментирајќи дека сликата „не прикажува планина во средината на пустината“, туку Матерхорн на 27 септември 2026 година.

Други корисници го споредија сегашниот изглед на планината со фотографии од пред една година, кога нејзините падини веќе беа покриени со дебел слој снег.

Невообичаено високи температури

Матерхорн често е релативно без снег во текот на летото, но целосно гол врв во ова време од годината е многу поневообичаен. Во исто време, поголемиот дел од Европа доживува температури над просекот, при што делови од централна и јужна Европа регистрираа температури кои надминаа 40 степени Целзиусови претходно овој месец.

Слична сцена беше забележана за време на голем топлотен бран во 2022 година. Во тоа време, локалните планинари изјавија за германските медиуми дека врвот Матерхорн, кој е висок 4.478 метри, е целосно лишен од снег.

Планинскиот водич и раководител на службата за спасување, Анјан Труфер, во тоа време изјави за Дер Шпигел дека во неговите три децении работа на планината, таква ситуација била забележана само четири или пет пати.

Сепак, периодите со многу малку снег и мраз стануваат сè почести како што се зголемуваат глобалните температури.

Линијата се движи повисоко

Еден индикатор за екстремни услови е надморската височина на која температурата останува под нулата. Во Швајцарија, минатиот јуни, точката на замрзнување достигна највисока вредност досега забележана за тој период од годината.

Во близина на Матерхорн, таа се искачи на околу 5.000 метри надморска височина. Резултатот беше речиси целосно отсуство на снег на врвот, а според извештаите, алпинистите успеаја да се искачат на околу 4.200 метри без употреба на специјална опрема.

Матерхорн, сепак, не е единствената планина каде што се забележани вакви промени.

И Фуџи без снег

Сличен феномен е забележан и на другата страна од светот. Планината Фуџи во Јапонија остана без снег на врвот до 6 ноември 2024 година, што беше најновиот датум без снежна покривка откако систематски се евидентираат записи, односно приближно 130 години.

Претходниот рекорд беше 26 октомври, забележан во 1995 и 2016 година.

Според локалната метеоролошка служба, снегот на Фуџи обично се појавува околу 2 октомври, а постабилна снежна покривка се формира неколку дена подоцна.

Проблемот не е само во изгледот

Недостатокот на снег и мраз не е само естетски проблем за планинските предели. Високите температури можат да ги направат патеките за искачување многу поопасни.

За време на овогодинешниот топлотен бран, некои од високите европски планини доживеаја одрони на карпи, што ги направи некои популарни рути исклучително ризични.

Меѓу најпогодените се Матерхорн и Монблан, највисокиот врв на Алпите. До крајот на август, најмалку три лица загинаа на Монблан, по што локалните власти наредија затворање на планинските колиби на една од најкористените рути.

Во исто време, планинските водичи ги прекинаа тури на Матерхорн по серија големи лавини.

Што се случува длабоко во карпите?

Еден од клучните проблеми е топењето на пермафростот - слој од почва, мраз и карпи што може да остане замрзнат илјадници години. На високите планини, мразот се наоѓа и во пукнатините меѓу карпите и им помага на целите карпести структури да останат стабилни.

Кога температурите значително се зголемуваат, овој мраз почнува да се топи. Во исто време, глечерите се повлекуваат и губат дебелина, отстранувајќи дел од притисокот што претходно помагаше да се одржат стабилни карпестите падини.

За време на овогодинешниот топлотен бран, швајцарскиот регион Базел-Бининген забележа температура од 39,7 степени Целзиусови, највисока досега измерена во северните Алпи. Во Шамони, Франција, еден од најпознатите центри за планинарење и качување во Европа, температурите редовно се искачуваа над 30 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски градоначалник почина среде состанок- телото му го извлекле низ прозорец

Градоначалникот на Графинг во близина на Минхен, Кристијан Бауер, почина ненадејно на 57-годишна возраст за време на состанокот на градежната комисија во вчера вечерта.

Германски градоначалник почина среде состанок- телото му го извлекле низ прозорец

Според извештаите на германските медиуми, Бауер ја изгубил свеста и се струполил за време на состанокот. Членовите на одборот кои биле присутни веднаш му укажале прва помош, а набрзо пристигнале болничари и лекар од брза помош.

Обидите да се реанимира биле неуспешни. Според „Еберсбергер Цајтунг“, Бауер починал во болницата „Еберсберг Минхен Исток“.

Бауер бил во брак со сопругата Андреа повеќе од 30 години. По него останале две ќерки и еден син.

Според „Минхнер Меркур“, Бауер го отворил состанокот како и обично. Сепак, без никаква очигледна надворешна причина, тој одеднаш ја изгубил свеста и се струполил.

Во драматичната ситуација, пожарникарите процениле дека најбрзиот начин да го извлечат Бауер од градското собрание е преку голем прозорец, па затоа користеле ротирачка скала.

Ресусцитацијата продолжила за време на транспортот со брза помош. За градоначалникот што побрзо да биде однесен во болница, пазарот во Графинг беше затворен.

Меѓутоа, и покрај сите напори на лекарите и службите за спасување, помошта на крајот пристигна предоцна.

Според медиумските извештаи, Бауер неодамна се опоравил од пневмонија. Се вели дека сакал лично да претседава со состанокот на градежниот одбор, бидејќи неговиот заменик исто така бил болен во тоа време.

Бауер го започна својот втор мандат како градоначалник на Графинг на почетокот на оваа година. Градот се наоѓа околу 30 километри југоисточно од Минхен.

Пред да стане градоначалник, Бауер работеше како благајник во Графинг 22 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владо Мисајловски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Владо Мисајловски  во „Само интервју“

Коските што му се припишуваат на Самоил од Солун кон Софија ќе патуваат ден по посетата на Фон Дер Лајен, каква порака ни праќаат соседите, а што ќе ни донесе претседателката на Европската комисија?

Извесен ли е старт на нашето „европско патување“ преку постепена интеграција и уставни измени со одложено дејство?

Што купува армијата и колку тоа ја чини земјава, со какво темпо се модернизира?

Имаме ли војска согласно НАТО стандардите? САД или ЕУ – што ќе избереме ако се продлабочи јазот во Алијансата?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер