3Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
2Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
3 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
МакедонијаМинистерството за енергетика и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработкаМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот овозможува вклучување на студенти од ФИНКИ во практична настава во Министерството, но и поширока соработка во полето на дигитализацијата и иновациите во енергетиката во јавниот сектор. Министерството соопшти дека како институција задолжена за енергетскиот сектор воспоставува формална соработка со академската заедница во насока на примена на информатички технологии и воведување современи дигитални решенија. Како што посочуваат оттаму, студентите ќе имаат можност да работат на реални проекти во рамки на Министерството, да се вклучат во анализи, развој на дигитални алатки, како и да придонесуваат во автоматизацијата на дел од административните процеси. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска изјавила дека соработката со ФИНКИ има потенцијал да стане пример за паметно поврзување на институциите со младите експерти и таленти. -Ова е соработка од која добиваат сите – студентите добиваат шанса за практична работа и искуство во институции, Министерството добива свежи идеи и технолошка поддршка, а граѓаните добиваат поефикасни услуги. Затоа верувам дека ова е почеток на нешто многу поголемо – долгорочна технолошка трансформација на енергетиката посебно во јавниот сектор, за која младите ќе бидат клучни двигатели, изјавила Божиновска. Од ФИНКИ ја нагласуваат важноста од поврзување на академските капацитети со реалните потреби на јавните институции. Деканот на факултетот, проф. д-р Боро Јакимовски, изразил уверување дека студентите имаат што да понудат во процесите на дигитална трансформација. -Нашите студенти не се само обучени да програмираат – тие знаат да размислуваат критички, да решаваат комплексни проблеми и да креираат софтверски решенија за реални предизвици. Веруваме дека ќе дадат значаен придонес во унапредување на работењето на Министерството, нагласил Јакимовски. На потпишувањето присуствувале и продеканот за настава Ристе Стојанов, како и систем инженерот Владислав Бидиков, кои се дел од тимот што ќе ја поддржува реализацијата на практичната настава и техничката координација со институциите. Меморандумот предвидува и заеднички активности во форма на истражувања, обуки за вработени во Министерството и креирање иновативни дигитални решенија. Дел од активностите ќе бидат насочени и кон развој на алатки за подобра енергетска ефикасност, транспарентност и анализи, како дел од заложбите на Министерството за отворени институции.Тагови: ФИНКИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!Ирански трговски брод бил погоден рано утринава во близина на островот Кешм, во близина на Ормускиот Теснец, во нападот загина едно лице, а тројца се повредени, објавија иранските државни медиуми. Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродот бил погоден од проектил додека минувал низ Ормускиот Теснец, без да наведе дополнителни детали. Засега нема соопштение од американската војска, која претходно ги блокираше иранските пристаништа и ги напаѓаше бродовите што пловеа под иранско знаме. Нападот врз иранскиот брод се случува во време кога продолжуваат тензиите околу овој воден пат, кој се сметаше за меѓународен пред САД и Израел да започнат војна против Иран на 28 февруари оваа година. Иран објави дека министрите за надворешни работи на земјите од регионот денес ќе се состанат за да разговараат за напорите на Иран и Оман – земја што се наоѓа на спротивната страна од Ормускиот Теснец – во управувањето со поморскиот сообраќај што се одвива низ него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
ТенисЗверев на тронот во Њујорк за втора Грен слем крунаГерманскиот тенисер Саша Зверев го освои Ју-Ес Опен, триумфирајќи во финалето над Бен Шелтон – 6:3, 7:6 (2), 5:7, 6:2.Со победата во Њујорк, Зверев ја освои втората Грен слем титула во кариерата, по онаа освоена во Париз оваа година. Ова беше негово второ финале во Њујорк во кариерата. Пред шест години загуби од Доминик Тим, иако водеше со 2-0 во сетови. На патот до трофејот, Зверев ги победи и Лоренцо Сонего и Квентин Алис – и двајцата по пет сета – како и Алехандро Табило, Лучано Дардери, Ботик ван де Зандшулп и Карен Хачанов со максимален резултат. Најдобриот резултат во кариерата на Шелтон на Грен слем турнирите ќе му донесе највисок пласман во кариерата – четвртото место – почнувајќи од понеделник. HE DIDN'T REALIZE HE'D WON 🏆 Alexander Zverev exorcises his 2020 demons and defeats Shelton 6-3, 7-6, 5-7, 6-2 to win his first US Open title! https://t.co/f0Cnl2xvgI — US Open Tennis (@usopen) September 13, 2026 „Сè до оваа година не освоив ниту една титула, а сега освоив две во истата година. Мислам дека Бог виде колку напорно работевме и низ каква болка поминавме. 2026 година е резултат на сите претходни години. Ви благодарам на сите; немаше да бидам овде без вас. Сакам да ѝ се заблагодарам и на уште една личност која никогаш не ги гледа моите натпревари – тоа е најважната личност во мојот живот. Кога на четиригодишен син ќе му дијагностицираат дијабетес, потребна е силна мајка за да излезе од таа ординација и да каже: ’Мојот син ќе биде она што сака да биде; ако сака да биде тенисер, ќе биде тенисер‘. Среќен сум поради она што го правиме. Мајка ми е најважната и најсилната личност што ја познавам; потребна е навистина силна личност за да се направи она што го направи таа“, рече емотивниот Зверев во шампионскиот говор.Тагови: Зверев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во КочаниДенеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување од одбраната на тимот градежни вештаци, кои го изработиле градежното вештачење на обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter