Интервју со Елизабета Јовановска од Бренд Солушн за проект Best online assistant
НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.
Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.
Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.
Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.
Во продолжение, Ви ја претставуваме Елизабета Јованова со проектот Бест онлајн асистент од Бренд Солушн
Best Online Assistant е платформа за едукација, кариерен развој и различни видови на вработување на лица со попреченост (full-time, part-time, remote or freelancers) а од оваа година и сертифицирани за "Disability management" обуки за пресонал и адаптација на простор на компаниите.
Како функционира: Лицата со попреченост се пријавуваат на курсевите кои ги нудиме, или пак на обуките со однапред договорени работодавачи. После обуките, отвараат профил на нашата платформа и ги нудат своите вештини како фриленсери или пак прикачуваат CV доколку бараат работа. Потоа ние ги поврзуваме со компании кои имаат потреба од кваливикуван кадар со бараната вештина. Сите активности за лицата со попреченост се целосно бесплатни.
Курсевите за различни видови ДИГИТАЛНИ вештини кои лицата со попреченост ги посетуваат кај нас се верификувани од Центар за образование на возрасни, а во процес сме на добивање на акредитација од МОН.
Од друга страна, компаниите пребаруваат лица за вработување од нашата платформа или пак бараат услуги за обуки за персоналот и адаптација на нивниот простор за работа со лица со попреченост. Компаниите плаќаат за нашата услуга, а покрај поврзувањето со кадар добиваат и други маркетинг услуги за нивната Социјална одговорност, консалтинг за подршка на добивање бенефити од државата како и можност за беџ за ISO стандард.
Зошто е меѓу избраните?
Проектот поттикнува еднакви можности за вработување за сите, преку вклучување на лицата со попреченост во работен процес, обезбедувајќи им платена работа и достоинствен труд. Проектот овозможува и едукација и до-едукација и до-квалификација за подобри работни места за лицата со попречености.