МакедонијаМинистерот Муцунски се обрати на 14. Пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мирМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше и се обрати на 14. Пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир (IPTP), што се одржа во Собранието на Македонија. Настанот ги обедини парламентарци, дипломати и претставници на меѓународни организации посветени на промоцијата на толеранцијата, дијалогот и мирот. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека во време на војни, поделби, дезинформации и растечка недоверба меѓу народите, потребата од дијалог и соработка е поголема од кога било. „Мирот не е случајност. Мирот не е пауза меѓу две кризи. Мирот е избор. И тој избор мора да се прави секој ден – во институциите, во парламентите, во владите, во училиштата, во медиумите, но и во секојдневниот говор меѓу луѓето“, нагласи Муцунски. Осврнувајќи се на улогата на парламентите, тој истакна дека тие се домови на демократијата и огледало на општеството, каде што преку почитување на различностите, дијалог и компромис се градат политики што ја обликуваат иднината на граѓаните. Притоа, ја нагласи важноста на парламентарната дипломатија како инструмент за градење доверба, намалување на тензии и отворање простор за соработка. Министерот посочи дека толеранцијата не претставува слабост, туку сила што бара зрелост, самодоверба и храброст, истакнувајќи ја важноста од почитувањето на меѓународното право како предуслов за доверба, стабилност и мир. Во обраќањето беше нагласена и посветеноста на Македонија кон добрососедските односи, регионалната соработка и мултилатерализмот, како реални предуслови за стабилност, развој и европска иднина. „Не може да има вистинска безбедност без доверба во институциите. Не може да има вистинска стабилност без владеење на правото. Не може да има вистински мир ако достоинството на човекот не е заштитено“, истакна министерот Муцунски. Тој порача дека толеранцијата не смее да остане само декларативна вредност, туку мора да стане дел од јавните политики, образованието, институционалната култура и секојдневната комуникација, нагласувајќи ја одговорноста на политичките лидери да градат доверба, да го намалуваат општественото поларизирање и да промовираат култура на дијалог и почитување. На крајот од своето обраќање, министерот изрази уверување дека пленарната сесија во Скопје ќе даде значаен придонес кон зајакнувањето на меѓународната соработка и промоцијата на толеранцијата и мирот, потенцирајќи дека „иднината не може да се гради врз омраза, туку врз дијалог, солидарност и меѓусебно почитување“. Во рамки на настанот, министерот Муцунски оствари средба и со претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир (GCTP), Ахмед бин Мохамед Алџарван. На средбата беа разменети мислења за актуелните меѓународни предизвици и можностите за унапредување на соработката во промовирањето на мирот, толеранцијата, меѓукултурниот дијалог и меѓусебното разбирање како основни предуслови за стабилен и одржлив развој. ...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38