Министерот Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот - Канал 5

Министерот Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“.

Министерот Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот

Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните прашања и за изнаоѓање конкретни решенија за енергетската транзиција.

„Климатските промени веќе ги чувствуваме преку суши, пожари, топлотни бранови и зголемена енергетска неизвесност. Затоа денес не зборуваме само за стратегии, туку за безбедност, стабилност и квалитет на животот на граѓаните“, порача министерот Хоџа.

Тој нагласи дека Македонија останува силно посветена на Зелената агенда и европските климатски цели, но дека нивното исполнување бара соработка, инвестиции и заедничка акција. Според него, MEF има посебна важност бидејќи создава простор за регионална соработка со конкретни проекти.

„Време е Западен Балкан да не биде само дел од разговорите за климатската иднина, туку и активен учесник во решенијата. Потребни се храбри и одговорни одлуки, претворање на политиките во инвестиции и остварување на визијата за зелена транзиција во реалност што ќе ја почувствуваат сите граѓани“, истакна министерот.

На крајот од обраќањето, министерот изрази уверување дека препораките од овогодинешниот Форум ќе дадат значаен придонес кон глобалната климатска агенда и процесот на подготовка на COP31, сооштуваат од Министерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.

Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.

Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер