МакедонијаМинистерот Филипче го разреши директорот на Гинекологија ,Ваљон БељаМинистерот за здравство Венко Филипче денеска го разреши економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља.Министерот Венко Филипче , како што потврди за Канал 5, го разреши економскито директор на Гинекологија Ваљон Беља поради несоодветно однесување. Економскиот директор Беља, во пост на Фејсбук вчера ја обвини својата колешка Викторија Јовановска, директорка на Гинекологија за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови и се закани дека за случајот ќе го информира Јавното обвинителство. Јовановска денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава за клевета и навреда за, како што рече, изнесените невистини и откри дека во позадината на случајот стои барање од Беља да ангажира негови луѓе од Општината Чаир. ,,Tој од мене бараше на двајцата негови советници, кои се на платен список во Oпштина Чаир, а кај нас на Kлиниката се веќе шест месеци ангажирани со договор на дело, да им ги продолжам договорите, а во спротивно ќе пуштал „бомби“ – вели директорката Јовановска. Попладнево министерот Филипче ги сослуша двете страни, директорката на Гинекологија Јовановска и Ваљон Беља,по што го разреши.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаСедум лица лишени од слобода во Скопје и струмичко затоа што кај нив била пронајдена дрогаВо текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога.На 21/22.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Р.(34), А.Р.(19), М.Р.(21), М.К.(37), сите од Скопје, Т.Б.(28) од с.Волково, скопско и А.А.(37) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. На 20.06.2026, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.К.(33) од село Бориево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници во дворното место пронашле две засадени стебла од растението канабис. Исто така, лицето доброволно предало и три стебла канабис, кои ги засадил на локација во атар на с. Бориево. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПознат е веројатниот наследник на Кир СтармерЕнди Барнам, кој треба да го наследи Кир Стармер на премиерската функција, е најпознат по тоа што неуспешно се кандидираше за највисоката функција во Лабуристичката партија двапати пред 10 години.Многумина во партијата го гледаат како најголема шанса на партијата за закрепнување по месеци на опаѓање на анкетите на јавното мислење и слаб изборен резултат во мај. Победата на Барнам на дополнителните избори во Мејкерфилд му овозможи да се спротивстави на предизвикот од партијата „Reform UK“ на Најџел Фараж, која се најде на второто место, а според Би-Би-Си, како поранешен градоначалник на Голем Манчестер, тој го зголеми уделот на гласовите на Лабуристичката партија од 45% на општите избори во 2024 година на речиси 55%. Надвор од бројките, победата на Барнам му обезбеди надминување на голема пречка за секој предизвик за лидерство, бидејќи оние кои сакаат да учествуваат во трката мора да бидат пратеници. Роден во Ливерпул, работел како новинар Бурнам е роден во Ливерпул во 1970 година и пораснал во Калчет, мирно село во Чешир, во близина на Ворингтон. Неговиот татко бил инженер, а неговата мајка била рецепционерка кај матичен лекар. Тие биле цврсти поддржувачи на Лабуристите и Енди рано развил интерес за политика. Бурнам и неговите двајца браќа биле првите во нивното семејство кои отишле на универзитет, а Енди студирал англиски јазик на Кембриџ. По дипломирањето, тој почнал да работи како новинар, работејќи за трговски списанија, вклучувајќи ги „Tank World" и „Passenger World Management “. Во раните дваесетти години, тој го имал својот прв пробив во политиката, работејќи како истражувач за покојната Теса Џоуел, тогашна пратеничка за Далвич и Вест Норвуд, која подоцна ќе стане министер во владите на Тони Блер и Гордон Браун. Бурнам беше специјален советник на министерот за култура, Крис Смит, пред да биде избран за пратеник за неговиот роден град Ли, во Голем Манчестер, во 2001 година. Прво служеше како министер во владата на Блер, но се приклучи на кабинетот како главен секретар на Министерството за финансии, а подоцна како министер за култура и министер за здравство во владата на Гордон Браун. Неколку пати се кандидираше за лидерска позиција. Бурнам се кандидираше за лидер на партијата во 2010 година, откако Браун поднесе оставка по поразот на Лабуристите на општите избори. Иако тој пат не успеа, следните пет години ги помина градејќи го својот углед меѓу поддржувачите на партијата. Во 2015 година, тој повторно се обиде, овој пат губејќи од Џереми Корбин. Критичарите на Бурнам го нарекоа „ветробран, чии ставови дуваа со политичките ветрови за да му дадат најдобри шанси за успех“. Поддржувач на останувањето за време на референдумот за Брегзит, тој изрази желба да го види Обединетото Кралство повторно приклучено кон Европската Унија за време на неговиот живот. Неговото владеење со Голем Манчестер за време на пандемијата Ковид-19 и критиките кон владејачката Конзервативна партија за потценување на северот од Англија му го донесоа прекарот „Крал на северот“. Тој е оженет и има три деца. Извор: Б92Тагови: Кир Стармер Енди Барнам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
КултураОд 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијатаОд 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата“.Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим во амбиент што со децении ги обединува поетите и љубителите на литературата од сите меридијани. Градот на мостовите и оваа година ќе биде светска престолнина на поезијата, место каде зборот станува мост меѓу народите, а уметноста – универзален јазик на поврзување. Во рамките на манифестацијата ќе бидат промовирани 14 наслови, изданија на НУМ Струшки вечери на поезијата. Манифестацијата и годинава е под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, а финансирана од Министерството за култура и туризам. Покрај лауреатот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Британскиот поет Даниел Хајндс, на јубилејното фестивалско издание учество ќе земат еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Австралија, Албанија, Холандија, Италија... Отворањето на јубилејното 65-то издание на Струшки вечери на поезијата ќе се одржи на 24 јуни, токму на датумот кога се одбележуваат 165 години од објавувањето на „Зборникот на народни умотворби“ од браќата Миладиновци (објавен на 24 јуни 1861 година во Самобор, во близина на Загреб – Хрватска). Токму тоа е и една од причините поради кои се поместува месецот на одржување на Фестивалот, во период кога се одржуваат најголемите поетски фестивали: Берлинскиот поетски фестивал, Poetry International во Ротердам, Поетскиот фестивал во Бремен, Џенова итн. Овогодинешното издание на Фестивалот е подигнато на едно повисоко ниво, ќе биде подолго за еден ден, споредено со претходните неколку години и го враќа форматот на професионален фестивал. Струга е подготвена да ги отвори своите порти за светот и да ја прегрне поезијата во нејзините најразлични форми. Ве покануваме да ја проследите програмата и заедно да ја прославиме уметноста што поврзува јазици, култури и генерации во светската престолнина на поезијата заедно да ги испишеме новите страници на нашата голема поетска приказна. НУМ Струшки вечери на поезијатаТагови: Струшки вечери на поезијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36