ХороскопДневен хороскоп за 23. август 2026 година Дневен хороскоп за недела, 23. август 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов На оригинален начин вие ќе ги надминете проблемите во својот љубовен живот и ќе ја отворите вратата за негово подобрување. Кариера Идеите од шаховски карактер , како и креативноста ќе ви носат убави поени на работното место. Здравје и совет Ќе се чувствувате подобро од вчера. Вага 24.9.-23.10 Љубов Работите доѓаат во рамнотежа и во вообичаен ток. Успеавте да се договорите и сега продолжувате понатаму. Кариера Веројатно ќе дојде до многу интересно решение со кое вашите деловни задачи ќе тргнат во вистинска насока. Здравје и совет Радувајте се зашто одите кон подобро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата љубовна врска добро напредува. Нема особени сензации ,с е е мирно и пријатно , а вие двајцата уживате. Кариера Можен е прилив на пари на вашата сметка. Станува збор за нешто што било одлагано или доцнело поради бирократски причини. Здравје и совет Бидете весели. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот е стабилен и квалитетен , а денеска е обогатен со свежи идеи и интересно излегување. Кариера Ќе покажете импресивни резултати во работата , а за тоа е најзаслужна вашата интуиција.Послушајте ја. Здравје и совет Самите ќе дознаете што треба да менувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Мали семејни проблеми ќе ви одземат од времето , па на саканата личност ќе и посветите помалку внимание од вообичаено. Кариера вашата деловна стратегија добро ќе се развива , а денеска се јавуваат и вложувачите кои ги чекавте. Задоволни сте. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе им покажете на сите како на инвентивен начин се постигнуваат успешни договори. Многумина ќе бидат изненадени и среќни. Кариера Во работата со странки , односно со луѓе , ќе бидете особено успешни. Многуумина ќе ве истакнуваат како пример. Здравје и совет Вежбајте јога . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Содржината на она што ќе и зборувате на саканата личност ќе биде таков што ќе треба да го запошете и чувате. Ќе во биде преубаво. Кариера Вашата интуиција денеска ќе биде непогрешлива и ќе доведе до решавање на еден нерешлив деловен проблем. Здравје и совет Светот е ваш. Овен 21.3-20.4. Љубов За чудо , денеска добро ќе ве разбираат иако и самите не верувате дека тоа е можно. Ќе дојде до подобрување во врската. Кариера Оние кои лажеле ќе бидат откриени на неочекуван начин. Така че се засрамат . Не им се потсмевајте. Здравје и совет Ќе почувствувате олеснување. Бик 21.4- 20.5. Љубов Без оглед на целата збрка во комуникацијата , ќе најдете начин за да ги изразите своите чувства и тоа ќе биде добро. Кариера Се зајакнуваат деловните контакти што ве радува . Во тоа сте вистински мајстор , но и натаму прво осмислете , па потоа кажете. Здравје и совет Подобрување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви донесе убавина во љубовта.Оние кои се уште се сами ќе освојуваат со леснотија. Кариера Работите во кои вие имате влијание , ќе се развиваат одлично. Дури и да бидат скромни , бидете свесни за сопствените заслуги. Здравје и совет Проширете ги хоризонтите. Рак 22.6-22.7. Љубов Сепак има добар ветар во грб во љубовта , па на вас останува да ги осмислите пријатните моменти со саканата личност. Кариера Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора , така што ќе добиете одговор и решение на таа тема. Тоа ќе го употребите за да си го зголемите успехот. Здравје и совет Знаете кој е вистински , а кој не. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе најдете компромис за лично прашање , кој ќе биде оригинален. Толку повеќе ќе почуствубате олеснување. Кариера Кога станува збор за деловните контакти и договори , ќе бидете многу успешни на сосема неочекуван начин. Здравје и совет Бидете упорни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20
КошаркаМЗТ Скопје Аеродром во ЕвропаМакедонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис.Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис од Грција. Пресметката на теренот ќе биде кулминација на една вечер за паметење, која ќе започне неколку часа претходно пред спортскиот центар „Јане Сандански“. Почнувајќи од 17:00 часот, посетителите ќе може да уживаат во одлична музика со DJ Alen, вкусна храна, ладно пиво и други пијалоци, додека за најмладите навивачи е обезбедено цртање на лица во боите на клубот. Исклучително возбудлив дел од пред-натпреварувачката програма ќе биде ADMIRAL FREE SHOOT CHALLENGE-натпревар во слободни фрлања со богат награден фонд (iPhone 17, спортска опрема и друго). Ова е одлична можност за присутните да ја покажат својата прецизност и да освојат примамливи награди. Билетите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари и истите може да се набават преку продажната мрежа на mktickets.mk. Веруваме дека настанот пред спортскиот центар дополнително ќе ги обедини навивачите, нивните семејства и сите останати љубители на кошарката низ една богата и интересна двочасовна програма. Потоа, дружењето го продолжуваме на трибините, со силна поддршка за МЗТ Скопје во овој голем европски предизвик!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноВејн Руни по двете трансплантации ја осигурал својата коса Европскиот фудбалски великан Вејн Руни одлучил да ја осигура својата коса. Легендата на англискиот фудбал и на „Манчестер Јунајтед“ – кој сега има 40 години – пред повеќе од една деценија се подложи на две постапки за трансплантација на коса за да го реши проблемот со опаѓањето на косата. Тој сега е толку задоволен од својот изглед што одлучи дополнително да ги заштити резултатите од тие зафати. Руни, кој моментално работи како фудбалски аналитичар и ко-коментатор во емисијата *Match of the Day*, откри дека поседува полиса за осигурување на својата коса. Тој го обелодени ова во најновата епизода од документарната серија за неговото семејство, *The Real Rooneys*, која се прикажува на платформата Disney+. Пред да замине на скијање, тој потврди дека ја осигурал својата коса, додавајќи дека тоа е единствениот дел од неговото тело што некогаш го осигурал. Во последните месеци, Руни значително го промени својот изглед, а особено внимание привлече неговата фризура. Поранешниот напаѓач исто така имаше операција на носот, откако двапати го скрши за време на својата играчка кариера. Покрај тоа, тој изгуби значителна тежина откако престана да консумира алкохол, почна да се храни поздраво и редовно вежбаше во теретана. Руни својата трансформација ја припишува на новите животни навики и ги отфрла шпекулациите дека користел инјекции за слабеење. За оваа тема тој зборуваше во емисија во која учествуваа и неговата сопруга Колин (40) и нивните четири сина – Каи (16), Клај (13), Кит (10) и Кас (8). „Се чувствувам одлично. Веќе некое време не пијам алкохол. Едноставно сакав да се чувствувам поздраво и да бидам поздрав“, рече Руни. „Исхраната ми е многу подобра и тренирам. Сите зборуваат дека користам инјекции за слабеење, но тоа не е точно – сакам да го разјаснам тоа. Навистина се трудам да изгледам подобро и да бидам поздрав.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизелДоналд Трамп изјави дека можеби ќе побара од европските земји да ги ослободат дел од своите резерви на дизел, додека размислува за забрана на извозот на ова гориво од САД пренесува Би-Би-Си.Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и бизниси „Не треба да го носат товарот“ додека цените вртоглаво растат. САД се заканија дека ќе го ограничат извозот на дизел откако војната во Иран предизвика нагло зголемување на цените за американските гласачи пред ноемвриските избори. Вчера Обединетото Кралство одржа разговори со европските партнери за можното ослободување на резервите на дизел како одговор на евентуалната забрана. Забраната за извоз би го преплавила американскиот пазар со дизел и би можела значително да ги намали цените за американските возачи. Сепак, експертите предупредуваат дека таквата забрана би извршила дополнителен притисок врз цените на дизелот во другите земји, освен ако тие не можат да обезбедат дополнителни залихи. Цените на бензинот и дизелот на глобално ниво вртоглаво пораснаа по избувнувањето на конфликтот меѓу САД и Иран во февруари. Затворањето на виталниот Ормутски теснец преку кој вообичаено се транспортира околу една петтина од светската нафта и гас, доведе до поскапување на производите добиени од нафта.Забраната за извоз од Русија, која исто така е голем снабдувач на дизел, дополнително придонесе за притисокот врз цените.Тагови: Дизел Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20