Минатата година регистрирани рекордни 59 милиони принудно раселени лица - Канал 5

Минатата година регистрирани рекордни 59 милиони принудно раселени лица

Во светот на крајот на минатата година во светот имало рекордни 59 милиони внатрешно раселени лица.

Минатата година регистрирани рекордни 59 милиони принудно раселени лица

Најновиот извештај објавен денеска покажува дека новитге бранови насилство, конфликтите и непогодите предизвикани од климатските промени биле причините голем број луѓе да бидат принудени да ги напушат сцвоите домови.

Според извештајот на Центарот за следење на внатрешно раселување (ИДМЦ), проект на Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) во Женева, минатата година се регистрирани 5,8 милиони раселени лица повеќе отколку во 2020 година.

„Ситуацијата денес е полоша отколку што сугерира дури и нашата рекордна бројка, бидејќи не вклучува речиси осум милиони луѓе принудени да избегаат од војната во Украина", рече генералниот секретар на НРЦ, Јан Егеланд.

„Потребни се драстични промени во начинот на кој размуслуваат светските лидери за тоа како да ги спречиме и решиме конфликтите и да ставиме крај на човечките страдања", вели тој.

Голем дел од регистрираните раселени лица отпаѓа на влошените услови во Авганистан, Јемен и субсахарска Африка. Најголемо раселување има во северните делови на Етиопија каде се заглавени 5,1 милион луѓе поради продолжената граѓанска војна од 2020 година.

Дури 80 отсто од раселените луѓе во светот се во субсахарска Африка, каде што нападите на вооружени групи присилија многу луѓе да ги напуштат своите домови, истовремено попречувајќи го инфраструктурниот развој и стабилноста како решение на проблемите на раселените.

Елементарните непогоди и неповолните климатски услови се причина за раселување на 5,9 милиони луѓе минатата година.

Голем е и бројот случаи луѓе да бидат принудени неколкупати да го менуваат местото на живеење во текот на една година. За минатата 2021 година тоа било случај кај дури 23,7 милиони луѓе или 60 проценти до сите случаи на раселување

Особено изложени на опасност од можни принудни раселувања се Кина, Филипините и Индија во густо населените областите зафатени од урагани, поројни дождови и поплави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со „Ролс-ројс“ возел со 194 км/час на автопатот Гостивар- Тетово, гостиварецот е приведен

Мобилната единица на МВР со полициски пресретнувач откри возач кој управувал „ролс-ројс“ со брзина од 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово.

Со „Ролс-ројс“ возел со 194 км/час на автопатот Гостивар- Тетово, гостиварецот е приведен

Вчера во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час.

Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли на територијата на целата држава, вклучително и со употреба на специјалните полициски возила – пресретнувачи, со цел навремено откривање и санкционирање на несовесните возачи, унапредување на безбедноста на патиштата и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

Непочитувањето на ограничувањата на брзината претставува еден од главните фактори за предизвикување сообраќајни незгоди, кои неретко имаат сериозни последици по човечките животи, здравјето и имотот.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет минути ужас во православната црква во Јордан – убиени се најмалку 7 верници (ВИДЕО)

Сцени на паника во црква во регионот Карак во Јордан се снимени на видео од внатрешноста на зградата во моментот на вооружениот напад во кој загинаа седум лица, а најмалку 34 беа повредени, од кои некои сериозно.

Пет минути ужас во православната црква во Јордан – убиени се најмалку 7 верници (ВИДЕО)

Видео снимката што е објавена во јавноста покажува толпа верници како трчаат во паника и бараат засолниште штом се слушнале првите истрели, објави Прототема.

Најмалку едно лице се чини дека паѓа мртво од огненото оружје на напаѓачите, кои влегле во областа со оружје во рацете.

Двајца вооружени лица (со трето лице) излегле од возило и отвориле оган за време на погреб во селото Хамуд во покраината Карак, соопштија јорданските власти.

- Најмалку седум лица се убиени во пукотница во грчка православна црква во селото Хамуд, во покраината Карак. Дирекцијата за јавна безбедност соопшти во соопштение.

Очевидец изјави за телевизиската мрежа Ал-Мамлака дека напаѓачите пукале пет минути пред да избегаат. Тој рече дека меѓу 150 и 200 луѓе биле присутни во и надвор од црквата во времето на пукотницата.

Повеќето од жртвите биле на возраст меѓу 50 и 70 години.

Во тек е истрага за идентификување и пронаоѓање на напаѓачите.

Областа Карак, со население од околу 375.000 жители, е дом на голема христијанска заедница. Ваквите насилни напади не се вообичаени во Јордан, иако имало неколку крвави инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Растот на минималната плата од 67% ја покажува разликата меѓу двете владеења

ВЛЕН оценува дека растот на платите останува едно од клучните прашања за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

ВЛЕН: Растот на минималната плата од 67% ја покажува разликата меѓу двете владеења

ВЛЕН оценува дека растот на платите останува едно од клучните прашања за подобрување на животниот стандард на граѓаните, а податоците за минималната плата покажуваат зголемување на номиналните приходи на работниците во периодот 2024-2026 година.

Според податоците објавени од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, минималната нето-плата од 22.567 денари во 2024 година се зголемила на 24.379 денари во 2025 година, додека во 2026 година изнесува 26.046 денари. Вкупното зголемување изнесува 3.479 денари.

Во споредба со периодот 2016-2018 година, кога минималната плата се зголемила од 10.080 на 12.165 денари, односно за 2.085 денари, номиналниот раст во првите две години од актуелниот мандат е за 67% повисок, односно за 1.394 денари повеќе.

По податоците за просечната плата, и овие бројки го ставаат во фокус прашањето за приходите на работниците и нивната куповна моќ. За ВЛЕН е важно економскиот раст и политиките за платите да се одразат во секојдневниот живот на граѓаните и во можноста на семејствата да ги покриваат животните трошоци.

Разликата меѓу двата периода се гледа преку конкретните бројки.

ВЛЕН останува посветен на политики насочени кон зголемување на платите, подобрување на условите за работа и унапредување на животниот стандард. Целта е приходите на работниците да продолжат да растат, а економското подобрување директно да го почувствуваат граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер