Милков: Фудбалскиот натпревар и пресудата на Алабаковски не испраќаат позитивна порака - Канал 5

Милков: Фудбалскиот натпревар и пресудата на Алабаковски не испраќаат позитивна порака

Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и создадената атмосфера во Република Македонија не го фаворизираат процесот. Има долг пат да се изоди, коментираше министерот за надворешни работи на Бугарија.

Милков: Фудбалскиот натпревар и пресудата на Алабаковски не испраќаат позитивна порака

На редовниот брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, министерот Николај Милков коментираше дека оваа недела имало два настана со Република Македонија – од кои едниот е фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на двете земји, истакнувајќи дека не сака да го распалува жарот на таа тема.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Милков, темата треба да се затвори.

Вториот настан, како што посочи бугарскиот министер за надворешни работи, е условната казна на Ламбе Алабаковски кој го запали влезот на центарот „Ванчо Михајлов” во Битола.

Николај Милков на брифингот рече дека овие два настана откриваат структурен проблем за правата на Бугарите во Македонија.

Според него, казната на Алабаковски е најлесната можна и додаде дека според законот на Република Македонија, за ова дело се изрекуваат од 6 месеци до 5 години. Додаде дека се очекувало релативно посериозна казна, но тоа е одлука на независниот суд на РСМ. Двете дела извршени во текот на неделата, смета Милков, се дела на омраза, тие испраќаат порака и до народот на Република Северна Македонија и до Бугарија и таа не е позитивна.

Тој рече дека треба да се обрне внимание на тоа дека јазикот што бил користен на натпреварот, е јазик што го користеле политичарите. Ова, спроед него, е слика на обиди за еродирање на досега постигнатите договори и им покажува на граѓаните на Република Македонија каде стои земјата во однос на преговарачкиот процес со ЕУ.

– Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и создадената атмосфера во Република Македонија не го фаворизираат процесот. Има долг пат да се изоди, коментираше министерот за надворешни работи на Бугарија.

Милков додаде дека не би сакал да навлезе во речникот на фудбалски агитации, нагласувајќи дека сè уште гледа позитивно и оти тоа се декларации наменети за внатрешна употреба во Република Македонија. Тие, според него, на никаков начин не го менуваат она што претставува обврска на Република Македонија, како и во однос билатералниот договор, така и во спроведувањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер