Милионер решил да го донира целото богатство, на децата не им оставил ништо (ВИДЕО) - Канал 5

Милионер решил да го донира целото богатство, на децата не им оставил ништо (ВИДЕО)

Дејвид Фишвик е милионер кој се одлучил на необичен потег со цел да ги мотивира своите деца да работат, пишува Дејли Стар.

Милионер решил да го донира целото богатство, на децата не им оставил ништо (ВИДЕО)

51-годишниот Британец имал скромни почетоци, не го завршил училиштето и се вработил како градежен работник.

Почнал да заработува со основање компанија која продавала минибуси, а своето богатство го стекнал по финансиската криза во 2008 година кога основал сопствена банка за да им помогне на локалните бизниси да напредуваат, а неговата приказна е претворена во серијата на Нетфликс, „Банката на Дејв“.

Неговото богатство се проценува на околу 500 милиони долари, но милионерот изјавил дека нема намера да им остави пари на своите деца.

Наместо тоа, тој одлучи да донира 99% од своето богатство за да ги задржи своите деца мотивирани во нивната работа, додавајќи дека не сака да ги „оптоварува“ со своето богатство.

„Важно е децата да работат напорно затоа што сум видел многу луѓе кои станале успешни и богати и ги разгалуваат своите деца, кои воопшто немаат разбирање од пари“, објасни тој и додаде: „Ќе дадам 99 % од моето богатство кога ќе умрам, која било недела или која било година“.

Фисвик додаде дека еднаш работел три работни места, поради што развил извонредна работна етика која сака да им ја пренесе на своите деца.

„Важно е да се има работна етика и мислам дека напорната работа ве става таму каде што среќата ќе ве најде. Моите деца не секогаш се согласуваат со тоа, но тие се добри деца“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола

Денеска  почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.

Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола

Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21.

Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота.

Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џеј Ди Венс предизвикува вознемиреност во Вашингтон со изјава по дебаклот

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предизвика бурна реакција во Вашингтон откако директно ја посочи војната со Иран како причина за тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на среднорочните избори за Конгресот.

Џеј Ди Венс предизвикува вознемиреност во Вашингтон со изјава по дебаклот

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предизвика бурна реакција во Вашингтон откако директно ја посочи војната со Иран како причина за тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на среднорочните избори за Конгресот, се наведува во анализата на Би-Би-Си.

Во политичките кругови, овој говор масовно се толкува како обид на Венс да се дистанцира од претседателот Доналд Трамп, во пресрет на негова можна претседателска кандидатура во 2028 година.

Во внимателно срочена објава од шестотини зборови на социјалната мрежа „Икс“ (X), потпретседателот отворено призна дека гласачите кои во 2024 година гласале за Трамп, на овие избори им свртеле грб на републиканците.

„Причината за нашиот пораз е војната“, напиша Венс, додавајќи: „Тоа синоќа го изјави и самиот претседател“.

Во интервјуата доцна во вторникот и во текот на целата среда, Трамп ја бранеше војната, но истовремено призна дека токму тој конфликт бил клучниот фактор што довел до тоа демократите да преземат контрола и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот. Според Би-Би-Си, ставот на Венс за војната во Иран бил „јавна тајна“ во Вашингтон – иако јавно го поддржувал конфликтот по американско-израелскиот напад врз Техеран во февруари, во приватни разговори со претставници на администрацијата изразувал противење. Сепак, досега овие несогласувања остануваа скриени од јавноста.

Само неколку часа откако Трамп и неговата партија претрпеа тежок пораз, Венс јасно стави до знаење дека одлуката за влегување во војна ја смета за очигледен политички гаф.

„Ако некој сака да тврди дека тоа вредело – дека вредело да се изгуби Сенатот во следните шест години – нека излезе и нека го каже тоа. Нека тврди дека тоа била цена што вредело да се плати. Без разлика дали се согласуваме или не, тоа е барем искрен став“, изјави Венс. Би-Би-Си забележува дека станува збор за настан без преседан во поновата американска политичка историја; ретко може да се најде пример каде што актуелен потпретседател толку отворено и остро се спротивставува на претседателот во однос на некој клучен потег во надворешната политика.

Потоа следеше можеби уште поголемо изненадување: самиот Трамп – кој вообичаено бара безусловна лојалност од своите соработници – се согласи со Венс дека војната, во голема мера, го одредила исходот од изборите. Тој додаде дека, во истата ситуација, „повторно би го направил истото“.

Трамп не чувствува лутина: „Знаев што правам“ Според анализа на Би-Би-Си, реакцијата на Трамп е ран показател дека претседателот можеби ќе му остави значителен простор за маневар на Венс, доколку тој одлучи да се кандидира за претседател.

„Знам што мисли тој за тоа. Мислам дека тоа е во ред“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа за изјавата на Венс. „Знаев што правам кога се впуштив во тоа; ги спречивме да дојдат до нуклеарно оружје, и тие никогаш нема да го имаат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно,со температура од 8 до 15 степени

Променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. 

Променливо облачно,со температура од 8 до 15 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер