3Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
ЗабаваМилијардер бара девојка за да ја однесе на пат околу Месечината Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава, е во потрага по девојка која ќе му се придружи на патување околу Месечината.Четириесет и четиригодишниот Маезава, која ја продаде својата онлајн модна продавница „Зозо инк“ во конгломератот „SoftBank Group“, бара девојки над 20 години да учествуваат во шоуто, кое ќе се емитува на услугата за стриминг на АбемаТВ. „Бидејќи чувствата на осаменост и празнина почнаа да ме победуваат, размислувам само на една работа - љубов кон жена“, напиша Маезава на веб-страницата за апликации. "Сакам да пронајдам животен партнер. Со мојот иден партнер сакам да ширам љубов и мир во надворешниот вселенски свет", продолжува Маезава, кој во 2023 година ќе стане првиот патник што патувал околу Месечината, како дел од програмата на Муск за SpaceX. View this post on Instagram dinner with Elon Musk at LA. Congrats for success of @spacex 's STARHOPPER 150m flight test. Starship's developments are doing good so far. It's time to invite passengers. A post shared by Yusaku Maezawa (MZ) (@yusaku2020) on Nov 19, 2019 at 1:46am PST Маезава неодамна раскина со 27-годишната актерка Ајаме Горики. Тој, исто така, планира да ги донесе уметниците во просторот околу Месечината за да создадаваат дела во вселената, како дел од проектот што го нарече „Драга Месечина“. Кандидатите треба да бидат „заинтересирани да одат во вселената, да учествуваат во подготовките за патувања и да сакаат светски мир“, се наведува на веб-страницата. Крајниот рок за пријавување е 17 јануари, а Маезава ќе го избере својот партнер на крајот на март.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаДеца го уништуваат тартанот и головите во училиште во Велес, градоначалникот со апел (ВИДЕО)Кога го уништуваме заедничкото – се уништуваме самите себе!Речиси секојдневно сме сведоци на уништување на урбана опрема, детски игралишта и спортски терени. Овој пат мета на несовесно однесување се тартан подлогата и головите на спортскиот терен во ООУ "Васил Главинов", создаден за децата и младите да имаат безбедно и уредено место за спорт и рекреација. Општина Велес како и досега ќе ја санира направената штета, но секој денар потрошен за поправка на нешто што намерно е уништено е денар помалку за ново игралиште, нов терен, нова урбана опрема и нови инвестиции. Случајот е пријавен до надлежните институции и очекуваме сторителите да бидат утврдени и да понесат одговорност. Ги охрабрувам младите да бидат пример за оние кои се однесуваат погрешно, а возрасните да разговараат со своите деца и да ги советуваат. Апелираме за свест и разум да не се уништува она што е направено со народни пари, а секој што ќе примети вакво вандалско однесување да пријави до надлежните институции. Не можеме да изградиме толку колку што можеме самите да уништиме. Заедно да се грижиме и да се однесуваме одговорно кон околината во која живееме, да го чуваме Велес како свој дом, објави на ФБ градоначалникот Марко Колев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЃоковиќ објави кога ќе ја заврши кариератаНовак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонскиот весник Спорт објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера.Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерс титули, ги комплетираше своите најголеми трофеи во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ нагласи дека ова е круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес во 2028 година, е сè уште цел или повеќе сон, Ѓоковиќ одговори: „Мислам дека е и двете. Сон и цел, но и желба. Многу пати во последните неколку години кажав дека би сакал да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Мислам дека можам да го остварам тоа. Ќе видиме. Ќе зависи од тоа како реагира моето тело и од многу други околности. „Сакам да ја завршам кариерата во Лос Анџелес со знамето на Србија на рамената“ Денес не играм ниту се натпреварувам на толку многу турнири, не толку колку што правев во последните дваесет години. И решив да го направам тоа затоа што сакам да поминувам повеќе време со моето семејство и навистина да се посветам на различните улоги што ги имам во мојот живот, како сопруг, татко, син или брат, додека развивам други работи што ме интересираат. Секако, тенисот е сè уште во центарот на мојот професионален живот, но сакам да најдам и рамнотежа и затоа го сменив мојот календар. Сепак, сè уште се надевам дека ќе успеам до следните Олимписки игри и да ја заврши кариерата со српското знаме на рамената.“Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
ЕвропаМасакр во Шпанија: Во пукотница загинаа бремена жена, нејзиниот син и мајка ѝ- напаѓачот во бегство Три лица загинаа во пукотница што се случи вчера навечер на Исла Кристина на југот на Шпанија, а четвртото лице е во критична состојба.Меѓу жртвите се бремена жена, нејзиниот син и нејзината мајка. Напаѓачот избегал по нападот, пишува Euronews. Според локалните медиуми, мажот се возел со мотоцикл до семејната куќа во областа Росио, отворил оган врз членовите на семејството и избегал. Телата на тројцата убиени лица биле пронајдени на улица, а четвртото лице, кое било тешко повредено, било пренесено во болница. Истрагата е фокусирана на семејна одмазда Истражителите го поврзуваат случајот со конфликт меѓу две семејства што започнал во септември минатата година, кога еден маж бил убиен во Хуелва. Трите жртви од пукањето во неделата се поврзани со осомничениот за тоа убиство. Станува збор за неговата сестра, мајка и внук. Двете семејства оттогаш имаа неколку насилни судири, а едно пукање веќе е регистрирано во истата област во Исла Кристина. Затоа, главната претпоставка на полицијата е дека нападот бил чин на одмазда за тоа убиство. Цивилната гарда и локалната полиција во поширокото подрачје спроведуваат обемна потрага по напаѓачот, кој сè уште е во бегство. На терен се распоредени силни полициски сили, а истрагата продолжува.Тагови: бремена Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter