3Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²
Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле без титула како Еузебио, Платини, Кројф, Меси, Роналдо ...
1Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле без титула како Еузебио, Платини, Кројф, Меси, Роналдо ...
МакедонијаМилевски: Реформските процеси и економијата бележат одлични резултатиПеце Милевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, постави три прашања до претседателот на Владата.Пеце Милевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, постави три прашања до претседателот на Владата, кои се однесуваа на мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните и цените на нафтените деривати, реализацијата на Реформската агенда, како и на економските политики. ,,Дали Владата ќе продолжи да интервенира во намалување на цената на нафтата и нафтените деривати, за граѓаните да не се соочуваат со нови ценовни шокови?“, беше првото прашање на Милевски. Тој се осврна на Реформската агенда и посочи дека најголемиот дел од законските решенија веќе се доставени до Собранието. Милевски оцени дека во изминатиот период бил вложен значаен ангажман од страна на Владата во подготовката и спроведувањето на реформските процеси, при што, како што кажа, забележлив е напредок во исполнувањето на предвидените обврски. ,,Тоа е една голема разлика со тоа кога не се спроведуваа реформи, тоа никој не го гледаше, а се гледаше да се распродава тоа што има во државата, наведната кичма наместо работа. Во јануарскиот изештај, ние сме најдобри во реализацијата и тоа го очекуваме и веројатно на крајот на овој месец, кога се очекуваат новите извештаи и овој интензинет на реформи е препознат од страна на граѓаните. Моето второ прашање е: до каде е исполнувањето на реформската агенда и кои се следните чекори кои ќе ги преземете?“, истакна Милевски. Милевски говореше и на темата за инфлацијата, за што кажа дека во изминатиов период Владата успеала да ја стабилизира истата и да обезбеди попредвидлива деловна клима и економска стабилност. Тој нагласи дека ваквите резултати се особено значајни во услови кога дел од европските економии се соочуваат со забавен раст и неизвесност. Како показатели за позитивните економски движења, Милевски ги посочи растот на индустриското производство, извозот и просечните плати, како и постепеното намалување на невработеноста. ,,Тоа се показатели кои зборуваат дека економијата се движи напред. Моето трето прашање се однесува кон вашата интензивна работа на економијата и продолжување во создавање на подобри услови. Бевте во Истанбул, во Турција, остваривте средби со турските компании. Што можат граѓаните да очекуваат во следниот период од оваа работна средба, од потпишаниот договор со новата инвестиција, кој е придонесот од инвестицијата и колку вработувања ќе донесе и дали имате разговори за нови инвестиции?“, заврши Милевски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Технологија„Microsoft“ го поправа „Windows 11“: Доаѓа промената што сите ја чекааЧекор по чекор, „Microsoft“ ги поправа грешките во својот оперативен систем и полека го „лекува“ „Windows 11“.Американскиот технолошки гигант објави серија нови прилагодувања на полето за пребарување на „Windows“ во „Windows 11“. Иако секоја од овие промени е мала поединечно, „Microsoft“ се надева дека кога ќе се комбинираат, тие ќе им донесат на корисниците значително подобро и пофлуидно искуство со пребарување. Членовите на програмата „Windows Insider“ можат да ги тестираат овие нови функции почнувајќи од денес. Целото корисничко искуство (UI) за „Windows Search“ ќе биде поедноставено и модернизирано: • Почист почетен екран: Главниот прозорец за пребарување е исчистен од непотребни визуелни елементи, што овозможува полесен пристап до историјата на неодамнешните пребарувања. • Почист преглед на резултатите: Растојанието помеѓу резултатите од пребарувањето е зголемено, оставајќи повеќе простор за прикажување корисни метаподатоци (детали за датотеки и апликации). • Филтри под ваша контрола: Корисниците сега можат да изберат дали сакаат да гледаат резултати од мрежата и од „Microsoft Store“ покрај локалните резултати. • Спонзорираната содржина е исчезната: Веб-пребарувањето повеќе нема да прикажува реклами, спонзорирани производи и промоции на врвот. • Подобар алгоритам: Подобреното пребарување сега ги наоѓа и датотеките и апликациите на вашиот компјутер многу побрзо и попрецизно. По долг и не многу успешен обид да го промовира својот асистент за вештачка интелигенција „Copilot“ по секоја цена, „Microsoft“ се чини дека ја промени насоката. Компанијата се префокусира на она што навистина е важно за корисниците - таканаречените подобрувања на „квалитетот на животот“ што ја прават секојдневната работа на компјутерот попријатна. Покрај подоброто пребарување, „Windows 11“ неодамна доби и други практични ажурирања, како што е можноста сами да ја прилагодите големината на менито „Start“, како и исклучително корисен систем за лесно враќање на проблематичните драјвери. Извор: Б92Тагови: Microsoft Windows 11 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ Откако судот му ја одби жалбата Јакимовски доброволно замина на одлежување на затворската казна од шест и пол месеци..Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска доброволно заминал на издржување на затворската казна од шест и пол месеци, соопштија од неговата партија, откако Кривичниот суд ги разгледал неговите медицински документи и ја одбил жалбата за одложување по неодамнешната операција. Дека Јакимовски веќе се наоѓа во затворот „Скопје“, попознат како „Шутка“, за Канал 5 потврди и директорот на затворот Бобан Утковски. Од партијата на Јакимовски изразија длабоко разочарување укажувајќи дека поставувањето на времените објекти – бараки во кои 13 години беше сместена опшинската администрација не направила никому штета, туку општината за сите тие години заштедила милион и пол евра кирија, бидејќи не се плаќал закуп. Според ГРОМ, за случајот со Јакимовски судот се потврдил, како што велат, како параполитичка организација, која не и служи на правдата и законите и на Уставот, туку според нив на политичката партија која е на власт. - Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права. Не не’ зачудуваат политичките противници и нивната крволочност, но нека им служи на чест на сите оние од правосудниот систем кои оркестрирано во служба на власта учествуваа во замолкнувањето на Стевче Јакимовски, пишува меѓудругото во партиското соопштение од ГРОМ. Судскиот процес против Јакимовски траеше повеќе од шест години, а во април минатата година тој првостепено беше осуден на три и пол години затвор за две дела, бесправно градење и злоупотреба на службената положба. Сепак, скопска апелација во јуни годинава донесе конечна одлука со која ја преиначи пресудата и го врати делот за злоупотреба на службената положба на повторно судење, но ја потврди едногодишната затворска казна за бесправното градење кое се однесува на двете времени бараки во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“. Бидејќи во казната му се пресметуваат и петте месеци поминати во куќен притвор во 2019 година, ефективното време кое Јакимовски треба да го помине во затворот „Скопје“ изнесува шест и пол месеци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИзвозот на украинско жито опадна за третина поради руските напади Украина изгуби околу една третина од својот капацитет за извоз на жито преку своите клучни пристаништа на Црното Море поради интензивираните руски ракетни и беспилотни летала напади, соопшти главниот синдикат на земјоделци во земјата.Повеќе од четири години по почетокот на војната со Русија, извозот на земјоделски производи, како што се житото и растителните масла, останува најголемиот извор на заработка од девизи на Украина, при што повеќе од 90 проценти од суровините се испорачуваат преку три пристаништа во јужниот регион Одеса. Според договорот што им овозможи на двете земји да транспортираат жито преку Црното Море, пристаништата во Одеса обработуваат околу шест милиони тони товар месечно. Но, и Москва и Киев сега ги засилуваат нападите врз клучните извори на приходи. Украинските сили ја напаѓаат руската енергетска инфраструктура, вклучително и танкерите за нафта, додека Русија ги засили нападите врз пристаништата на Црното Море во последните недели. „Русија почна систематски да ја таргетира пристанишната инфраструктура, терминалите и целиот логистички синџир за транспорт, постојано користејќи балистички ракети“, соопшти трговскиот оддел на Украинскиот сојуз на земјоделци (УАК) во неделниот извештај објавен вчера. „Во просек, сега можеме да испорачуваме околу четири милиони тони жито месечно“, се додава во извештајот. Во последните сезони, Украина учествуваше со околу шест проценти во глобалниот извоз на пченица и околу единаесет проценти во глобалниот извоз на пченка, што значи дека нарушувањата, доколку продолжат, би можеле сериозно да влијаат на глобалните пазари.Тагови: жито напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook