Милевски го објави списокот на фудбалери за дуелот со Северна Ирска

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски денеска го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против селекцијата на Северна Ирска на 13 октомври на гостински терен.


Во тимот на Милевски за прв пат е повикан офанзивниот фудбалер на Брегалница, Стефан Мишев, повратници се Тихомир Костадинов, Алекса Амановиќ и Бесмир Бојку.

На списокот на Милевски се наоѓаат:

Голмани: Игор Алексоски, Дамјан Шишковски и Давор Талевски.

Одбрана: Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Леон Најдовски, Алекса Амановиќ, Бесир Демири, Филип Ристовски и Мевљан Мурати.

Среден ред: Бобан Николов, Енис Барди, Бесмир Бојку, Бурхан Мустафов, Даниел Аврамовски и Давид Бабунски.

Напад: Марјан Радевски, Кире Маркоски, Виктор Ангелов, Тихомир Костадинов, Демир Имери и Стефан Мишев.

- Нема големи промени во составот на репрезентацијата во однос на претходните натпревари. Стефан Мишев од Брегалница е дебитант, нова прилика за докажување добиваат Костадинов, Амановиќ и Бојку. Поради суспензија за натпреварот со Северна Ирска го немаме Дарко Велковски, а поради тоа што сакам да имаме алтернатива на позицијата централен дефанзивец го повикавме Амановиќ. Се надевам дека сите повикани играчи ќе бидат на собирот на 7 октомври и ќе се стават во функција на репрезентацијата, изјави Милевски.

Македонскиот селектор очекува тежок дуел и смета дека Северна Ирска е сериозен противник без оглед на моменталниот ранг.

- Сметам дека за нас ова ќе биде еден од најтешките натпревари во овие квалификации, без оглед што противникот е послабо рангиран од нас. Од натпреварите кои ги анализиравме заклучокот е дека се многу агресивни, дисциплинирани и исклучително желни за успех. Во составот имаат играчи кои настапуваат во премиер лигите на Ирска, Шкотска и Англија, изјави Милевски.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер