3Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
ФудбалМилан во шок, откако ја дознале тежината на повредата на Ибрахимовиќ Ла Газетта дело Спорт денеска објави дека Златан Ибрахимовиќ повеќе нема да игра оваа сезона поради повреда на коленото што ја заработи на дербито против Јувентус.Милан во неделата го победи Јуве со 3: 0 и направи огромен чекор кон следната сезона во Лигата на шампионите, а во 66-та минута славниот Швеѓанец со куцање излезе од теренот. Тренерот на Милан, Стефано Пиоли по натпреварот изјави дека се чини дека повредата на Златан не е посериозна, но денес ја дозна најлошата можна вест. Милан води тесна битка со Наполи, Аталанта и Јувентус за пласман во елитното натпреварување, а Ибрахимовиќ нема да може да му помогне на натпреварите со Торино, Каљари и Аталанта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБез победник на „Артемио Франки“: Прво реми во сезоната и за Фиорентина и Наполи Фудбалерите на Фиорентина и Наполи одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од петтото коло на Серија А.Фиорентина многу подобро го започна натпреварот на стадионот „Артемио Франки“ и уште во првите 20 минути двапати ја погоди рамката на голот. Најпрво, Артур Ата ја погоди стативата откако изврши притисок врз Рафа Марин, а потоа Никола Фајоли со силен удар од далечина го принуди Вања Милинковиќ-Савиќ да интервенира и да ја пренасочи топката во пречката. Наполи набрзо возврати. Матијас Оливера со глава ја погоди стативата по една одбиена топка, а потоа Давид де Хеа со одлична реакција го одбрани неговиот нов обид. Сепак, Фиорентина не успеа да го издржи притисокот. По корнерот на Матео Политано, Били Гилмор незабележано влезе во шеснаесетникот и го совлада Де Хеа со прецизен волеј-удар. Тоа беше првиот гол на шкотскиот играч за врска во Серија А по речиси една година и му донесе водство на Наполи на полувремето – првпат оваа сезона тимот на Масимилијано Алегри замина на пауза со предност. Сепак, домаќинот многу брзо возврати. Само шест минути по почетокот на второто полувреме, Алекс Хименез шутираше од далечина; топката го закачи Марин, го промени правецот и заврши зад грбот на Милинковиќ-Савиќ. По израмнувањето, Фиорентина се обиде целосно да го сврти резултатот во своја полза, но Милинковиќ-Савиќ го одбрани силниот удар на Виктор Валдепењас. На крајот, Наполи тргна по победничкиот гол, но Де Хеа повторно се истакна. Шпанскиот голман интервенираше во клучните моменти и ги сопре обидите на Давид Нерес и Костантино Фавасули. Така, Наполи мораше да се задоволи со еден бод и сега се наоѓа на деветтото место на табелата со две победи од пет натпревари. Фиорентина е на 16-тото место; тимот сè уште нема победа на домашен терен оваа сезона и веќе има примено 12 гола, што е втор најлош учинок во лигата (израмнет со уште еден тим). Ова беше и првото реми меѓу Наполи и Фиорентина во новата сезона на Серија А.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФицо: Некои на запад сакаат да предизвикаат војна меѓу НАТО и РусијаСловачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека дел од западните политичари, по, како што рече, неуспешната стратегија за пораз на Русија преку војната во Украина, се обидуваат да предизвикаат директен конфликт меѓу НАТО и Русија. Фицо оцени дека Европа е поблиску од кога било до војна од големи размери и порача дека војната во Украина, не е ниту Словачка, ниту војна на НАТО. „Одредени воени јастреби во НАТО се обидуваат по секоја цена оваа војна да ја претворат во конфликт меѓу Русија и НАТО“, рече Фицо, додавајќи дека Словачка нема да испраќа војници врз основа на измислен повод. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија ја засилува кампањата на хибридни напади во Европа, додека полскиот премиер Туск, предупреди за можни напади со дронови и ракети врз земји што ја поддржуваат Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестицииФилипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, лицемерно се јавија небаре загрижени за животот на граѓаните.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко Филипче од СДС, кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев цело лето го поминаа по грчките плажи на скапата јахта, лицемерно се јави небаре загрижен за живејачката на граѓаните. Филипче не сака Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, да се градат дата центри, хидроцентрали, рудници а од друга страна подобар живот. Се спротивставуваат на се што значи економски развој, а сакаат повисоки плати. Не може сите да живеат од бизнисот со марихуаната, како струмичкиот клан и пријателите на Филипче, некој мора да живее и од други економски гранки, за кои тие се против. Каде е Венко Филипче да се јави кога трошоците за живот се намалуваат или во најмала рака остануваат исти, ама штом види раст, ете го, веднаш се јавува. Исто така го нема да се јави и да каже дека Владата добро се справува и ги менаџира работите кога се намалуваат цените и инфлацијата, која сега достигна историски 2,3%, кога во услови на една од најголемите енергетски кризи, Македонија е со најевтини горива. Исто така, Венко Филипче и СДС ги нема никаде и кога реализацијата на капиталните инвестиции, како што се изградбата на автопатските коридори, и растот на градежништвото се големи. Иако од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, десет квартали последователно економијата расте во просек од 3 или над 3%, а кој во вториот од годинава достигна 4,3%, Филипче и СДС пак ги нема збор да кажат. А во однос на потрошувачката кошница која ја изработиле Трендафилов и ССМ, му порачуваме дека не им држи вода, затоа што владината просечна кошничка е за 10% поевтина. Тоа што останува да им порачаме на СДС, Филипче и неговите другари, колку сака може да им смета развојот и да ликуваат на неуспех на државата, Македонија ќе се развива, во Македонија ќе доаѓаат инвестиции, економијата ќе расте и граѓаните подобро ќе живеат. Дополнително, патувањето на премиерот Мицкоски чини неспоредливо помалку од нечесно заработеното Ауди на Филипче или јахтата на Заев, и многу помалку од провизиите на Стабри вакцините за време на ковид кризата, кои ги договараше Венко Филипче во времето кога државата беше меѓу најпогодените од ковид кризата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook